Ајде да прашам и јас нешто од страна на праксата овој пат
Имено...стигната ми е опомена од Општината каде што имаме викендица, за неплатен Надоместок од комунална дејност (смет) во износ близу 10 000 ден. кој се однесува на собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст отпад на териоторијата на таа општина, дека не сме платиле сметки од 2005 год.
Работата е што нормално, како прво
не живееме таму, а
логично ниту ги користиме услугите на комуналец на таа Општина (си плаќаме за таму кај што ни е живеалиштето, норамлно).
Конкретно прашањето ми е, дали имаат право да ги бараат парите за сите 5 год. или само за последниов период?
Во ЗОО гледам дека за 1 год. застаруваат...."услуги за одржување на чистота , кога испораката односно услугата е извршена
за потребите на домаќинството". Сеа...бидејќи горе споменав дека не живееме таму, а ниту користиме услуги од нив (колку може човек ѓубре да на правари за два пати месечно што идеме таму), ај малце совет или помош во мојава авантура
. Фала.