Правна помош и совети

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
па во мојов случај е за да раскинам договорот за мобилен во t-mobile зошто бројот стои така и никој не го користи. значи може таму да го напишат и да ми го пратат и само јас да појдам во T-mobile?
А што се малтретираш со полномошна...ќе ти го "скинат" бројот кога не се користи и готово.
Ако толку сакаш, нека ти прати корисникот кој е ви странство полномошно, нека се потпише и готово.
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4

ОК фала брат ама не е уште малку поминат договорот па да не ми идат после дополнително за плаќање
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ајде да прашам и јас нешто од страна на праксата овој пат :)

Имено...стигната ми е опомена од Општината каде што имаме викендица, за неплатен Надоместок од комунална дејност (смет) во износ близу 10 000 ден. кој се однесува на собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст отпад на териоторијата на таа општина, дека не сме платиле сметки од 2005 год.

Работата е што нормално, како прво не живееме таму, а логично ниту ги користиме услугите на комуналец на таа Општина (си плаќаме за таму кај што ни е живеалиштето, норамлно).
Конкретно прашањето ми е, дали имаат право да ги бараат парите за сите 5 год. или само за последниов период?

Во ЗОО гледам дека за 1 год. застаруваат...."услуги за одржување на чистота , кога испораката односно услугата е извршена за потребите на домаќинството". Сеа...бидејќи горе споменав дека не живееме таму, а ниту користиме услуги од нив (колку може човек ѓубре да на правари за два пати месечно што идеме таму), ај малце совет или помош во мојава авантура :). Фала.
 
Член од
15 јануари 2010
Мислења
17
Поени од реакции
0
ke ve zamolam za sovet vo vrska so otkup na dvorno zemjiste. Na kratko ke pisam ziveam vo zgrad so 20 stanari, site imame imoten list, no na imotniot list na zemjisteto pod zgrada i oklu nea se zapisani samo 5. Simtomaticno e toa sto starosedelcite se zapisani 1999 godina a drugi dvajca se zapisani 2004 i 2006 god. ( ne znam kako uspeale, tuka ima somnez za matni raboti vo katastar).
Sto mi e potrebno da se zapiseme i drugite 15 stanari na imotniot list kako site bi si g otkupile dvornoto mesto.
I neznam kako e mozno starosedelcive da tvrdat deka seuste zemjata e nivna koga tie go dale zemjisteto i za vozvrat dobile stanovi. Mojov stan ne lebdi vo zgradava, ili pak ako se srusi cela zgrada, jas imam samo imoten list ,toa znaci deka starosedelcive pak moze da go dadat zemjisteto na investitor i pak da si lapnat stanovi????? navistina ne mi e jasno????
Pomagajte kaj da baram chare??? kako e procedurata ....od kaj da mu ja pocnam...t.e ne samo jas tuku ostanatite 15 stanovi???/ Ili posocete nekoj advokat koj ja razbira ovaa problematika.
pozdrav i blagodaram odnapred.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ајде да прашам и јас нешто од страна на праксата овој пат :)

Имено...стигната ми е опомена од Општината каде што имаме викендица, за неплатен Надоместок од комунална дејност (смет) во износ близу 10 000 ден. кој се однесува на собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст отпад на териоторијата на таа општина, дека не сме платиле сметки од 2005 год.

Работата е што нормално, како прво не живееме таму, а логично ниту ги користиме услугите на комуналец на таа Општина (си плаќаме за таму кај што ни е живеалиштето, норамлно).
Конкретно прашањето ми е, дали имаат право да ги бараат парите за сите 5 год. или само за последниов период?

Во ЗОО гледам дека за 1 год. застаруваат...."услуги за одржување на чистота , кога испораката односно услугата е извршена за потребите на домаќинството". Сеа...бидејќи горе споменав дека не живееме таму, а ниту користиме услуги од нив (колку може човек ѓубре да на правари за два пати месечно што идеме таму), ај малце совет или помош во мојава авантура :). Фала.
Според мене, неможе за сите години наназад да ти ги бараат парите, ама за последните две можат, со оглед на тоа дека иако застарува за година дена, апсолутна застареност настапува за 2 години. А во однос на тоа дека не живеете таму, тоа не е битно, викендицата постои, што значи предвидено е да се плаќа, а плаќа тој што е негова, небитно е за комуналецот дали имаш уште неколку живеалишта или престојувалишта. Јас би платила за последните две, и после тоа редовно секоја година, ама ти најубаво си знаеш :smir:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Според мене, неможе за сите години наназад да ти ги бараат парите, ама за последните две можат, со оглед на тоа дека иако застарува за година дена, апсолутна застареност настапува за 2 години. А во однос на тоа дека не живеете таму, тоа не е битно, викендицата постои, што значи предвидено е да се плаќа, а плаќа тој што е негова, небитно е за комуналецот дали имаш уште неколку живеалишта или престојувалишта. Јас би платила за последните две, и после тоа редовно секоја година, ама ти најубаво си знаеш :smir:
Да, да така и ја заклучив според Закон за комунална такса и ЗОО. Според ЗКТ застареност е за 2 год. а според ЗОО е 1, така да ќе треба за една или две :). Абе лопови живи...и тој што живее и праи ѓубре секој ден, и тој што иде еднаш месечно и една сламка нема фрлено исто да плаќаат.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
^ Па знаеш како се носат закони и останати подзаконски акти кај нас, или што кажал Бизмарк - Законите се ко колбаси, подобро да не знаеш како се прават :wink:
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Дали некој може да ми објасни од прилика како да се состави полномошно, што треба да содржи?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Дали некој може да ми објасни од прилика како да се состави полномошно, што треба да содржи?
Во главно, горе пишуваш твои генералии (јас, таа и таа) го издавам следното полномошно (со големи букви во средина) па надоле продолжуваш со кое го овластувам тој и тој, со седиште или живеалиште таму и таму, да во мое име и за моја сметка го превземе тоа и тоа (значи зависи за што се однесува полномошното) и да ме застапува таму и таму (можеш да си додадеш се). На крај потпис и толку. Тоа би било отприлика, ако не ти помага ова, можеш со адвокат, кој секако ако не ти е близок или познаник, ќе ти наплати :wink:
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Во главно, горе пишуваш твои генералии (јас, таа и таа) го издавам следното полномошно (со големи букви во средина) па надоле продолжуваш со кое го овластувам тој и тој, со седиште или живеалиште таму и таму, да во мое име и за моја сметка го превземе тоа и тоа (значи зависи за што се однесува полномошното) и да ме застапува таму и таму (можеш да си додадеш се). На крај потпис и толку. Тоа би било отприлика, ако не ти помага ова, можеш со адвокат, кој секако ако не ти е близок или познаник, ќе ти наплати :wink:
Ај ќе пробам така, ФАЛА МНОГУ :smir:
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Vaka , gledam deka tuka ima pravnici dosta, pa bi pobaral mislenje-se raboti za falsifikuvanje potpis na dogovor za kirija na dukan,gazdata na dukanot go falsifikuval mojot potpis na pomala suma,a kako dokaz imam negova izjava na sudenje dadena.
e sega dali moze da go tuzam i da baram obestetuvanje,posto sum u tesni mi trebaat pari vo momentov mnogu.
Vi blagodaram
 
Drugo
Dali banka smee da dava podatoci za sostojba na mojata smetka na fiz lice i kolku sum kreditno izlozen, deka mi e blokirana smetkata.
Postoi li osnova za tuzenje ,dali imalo vakvi slucai vo MK?

Можеш да го тужиш ти нормално, за фалсифкување на твојот потпис, ама не си јасен околу тоа "во тесно ум, ми требаат пари". Ако мислиш ти набрзина да завршиш со тоа, и да му земеш оштета, малце се лажеш, бидејќи процес ко процес ќе потрае.

За банката...таа не смее да дава податоци за состојбата на извршител а камо ли на физичко лице.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Vaka , gledam deka tuka ima pravnici dosta, pa bi pobaral mislenje-se raboti za falsifikuvanje potpis na dogovor za kirija na dukan,gazdata na dukanot go falsifikuval mojot potpis na pomala suma,a kako dokaz imam negova izjava na sudenje dadena.
e sega dali moze da go tuzam i da baram obestetuvanje,posto sum u tesni mi trebaat pari vo momentov mnogu.
Drugo
Dali banka smee da dava podatoci za sostojba na mojata smetka na fiz lice i kolku sum kreditno izlozen, deka mi e blokirana smetkata.
Postoi li osnova za tuzenje ,dali imalo vakvi slucai vo MK?
Vi blagodaram
Да се надоврзам,можеш да го тужиш...да си ја бараш разликата која ти била ускратена од сумата која си ја договорил,а ти била ускратена заради фалсификувањето..,....

А за банката,не ти препорачувам да ја тужиш банката..шо би добил со тоа?
Ако мислиш дека ќе им земиш некоја оштета на банката...тешко...:nenene:
Доколку дале инфо на некое лице за состојбата на твојата сметка...тогаш пријави кај надлежните во банката,па тие интерно треба да си испитаат кој го направил тој пропуст...
За во иднина да немаш проблеми...
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Znaci ,da pojasnam-covekot go falsifikuval mojot potpis i napravil drug dogovor na pomala suma i ja podnel vo UJP.
Dali mozam da dobijam obestetuvanje i kakva kazna moze da mu odredat za toa delo.
A za bankite pa neli postoi zakon za zastita na licni podatoci, mislam i agencija deka imase, zar toa ne e zloupotreba na moite licni podatoci?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom