Правна помош и совети

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Да не знае некој која е постапката за пријавување приватна забава во МВР? :)
Јави се у станица кај шо живееш и пријави. Е сеа може да ти се повикаат на законот за јавен ред и мир, кај шо треба до кај 21, 22 да пушташ само музика мислам. Пробај па види шо ќе напраиш.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Прочепкав по закониве и најдов следното :)
...Не се смета за прекршување на јавен ред и мир ако се вршат вообичаени веселби...
тд сметам дека не би требало да имам некој проблем но сепак ќе поминам до ПС да се распрашам подетално :)
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Прочепкав по закониве и најдов следното :)
...Не се смета за прекршување на јавен ред и мир ако се вршат вообичаени веселби...
тд сметам дека не би требало да имам некој проблем но сепак ќе поминам до ПС да се распрашам подетално :)
Под тоа да не се подразбира слава, роденден, свадба, веридба...прашај си.
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
zdravo na site..ke ve molam vas pravnicite da mi pomognete za eden moj problem.jas imam kerka so prvata zena, a kerkami e so majkamu i taja sega saka da odi za svedska a saka da ja zemi i kerkami a jas nekam da mu dam soglasnost za da ja zemi i sega ke me vikale od socijalnoto kako so razbrav jas i tamu ke mi vrsele pritisoka za jas da mu dozvolam da ja zemi i kerkami za svedska a dokolku ne sum dozvolel ke imalo i nekoj sankci za mene ..a jas imam nekoj informaci deka taja imala nekoj lubovnik tamu vo svedska i saka da odi kaj nego..ve molam da mi kazete dali e mozno takvo nesto i so sankci ke bidat tie protiv mene dokolku ne mu dadam dozvola da ja odnesi i kerkami tamu..vi blagodaram od napred na site
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
zdravo na site..ke ve molam vas pravnicite da mi pomognete za eden moj problem.jas imam kerka so prvata zena, a kerkami e so majkamu i taja sega saka da odi za svedska a saka da ja zemi i kerkami a jas nekam da mu dam soglasnost za da ja zemi i sega ke me vikale od socijalnoto kako so razbrav jas i tamu ke mi vrsele pritisoka za jas da mu dozvolam da ja zemi i kerkami za svedska a dokolku ne sum dozvolel ke imalo i nekoj sankci za mene ..a jas imam nekoj informaci deka taja imala nekoj lubovnik tamu vo svedska i saka da odi kaj nego..ve molam da mi kazete dali e mozno takvo nesto i so sankci ke bidat tie protiv mene dokolku ne mu dadam dozvola da ja odnesi i kerkami tamu..vi blagodaram od napred na site
Правни санкции не можат да следат...барем не доколку е се во ред со вашиот однос кон детето9редовно плаќање издршка(доколку плаќате)...грижа...и сл)......
Околу санкцијата....Најлошата санкција е одземање на родителско право....ЦСР тоа го прави доколку по спроведена постапка се утврди следново....

[FONT=&quot]На родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го занемарува вршењето на родителските должности по прибавено мислење од Центарот за социјална работа, му се одзема вршењето на родителското право со решение на судот, во вонпроцесна постапка.[/FONT]
[FONT=&quot]Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности во смисла на ставот 1 на овој член, ќе се смета ако родителот:[/FONT]
[FONT=&quot]- спроведува физичко или емоционално насилство над детето;[/FONT]
[FONT=&quot]- полово го искористува детето;[/FONT]
[FONT=&quot]- го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст;[/FONT]
[FONT=&quot]- му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни супстанции;[/FONT]
[FONT=&quot]- го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија;[/FONT]
[FONT=&quot]- го напуштил детето и подолго од три месеца не се грижи за детето и [/FONT]
[FONT=&quot]- ако на кој друг начин грубо ги крши правата на детето.[/FONT]
[FONT=&quot]На родителот може да му биде одземено вршењето на родителското право во поглед на сите деца или во поглед на некое од нив.[/FONT]
член 90 од Законот за Семејство..

За да биде изнесено детето од државата потребна е согласност од двата родители...
Вие како татко имате право да не се потпишите....од причини кои ги наведовте....
Се додека не ви се одземе или ограничи родителското право...имате право да не се потпишите...
Значи доколку е се во ред со вашиот однос кон детето...не би требало да има ништо со шо ќе ве присилат/заплашат,да потшишите нешто шо не сакате...и шо не е во интерес на детето...
 
Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
Здраво,

Дали може некој да ми објасни како е процедурата на девизен курс на денарот кога се купува стан во Македонија. Имено луѓето цело време ја кажуваат цената во евра, а на крај трансакцијата се прави во денари по закон.

Е сега ме интересира како гласи тука законот. Дали се пресметува по продажен курс (61.75) или по среден курс (61.55) ???

За станбен кредит си е во ред, курсот е по среден курс.
 
Се плаќа по среден курс на Народна банка на РМ, кој е важечки на денот на исполнувањето на договорот.
 
Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
Се плаќа по среден курс на Народна банка на РМ, кој е важечки на денот на исполнувањето на договорот.
Фала за одговорот, може само да ми дадеш референца на ова, некој закон или пишан документ дека ова е по закон и така мора да биде?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Фала за одговорот, може само да ми дадеш референца на ова, некој закон или пишан документ дека ова е по закон и така мора да биде?
Закон за облигациони односи, за член не ми текнува :)
 
Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
Фала многу, најдов. Член 384 став 1 и 2. Поздрав,
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Дали може некој да ми каже како може да ми пратат полномошно од странство?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дали може некој да ми каже како може да ми пратат полномошно од странство?
За да го потпишеш ти, или веќе потпишано?

п.с може преку системот за праќање на најобични пратки- DHL, FEDEX...:)
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
За да го потпишеш ти, или веќе потпишано?

п.с може преку системот за праќање на најобични пратки- DHL, FEDEX...:)
Потпишано од друг ,само прашањето неубаво го поставив, како треба да се напише во странство може самото лице да го напише и потпише или треба таму да го напише нотар или незнам кој па да ми го пратат?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Потпишано од друг ,само прашањето неубаво го поставив, како треба да се напише во странство може самото лице да го напише и потпише или треба таму да го напише нотар или незнам кој па да ми го пратат?
Другар, имаш разни варијанти во зависнос од видот и употребата на полномошното. На пр. ако се работи за полномошно за застапување на странско лице, треба да биде напишано и на мак. и на англ. потпишано и заверено на нотар. Ако е само формално, и се однесува за работа во Македонија, која нема врска со странство, тогаш нема логика да е заверено таму на нотар ниту преведено на англиски :). Има разни варијанти.
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Другар, имаш разни варијанти во зависнос од видот и употребата на полномошното. На пр. ако се работи за полномошно за застапување на странско лице, треба да биде напишано и на мак. и на англ. потпишано и заверено на нотар. Ако е само формално, и се однесува за работа во Македонија, која нема врска со странство, тогаш нема логика да е заверено таму на нотар ниту преведено на англиски :). Има разни варијанти.
па во мојов случај е за да раскинам договорот за мобилен во t-mobile зошто бројот стои така и никој не го користи. значи може таму да го напишат и да ми го пратат и само јас да појдам во T-mobile?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom