Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено не се разбирам многу во извршителскиве работи. Знам дека ти зимаат 1/3 месечно од долгот. Значи по правило треба уште 2 месеци да ти земат по 16000. Така да не знам која е сумата на мобилниот што си го земал. Ако е поголема очекувај уште зимање од сметката. А плус и трошоци за суд и за извршител се земаат.
Иначе тужба мора да има, сигурно постои таа и целиот процес е завршен. Значи има решение, ти не си приговарал и застареноста на фактурите може да се приговара додека трае судскиот процес. А тој е завршен.
Оди си до Космофон т.е Оне и прашај си за тужбата. Барај да те поврзат со правна служба. Они ќе ти објаснат се и ќе ти го најдат предметот. Кол центарот нема да ти помогне, барај правна служба поврзување.

А иначе не верувам дека може да си ги бараш парите од извршител. Едноставно опрости се од тие пари.
Се стигнува до извршител како последен чекор. Прво си знаеш дека имаш долг а не си плаќаш, потоа тужба на која не одговараш и на крај извршителот ти ги зима парите кои ти не сакаш да ги дадеш.
Во целиот случај само ти си крив, ама овде плаќаш уште многу плус трошоци како судски трошоци, извршител, камати, пенали, мобилниот...
Самото склучување на пост пејт договор има зад себе одговорности и на двете страни. Се обврзуваш на договорот. Космофон има докази дека не го почитуваш.


Како прво незнаев јас дека имам долг последниве години.... 5/6 години бил долгот од 1000 денари одприлика колку што се секавам не сум ги платил навреме две три сметки не ме известиле и се заборавило и пошто не било платено... требало да се плати и мобилниот кој беше земен за 0 денари и се вкупно со се мобилниот долгот колку што знам беше околу 4000 денари.
Ние не сме добиле извештај дека имаме долг како можи без да не известат да ни запираат на плата послем 5/6 години што држава е ова .... мора да има решение на друг начин да се платат..... Како можи послем 5/6 години да ти запираат на плата тоа не ми е јасно дали имаат право на тоа ?Зошто порано во првите месеци не го направиле тоа и не ме известиле?
 
Ми треба правна помош или совет околу едно малку деликатно прашање.
За што се работи ........ живеам со родителите, во стан купен од татко ми, меѓутоа татко ми има син од претходен брак, обврските кон него во смисла на алиментација до 26 година итн се завршени, контакт со тоа семејство воопшто и немаме, за било каква работа. Во 2003 година татко ми со постапка на солемнизација ја префрли сопственоста на станот во кој живееме на мое и на име на сестра ми по 1/2 на секого.
Прашањето ми е дали по смртта на татко ми може да дојде до некаква компликација во однос на имотот кој сега, а ни тогаш не би ни бил во негова сопственост и не би влегол во оставинската постапка(претпоставувам).

Благодарам
 
Mладински, тој имот кој е подарен никако не би влегол, во никаков случај во оставинска постапка. Биди спокоен.
 
Mладински, тој имот кој е подарен никако не би влегол, во никаков случај во оставинска постапка. Биди спокоен.

Не се разбирам многу во правото, посебно за некои вакви замрсени работи....
При истражувањето на интернет за ситуацијава налетав на поим “Нужен дел“ во законот за наследување, пробував да го разберам тој дел меѓутоа не ми оди некако толкувањето, дали ова влегува во случаи кога има тестамент, оставинска постапка или пак во случаи кога во текот на животот на оставителот оставил некаков имот на дете, брачен другар и сл.
 
Не се разбирам многу во правото, посебно за некои вакви замрсени работи....
При истражувањето на интернет за ситуацијава налетав на поим “Нужен дел“ во законот за наследување, пробував да го разберам тој дел меѓутоа не ми оди некако толкувањето, дали ова влегува во случаи кога има тестамент, оставинска постапка или пак во случаи кога во текот на животот на оставителот оставил некаков имот на дете, брачен другар и сл.[/QUOTE

Да, да нужните наследници имаат право на дел од оставината кој се вика нужен
дел и кој им припаѓа во случај кога оставителот располагал со оставината.Нужни наследници се: децата на оставителот, неговите посвоеници и
неговиот брачен другар.Кога е повреден нужниот дел, располагањата со тестаментот ќе се
намалат, а подароците сторени во последните 90 дена од животот на
оставителот ќе се вратат колку што е потребно, за да се дополни нужниот

дел.Нужниот дел е повреден кога нужниот наследник уште за животот на
оставителот и со тестаменталните располагања не примил од имотот на
оставителот подароци и наследен дел во висина на вредноста на нужниот
дел.

--- надополнето ---

Намалување на располагањето со тестаментот може да се бара во рок од
три години од прогласувањето на тестаментот, а враќање на подароците
сторени во последните 90 дена од животот на оставителот во рок од три
години од смртта на оставителот, односно од денот кога решението за
неговото прогласување за умрен, односно решението со кое се докажува
неговата смрт станало правосилно....мислам дека разбра сто е нужен дел...инаку по големина е една половина од целокупната оставина, односно наследникот има право од секој предмет и од секое право сто ја опфака оставината...Нужниот дел на потомците, посвоениците и нивните потомци и на брачниот
другар изнесува една половина, а нужниот дел на другите наследници
една третина од оној дел што на секој наследник би му припаднал според
законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните
наследници не бара дел од оставината, или пак е исклучен од наследство
или е недостоен да наследи....се надевам дека бев од корист...поздрав
 
Како прво незнаев јас дека имам долг последниве години.... 5/6 години бил долгот од 1000 денари одприлика колку што се секавам не сум ги платил навреме две три сметки не ме известиле и се заборавило и пошто не било платено... требало да се плати и мобилниот кој беше земен за 0 денари и се вкупно со се мобилниот долгот колку што знам беше околу 4000 денари.
Ние не сме добиле извештај дека имаме долг како можи без да не известат да ни запираат на плата послем 5/6 години што држава е ова .... мора да има решение на друг начин да се платат..... Како можи послем 5/6 години да ти запираат на плата тоа не ми е јасно дали имаат право на тоа ?Зошто порано во првите месеци не го направиле тоа и не ме известиле?

Нема решение поинаку да се плати(освен да се договориш ако може да не ти запираат на плата туку ти да си плаќаш секој месец),чим е платниот налог ,за кој велиш дека не ти е доставен, со печат за правосилност и извршност-готово е,поминало на суд и со здравје.Треба во ОНЕ да се информираш во правна служба што,зошто,кога и како...знам за сличен проблем со Т- Мобиле,човекот ги тужеше заради слично нешто и ИЗГУБИ,затоа внимавај,прво види се убаво па потоа размислувај дали `имат ренде` за да поведиш нешто против ОНЕ.Инаку тел.компании дерат по тој принцип и им врви без проблем:nenene:
 
1. Дали по донесената пресуда, треба да се плати казнена камата за "трошоци во постапката", и ако да, кој закон и кој член го регулира тоа?

2. Дали извршителот има законско право да бара казнена камата на "трошоци во постапката"?
 
утре треба да идам на суд , и во поканата пишува дека доколку не се појавам на суд а сум уредно повикан , ке ме казнат или незнам што , доколку НЕ ГО ОПРАВДАМ ОДСУСТВОТО.

е ме занима , кој може и кога може да го оправда отсуството од суд ?
 
1. Дали по донесената пресуда, треба да се плати казнена камата за "трошоци во постапката", и ако да, кој закон и кој член го регулира тоа?

2. Дали извршителот има законско право да бара казнена камата на "трошоци во постапката"?
По 7 дена нема одговор на овие "basic" прашања... толку ли е замрсена работата или правниците на форумот немаат време за пишување?
 
Ај едно прашање. За колку време застарува фирмарината? Ми стигна уназад за 10 години околу 80 000 илјади, па да видиме што не е за плаќање ако воопшто застарува. Благодарам.
 
1. Дали по донесената пресуда, треба да се плати казнена камата за "трошоци во постапката", и ако да, кој закон и кој член го регулира тоа?

2. Дали извршителот има законско право да бара казнена камата на "трошоци во постапката"?

Наплата на затезна камата

Член 18

Ако во извршната исправа се определени и трошоците на постапката,
извршителот, по предлог од доверителот, ќе пресмета и ќе изврши
наплата на затезната камата на износот на определените трошоци
согласно со пропишаната стапка, од денот на донесувањето на
извршната исправа до наплатата.​
 
Наплата на затезна камата

Член 18

Ако во извршната исправа се определени и трошоците на постапката,
извршителот, по предлог од доверителот, .....

Фала за одговорот. Со тоа е одговорено прашањето број 2. Каква е процедурата во врска со прашањето бр 1 каде извршителот уште не е во игра?
 
Проблеми со One

Ако има некој што може да подели совет! Вака: Интернетот ми беше исклучен пред месец дена поради некоја неплатена сметка за месец септември (тогаш мигрирав од еден пакет на друг и стигаат неколку сметки) ама таа не стигнала и норнално немав појма дека има нешто за плаќање. За тоа немаше никакво исвестување ни во наредните сметки, ни на сметките на интернет, ниту ми се јави некој да ми каже. И дури после после 7 месеци ми исклучија нет. Сметката ја платив одма и ми рекоа нет ќе имам за 4 часа а ми пуштија дури за 4 дена. После кога ми стигна сметката во неа имаше наплатено +420 ден за тоа што ме исклучиле и ме уклучиле, а башка на тоа +2120 ден за телефон за надминати разговори. Побарав детална сметка во која јасно се гледа дека имаат направаено грешка (разговарано кон еден број 4 дена константно, а во меѓувреме вртено и кон други броеви) Поднеснов приговор, и рекоа дека ќе ми се јават за 10 работни дена да ми кажат дали е прифатен или одбиен приговорот, ама ништо и од тоа. Сега незнам дали да се обратам до Здружението на потрошувачи, или тушба да се пушти, незна колку може да се докаже нешто против моќен оператор...
 
sakam da ve zaprasam od pravna gledna tocka za sovet. mi stigna sudsko resenie da platam zaostanat dolg za struja od 2002 godina koja sekako ja imam plateno, ama normalno tie smetki ne gi cuvam. e sega neznam sto da se pravi kaj da odam da si ja akam glavava ke spobudalam od nervoza. smetkite se prilicno visoki. pomossssssssss
 
епа ако си имал нешто заостанато во наредните сметки ќе имало дека должиш нешто, а башка 8 години се поминати, ваљда е поминат рок на застареност...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom