- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
Искрено не се разбирам многу во извршителскиве работи. Знам дека ти зимаат 1/3 месечно од долгот. Значи по правило треба уште 2 месеци да ти земат по 16000. Така да не знам која е сумата на мобилниот што си го земал. Ако е поголема очекувај уште зимање од сметката. А плус и трошоци за суд и за извршител се земаат.
Иначе тужба мора да има, сигурно постои таа и целиот процес е завршен. Значи има решение, ти не си приговарал и застареноста на фактурите може да се приговара додека трае судскиот процес. А тој е завршен.
Оди си до Космофон т.е Оне и прашај си за тужбата. Барај да те поврзат со правна служба. Они ќе ти објаснат се и ќе ти го најдат предметот. Кол центарот нема да ти помогне, барај правна служба поврзување.
А иначе не верувам дека може да си ги бараш парите од извршител. Едноставно опрости се од тие пари.
Се стигнува до извршител како последен чекор. Прво си знаеш дека имаш долг а не си плаќаш, потоа тужба на која не одговараш и на крај извршителот ти ги зима парите кои ти не сакаш да ги дадеш.
Во целиот случај само ти си крив, ама овде плаќаш уште многу плус трошоци како судски трошоци, извршител, камати, пенали, мобилниот...
Самото склучување на пост пејт договор има зад себе одговорности и на двете страни. Се обврзуваш на договорот. Космофон има докази дека не го почитуваш.
Како прво незнаев јас дека имам долг последниве години.... 5/6 години бил долгот од 1000 денари одприлика колку што се секавам не сум ги платил навреме две три сметки не ме известиле и се заборавило и пошто не било платено... требало да се плати и мобилниот кој беше земен за 0 денари и се вкупно со се мобилниот долгот колку што знам беше околу 4000 денари.
Ние не сме добиле извештај дека имаме долг како можи без да не известат да ни запираат на плата послем 5/6 години што држава е ова .... мора да има решение на друг начин да се платат..... Како можи послем 5/6 години да ти запираат на плата тоа не ми е јасно дали имаат право на тоа ?Зошто порано во првите месеци не го направиле тоа и не ме известиле?