Правна помош и совети

Член од
27 ноември 2008
Мислења
402
Поени од реакции
88
ми го поплавија станот комшиите и сеа ако не се согласат да ми платат за штетата ке можам ли да ги тужам и по кој основ? :nesum:
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Незнам дали е за тука ова ама сепак итно ми треба совет.Денес изгубив новчаник.Во него имав се,буквално се!Лична карта,возачка дозвола,студентска легитимација,картичка од банка и мноогу пари.Знам точно каде ми падна го прашав продавачот вика дека ништо не видел.Каде сега треба да пријавам се што ми фали од лична до возачка?
 
Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Imam edno prasanje dadov dokumenti za postdiplimski studii i iako vo oglasot se barase 3000 den da se uplatat referentot mi rece deka treba 3300 koi sto gi uplativ. Denes telefonski mi se javija da mi kazat deka nema da ima studii zatoa sto nemalo dovolen broj na kandidati prijaveno. Prasanjevo mi e na koj nacin moze da mi gi vratat ovie 3300 den zatoa sto moite dokumenti voopsto ne se razgledani a sumata iskreno kazano ne e bas ni mala ? Fala odnapred za odgovorot.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Незнам дали е за тука ова ама сепак итно ми треба совет.Денес изгубив новчаник.Во него имав се,буквално се!Лична карта,возачка дозвола,студентска легитимација,картичка од банка и мноогу пари.Знам точно каде ми падна го прашав продавачот вика дека ништо не видел.Каде сега треба да пријавам се што ми фали од лична до возачка?
Опрости се од парите, картичките од банка ќе си ги бараш со договорот или со некој твој документ извод ова она, студентската легитимација од факултет :), за изгубена лична карта еве ти процедура а слична е постапката и за возачка, поточно ќе си се распрашаш кога ќе одиш да пријавиш во службениот весник и во мвр.

Imam edno prasanje dadov dokumenti za postdiplimski studii i iako vo oglasot se barase 3000 den da se uplatat referentot mi rece deka treba 3300 koi sto gi uplativ. Denes telefonski mi se javija da mi kazat deka nema da ima studii zatoa sto nemalo dovolen broj na kandidati prijaveno. Prasanjevo mi e na koj nacin moze da mi gi vratat ovie 3300 den zatoa sto moite dokumenti voopsto ne se razgledani a sumata iskreno kazano ne e bas ni mala ? Fala odnapred za odgovorot.
Ќе си одиш на факултет и ќе си ги бараш парите. Тие немаат никакво право да ги задржат. Нема никаква филозофија тука ... си ги бараш онаму каде што си ги дал парите.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Незнам дали е за тука ова ама сепак итно ми треба совет.Денес изгубив новчаник.Во него имав се,буквално се!Лична карта,возачка дозвола,студентска легитимација,картичка од банка и мноогу пари.Знам точно каде ми падна го прашав продавачот вика дека ништо не видел.Каде сега треба да пријавам се што ми фали од лична до возачка?

Ми се јавија документите ги нашле,ама само документите.Имаше и многу пари(се од банка извадив пред тоа),и најбитно среќната паричка ми беше таму,и многу битни календарчиња со Богородица што ми носат среќа :(
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Прво да прашам дали може некој да ми помогне за имотно право?
А ако може тогаш да пишувам за проблемот.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Крвично дело тешка телесна повреда за колку време застарува случајот?
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Имам купено земја од 500м2 но сеуште не префрлена на мое ( име имам изјава на нотар дека е направена купопродажба на земјиштето). Од истиот газда имаат купено уште 5 други лица, и тие сеуште го немаат префрлено земјиштето на нивно име. Проблемот настанува вака викнавме заеднички геометар на скицата се сите 6 парцели, но кај некои се јави помалку квадратура.Ние сакаме сега сами од почеток да си ја почнеме процедурата, да си викнеме геометри одново да мерат и да си бркаме работа, но ни рекоа дека морало да се добие согласност од останатите 5 лица т.е. да се потпишеле сите. А зошто? Дали треба физичка делба да се прави и зошто?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Крвично дело тешка телесна повреда за колку време застарува случајот?
Од 3 до 5 год.

Имам купено земја од 500м2 но сеуште не префрлена на мое ( име имам изјава на нотар дека е направена купопродажба на земјиштето). Од истиот газда имаат купено уште 5 други лица, и тие сеуште го немаат префрлено земјиштето на нивно име. Проблемот настанува вака викнавме заеднички геометар на скицата се сите 6 парцели, но кај некои се јави помалку квадратура.Ние сакаме сега сами од почеток да си ја почнеме процедурата, да си викнеме геометри одново да мерат и да си бркаме работа, но ни рекоа дека морало да се добие согласност од останатите 5 лица т.е. да се потпишеле сите. А зошто? Дали треба физичка делба да се прави и зошто?
Физичка делба треба да се прави, ако целото земјиште (вашето и на другите што купиле земја до вашата) се води под една парцела. Еве ти се за физичка делба....

ДЕЛБА НА ЗАЕДНИЧКИ ПРЕДМЕТ ИЛИ ИМОТ

Член 213

Во постапката за делба на заеднички предмети или имот, судот
одлучува за начинот и условите на делбата на заедничкиот предмет,
односно имот.
Ако нема спор за начинот и условите за делба, делбата се врши кај
нотар во форма на нотарски акт.

Член 214

За делба на заеднички предмет или имот надлежен е судот на чие
подрачје се наоѓа тој предмет, односно имот.
Ако заедничкиот имот се наоѓа на подрачје на повеќе судови,
надлежен за делба е секој од тие судови.

Член 215

Предлог за делба на заеднички предмет или имот може да поднесе
секој од носителите на правата на заедничкиот предмет или имот и со него
мораат да бидат опфатени сите носители на правото (заедничари).

Член 216

Предлогот за делба содржи податоци за предметот на делбата,
местото каде се наоѓа, сопствениците и другите лица кои на него имаат
стварни права.
Кон предлогот за делба на недвижност се приложува доказ за
сопственоста и за други стварни права на недвижноста.

Член 217

Судот, постапувајќи по предлогот за делба, ако утврди дека е спорно
правото на заедничкиот предмет, односно имот, големината на делот или е
спорен предметот на делбата, ќе ја прекине постапката, а предлагачот ќе
го упати да поведе парнична постапка во определен рок.
Ако предлагачот во определениот рок не поведе парнична постапка,
ќе се смета дека го повлекол предлогот.

Член 218

За расправање по предлогот за делба, судот ќе закаже рочиште на
кое ќе ги повика носителите на правата на заедничкиот предмет или имот
и лицата кои имаат право на службеност или други стварни права на
заедничкиот предмет, односно имот што се предмет на делбата.
Лицата кои имаат право на службеност или други стварни права на
предметите што се предмет на делбата, можат да бараат судот да одлучи
за нивните права.

Член 219

Секој учесник може да му предлага на судот на рочиштето да бидат
повикани и други лица кои имаат интерес за делбата.

Член 220

Ако во текот на постапката учесниците се спогодат за начинот на
делбата, таквата спогодба судот ќе ја внесе во записник, водејќи сметка да
не бидат повредени присилните прописи.

Член 221

При спроведување на делба на имот, судот ќе настојува да ги
задоволи оправданите барања, учесниците да добијат определен предмет
од имот.

Член 222

При одлучувањето дали еден предмет ќе му припадне на еден од
учесниците, судот особено ќе ги земе предвид посебните оправдани
потреби на тој учесник и основаноста за тоа предметот да му припадне
нему.

Член 223

Ако со делбата на некој учесник му припадне предмет од поголема
вредност од онаа колку што изнесува неговиот дел од заедничкиот имот,
судот ќе определи тој да ја исплати разликата до вредноста на деловите на
другите учесници во определен рок.
Ако со делбата според ставот 1 на овој член на еден од учесниците
му припадне недвижност, другите учесници, врз основа на решението на
судот, можат да побараат запишување на заложно право на таа
недвижност за висината на определената вредност со која тој е задолжен
да им ја исплати.

Член 224

Ако не е можно заедничкиот предмет, односно имот да се подели
физички или ако со тоа значително би се намалила неговата вредност,
судот може да определи предметот да припадне само на еден од
носителите на правото, при што ќе го определи износот на вредноста што
треба да им се исплати на другите носители на правата на заедничкиот
предмет, односно имотот и времето на исплатата или предметот, односно
имотот да се продаде.
Продажбата ќе се изврши според одредбите на Законот за
извршување.

Член 225

Решението за делба содржи податоци за предметот и начинот на
делбата, физичкиот дел што го добива секој учесник и правата и обврските
што ги има секој од учесниците во делбата.
Со решението за делба судот ќе одлучи и за начинот за остварување
на службеностите и другите стварни права на деловите на предметите, кои
физички се поделени меѓу заедничарите.

Член 226

Против решението за делба може да изјави жалба секој учесник,
како и лицата носители на правото на службеност и на други стварни
права на недвижноста што е предмет на делбата.

Член 227

Трошоците на постапката паѓаат на товар на секој учесник сразмерно
на големината на неговиот дел.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Крвично дело тешка телесна повреда за колку време застарува случајот?
За 3 години е. Против мене беше поднесена таква кривична пријава пред 4 години, делото застаре после 3 години. За сега незнам како иде, ти кажувам за порано кога поматни беа времињата. Како што ми кажа еден судија пред некој ден на муабет, сега и они имале надзор од повисок ред, па така да морале да ги процесираат сите случаи, така да гледај да не стигне до судот, ако можеш среди ја уште во полиција кога е пријавата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom