Со оглед на тоа дека и сам кажуваш дека од 100%, 90% се најверојатно онакви какви што ги опишав и тоа како е во ред да изгенерализирам.
Не само што велам дека ништо нема да смени, туку и тврдам. Затоа и го пишав и другиот пост, објасни ми како тоа што ти си сменил слика, ќе и помогне на мајка која го загубила своето дете при нападот. Ќе отиде маж и ќе ја прегрне на погреб а она ќе каже „нема потреба мажу, веќе ми е подобро поради тоа што многу луѓе на фб ги сменија профилните слики“? Дебилно размислување? Дебилна компарација? Знам, исто како што е дебилно и менувањето на профилните слики.
Мрчењето е личен став, јас сум таков, не сакам трендови, поготово не вакви кога се исфорсирани и немаат никакво значење. Да е тренд на носење карирани кошули е во ред, зошто на повеќето и им стојат карирани кошули ама ова нема никаква врска бе Рики, 90% од луѓето ги боли цеф и ти кажав дека вчера вечерта заглавиле во Балет/Капан Ан/Ракија Бар.
Јас знам дека ти не си таков и не искоментирав „Рики ја смени сега профилната а го немаше да го направи истото за Куманово“ ама изгенерализирав, зошто (ќе се повторам по катаљардати пУт), тоа го направија огромен дел од личностите поради тренд, не поради тоа што навистина сочувствуваат. Јас искрено, најискрено сочувствувам со семејствата кои изгубија свои блиски ама не со држава како Франција, со нацијата, со владата, со градот Париз зошто му биле разурнати објекти итн итн и не, не мислам вака поради тоа што тие не сочувствувале со мене/тебе за Куманово или Смилковско.