Правна помош и совети

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Бај д веј, Горчо, не дигај непотребна галама, бидејќи твојот муабет за закупот е според ЗОО, и тоа не значи вршење дејност како трговец, разбираш?
Можеш и како физичко лице!
Не дигам јас галама, само сакам да дискутираме за некои правни работи.

Неспорно е дека 300 ги дефинира правилата за договори, без разлика дали станува збор за физички или правни лица.

Велиш закуп може и како физичко лице. Членот 8 (поврзано со член 4, точка 7), од ЗТД дефинира кој не се смета за трговец, и таму закуп на предмети не е опфатен на било кој начин. Слично е и со законот за ЗТД од 1996-та, во членот 4.

Во тој контекст, во случај на судски спор каде побарувам исплата на надомест во договор за заем, дали тужената страна може да го оспори моето барање врз основа на фактот дека немам регистрирано дејност т.е. не сум трговец?
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183

Што има врска дали имаш или не регистрирано дејност,кога си дал предмет под закуп,си направил договор за тоа и ако има член во договорот кој ти реферира на исплата на надомест неможе никој да ти го оспори тоа барање.
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Што има врска дали имаш или не регистрирано дејност,кога си дал предмет под закуп,си направил договор за тоа и ако има член во договорот кој ти реферира на исплата на надомест неможе никој да ти го оспори тоа барање.
Океј, ај вакво судско сценарио:

1. Го тужам закупопримачот (јас и тој физички лица) оти предметот и надоместокот, за договорениот рок од 2 недели, ми ги нема вратено и исплатено во период од 1 година.

2. Повикувам 6 стални муштерии, како сведоци, кои тврдат дека годишно од мене го земаат предметот најмалку еден пат на закуп.

3. Во истата тужба барам и изгубена добивка од моите 6 стални муштерии (6*број на користења според нивното сведочење)

Тужениот (закупопримачот) не ја признава изгубената добивка, туку само својот неплатен надомест и камата што следи за тој период, при што се повикува на ЗТД дека за такво побарување треба да имам регистрирано дејност.

Дали тужениот (закупопримачот) е во право, и ако не, зошто?
 
Дали ќе можеш да ми кажеш за што предмет се работи и која е неговата цел?

Неможе тужениот да се повикува на ЗТД токму заради фактот што ти не си регистриран во трговскиот регистар,ниту за вршење на трговска дејност ниту како трговец-поединец.
Единствено може да важат одредбите на ЗОО затоа што ти си само закуподавач...ништо повеќе...и се работи само за закуп...

Во ЗОО член 142 јасно укажува дека: Штетата е намалувањето на нечиј имот (обична штета) и
спречувањето на негово зголемување (испуштена корист), како и
нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв
(нематеријална штета).

Потоа член 178 : Оштетениот има право како на надомест на обичната штета, така и
на надомест на испуштената корист.
При оцената на висината на испуштената корист се зема предвид
добивката што можела основано да се очекува според редовниот тек на
работите или според посебни околности, а чие остварување е спречено со
оштетниковото дејствие или пропуштање на оштетениот.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Неможе да се повика на ЗТД.
И ЗОО познава изгубена заработувачка (корист).
 
dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Општината не ја интересира дали постои катастарски нешто или не.
Одат комисија на лице место, утврдуваат градба, и ќе си платиш данок. Нема бегање!
Strumiks, ti znaes po koj zakon e ova ili onaka samo. A jsega neka dojdat i vidat kuka i daj danok. A da ja legaliziram ne mozam. Ako mi baraat danok treba da mi dadat moznost da ja legaliziram. A ne i na divo i da plakam. Utre otkako ke soberat pari koj gi sprecuva i da dojdat i da rusat ?
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Дали ќе можеш да ми кажеш за што предмет се работи и која е неговата цел?

Неможе тужениот да се повикува на ЗТД токму заради фактот што ти не си регистриран во трговскиот регистар,ниту за вршење на трговска дејност ниту како трговец-поединец.
Единствено може да важат одредбите на ЗОО затоа што ти си само закуподавач...ништо повеќе...и се работи само за закуп...
Благодарност до сите што учествувате во дискусијата за закуп!

@Annabel: нема некој конкретен предмет, веќе наведов можности: приколка, компресор, генератор, казан за печење ракија, автомобил,...

Главно прашање што го имам со закупот е добивката. Не еднократна добивка, туку редовна добивка во текот на годината. Добивка=профит и некако не ми оди во глава дека тоа може да биде реализирано (плус можност да се тужи за изгубена добивка) без да бидеш регистриран по ЗТД.

Читајќи на оваа страна, интересна хронологија има во делот "Правно уредување на лизингот во Република Македонија".

Претходно се користел ЗОО за правно регулирање на таа материја, "особено одредбите од договорот за продажба кои се однесуваат на продажба со задржување на правото на сопственост, потоа, на договорот за закуп, договорот за кредит, заради плаќањето на лизинг ратите и други."

По донесување на Законот за лизинг, членот 571 од ЗОО: "Одредбите од оваа глава (договор за закуп) нема да се применуваат врз закупите уредени со посебни прописи" стапува "на сила".

Што е лизинг според законот:

"Лизингот е активност која се однесува на подвижен предмет и недвижен предмет, при која корисникот на лизинг го определува предметот на лизинг кој е купен или произведен од страна на давателот на лизинг и се дава на користење на корисникот на лизинг за договорен временски период, во замена за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг, врз основа на договорот за лизинг кој е склучен меѓу давателот и корисникот на лизинг, според условите определени во него".
Кој може да се занимава со лизинг:

"Даватели на лизинг се домашни трговски друштва и странски трговски друштва кои имаат основано подружница во Република Македонија, во согласност со Законот за трговските друштва и кои вршат лизинг според начинот и условите утврдени со овој закон".
Членот на 1-а од Законот за лизинг вели дека: "На договорите за лизинг соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, доколку со овој закон поинаку не е уредено".

Значи, според мене, закуп(лизинг) да, али само ако си трговско друштво.
Слободно примам "шамари" во моето размислување :kesa:
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Благодарност до сите што учествувате во дискусијата за закуп!

Значи, според мене, закуп(лизинг) да, али само ако си трговско друштво.
Слободно примам "шамари" во моето размислување :kesa:

Zakupot e obligacionen dogovor, kako sto primetuvas toj sustinski se razlikuva od lizingot a lizingot e strogo stopanski dogovor.
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Zakupot e obligacionen dogovor, kako sto primetuvas toj sustinski se razlikuva od lizingot a lizingot e strogo stopanski dogovor.
Пред да биде донесен Законот за лизинг(2002-ра, заедно со измените во 2003-та), јасно е дека ЗОО(донесен 2001-а) го сметале за "стопански" закон во кој е регулиран закупот илити лизинг. Од тоа што истражував, на мене значењето на поимите од двата закона ми се преклопуваат, само што лизинг со законот добива подетална и поопширна дефиниција.

Би сакал ако можеш да ми ја објасниш суштинската разлика за која зборуваш, во корелација со членот 571 од ЗОО кој го наведов претходно. И пак да напоменам, добивка(плус изгубена)=профит, ЗТД не те ослободува да делуваш како физичко лице ако правиш профит од закуп(лизинг).
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Блиц прашања...
- Студентка украла од книжара учебник од 500денари. Дали делото е од мало значење?
- Благајник се послужил со парите (6000) ден. што му биле доверени купувајќи за себе девизи. Парите ги вратил следниот месе одбивајќи си од плата. Дали има дело од мало значење?
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Vo zakup mozat da se davat sopstveni stvari so nadomest, toa e jasno.
Lizingot, makar sto nalikuva na zakup i na kreditiranje, e samostoen dogovor i moze da se izvrsuva samo od lica koj sto se trgovci po zanimanje po ZTD. Lizingot e dva vida:
Obicniot lizing se odlikuva po toa deka davatelot e sopstvenik na predmetot, toj posebno nalikuva na zakupot, ali se razlikuva so toa sto e formalen dogovor i ima specijalen subjekt-trgovec.
Finansiskiot lizing se odlikuva so toa sto Davatelot nabavuva odreden predmet po specifikacija od Korisnikot i sto e najbitno Davatelot ne odgovara za materijalni nedostatoci na predmetot i negovata uloga e najbliska do Kreditodavatelot.
Lizingot obicno sodrzi klauzula deka korisnikot moze da go otkupi predmetot po opredelen rok na koristenje.
Na lizing se davat obicno avtomobili, masini, skapa oprema i sl.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
140
Поени од реакции
11
Блиц прашања...
- Студентка украла од книжара учебник од 500денари. Дали делото е од мало значење?
- Благајник се послужил со парите (6000) ден. што му биле доверени купувајќи за себе девизи. Парите ги вратил следниот месе одбивајќи си од плата. Дали има дело од мало значење?

Ispitaj dali ima elementi na krivicno delo
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Блиц прашања...
- Студентка украла од книжара учебник од 500денари. Дали делото е од мало значење?
- Благајник се послужил со парите (6000) ден. што му биле доверени купувајќи за себе девизи. Парите ги вратил следниот месе одбивајќи си од плата. Дали има дело од мало значење?
Јас мислам апсаана да ја стаат одма:pos2:, а тие шо крадат банки не ка ги пуштат како и досега ништо не е тоа:nesvest:.
Сериозно за овакво дело нема никаква казна, они за потешките дела не изрекуваат казни а камоли за ситните кражби
 
Член од
3 јули 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
kade da se obratam ako dobijam otkaz vo slucaj na bremenost, nedostatok e toa sto sekoj mesec potpisuvam nov dogovor na opredeleno vreme od 1 do 2 a znam deka mi spremat otkaz otkako doznaa deka sum bremena ve molam pomognete mi
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
kade da se obratam ako dobijam otkaz vo slucaj na bremenost, nedostatok e toa sto sekoj mesec potpisuvam nov dogovor na opredeleno vreme od 1 do 2 a znam deka mi spremat otkaz otkako doznaa deka sum bremena ve molam pomognete mi
Еве што вика законот

Забрана на отказ поради бременост, раѓање и родителство

Член 101
(1) Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на
работничките за време на бременоста, раѓање и родителство и отсуство
поради нега и чување на деца.
(2) Одредбата на ставот (1) од овој член се однесува и на случаите
утврдени во членот 167 на овој закон

Заштита на работниците поради бременост и родителство

Член 161
(1) Работниците поради бременост и родителство имаат право на
посебна заштита во работниот однос.
(2) Работодавачот е должен на работниците да им овозможи полесно
усогласување на семејните и професионалните обврски.

Забрана за вршење работи за време на бременост и по породување

Член 162
(1) За време на бременост и уште една година по породувањето,
работничката не смее да врши работи, ако тие со зголемена опасност
влијаат на нејзиното здравје или здравјето на детето.
(2) Работите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот
надлежен за работите од областа на трудот, во согласност со министерот
надлежен за работите од областа на здравството.

Посебна заштита за време на бременоста

Член 163
(1) Работодавачот на смее да бара какви било податоци за бременоста
на работничката, освен ако таа самата не ги достави заради остварувањето
на правата за време на бременоста.
(2) Ако работничката врши работа која за време на нејзината бременост
може штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на детето,
определени согласно со членот 162 на овој закон, работодавачот е должен
да и обезбеди вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја
вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно.
3) Во спорот меѓу работодавачот и работничката одлучувачко е
мислењето на избраниот лекар, односно лекарската комисија.

Заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и
прекувремената работа

Член 164
(1) За време на бременост или со дете до една година возраст,
работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе.
(2) На работничката која има дете од една до тргодини возраст, може да
и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по
нејзина претходна писмена согласност.
(3) Правото од ставовите (1) и (2) на овој член го има работникот -
татко на детето, односно работникот кој го негува детето, доколку мајката
умре, го напушти детето, односно врз основа на мислењето на надлежната
лекарска комисија според прописите на здравственото осигурување е
неспособна за самостојно живеење и работа.
(4) На еден од работниците - родители кој има дете помладо од седум
години или тешко болно дете или дете со телесен или душевен
недостаток и кој живее сам со детето и се грижи за неговото
воспитување и заштита, може да му се наложи да врши прекувремена
работа или работа ноќе, само по негова претходна писмена согласност.

Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство

Член 165
(1) Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право
на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато,
а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една
година.
(2) Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката
може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена
пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање.
(3) Работничка која посвојува дете има право на отсуство до
наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила
повеќе деца (две или повеќе) една година.
(4) Работничка која посвојува дете има право на платено отсуство за
времетраењето на периодот на адаптацијата на детето, согласно со
прописите за семејството.

Повторно враќање на работа од отсуство од работа поради
бременост, раѓање и родителство

Член 166
(1) Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и
родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на
отсуството.
(2) Работничката од ставот (1) на овој член, покрај правото на плата,
има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост и
родителство, во висина од 50% од утврдениот износ на надоместокот за
отсуството од ставот (1) на овој член според прописите за здравствена
заштита.

Но ти склучуваш договори на определено време. По истекот на тоа време договорот престанува. Значи слободно може откако ќе ти престане договорот по 2 месеци (веќе ти нема да си во работен однос) и да не ти дадат да склучиш нов. Тоа не е отказ него тоа е престанок на договорот поради тоа што трае на определено време.
Е сега не најдов одредби за тие договори на определено време кај бремените жени и дали имаат некои привилегии.
Од поискусниве правници веројатно некој знае повеќе.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom