Како прво, навистина сакам да ја разберам проблематиката, и затоа екстра прашања (размислувања)....
По случајно претражување на Google, ја најдов
оваа фирма која изнајмува опрема. Сето тоа што фирмата се обврзува, е регулирано во делот од ЗОО за закуп, иако,
во ЗОО никаде не се спомнува поимот изнајмување!!
Исто со претражување на Google, дојдов до оваа
табела (Новата Национална Класификација на Дејности) која вели дека под шифра 7739 е регулирано
"Изнајмување и давање под закуп(лизинг) на останати машини, опрема и материјални добра, неспоменати на друго место"
Законот за трговските друштва, во член 4 (
Трговец според дејноста) став 2 вели: "Дејностите што трговецот ќе ги врши во согласност со ставот (1) од овој член се класифицираат според дејностите утврдени во Националната класификација на дејности".
Во истиот закон, во член 12, став 1, се вели:
"Трговецот- поединец е физичко лице кое, во вид на занимање, врши некоја од трговските дејности определени со овој закон".
Од овие информации што ги најдов, мое толкување е дека физичко лице (т.е. трговец-поединец) треба да има регистрирано дејност кога дава опрема (предмети) на изнајмување и закуп.
Исто така, правно гледано, која е разликата помеѓу поимите ЗАКУП и ИЗНАЈМУВАЊЕ т.е нивните правни дефиниции?