Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
youth во глобала и мене нешто не ми беше уау како на Злате. Прво превише ликови, после главниве ликови не беа развиени како што треба, сценариото на моменти беше убер досадно, али имаше одлична екипа и заради глумата, музиката и визуелното совршенство доби 6че од мене. Поубав филм од визуелна гледна точка немам гледано одамна. Боите беа бонбонче. :love:
Ама ликовите и приказната - катастрофа. На моменти имав чувство ко Сорентино да не знаел на кој лик и чија приказна да се фокусира, па направил калакурница од ликови за кои не ми е гајле и приказни кои никогаш не би ме заинтригирале. И најстрашно од сѐ - не му е прв пат!
 
Ама ликовите и приказната - катастрофа. На моменти имав чувство ко Сорентино да не знаел на кој лик и чија приказна да се фокусира, па направил калакурница од ликови за кои не ми е гајле и приказни кои никогаш не би ме заинтригирале. И најстрашно од сѐ - не му е прв пат!
Не знам пошто прв филм ми е од Сорентино. Треба да го ѕирнам Grande belezza па да видам дали повторно ќе пуштам негов филм или ќе го игнорирам. Мислев сум го гледал, ама тоа да сум го смешал со The best offer. :icon_mrgr:

Туку ти вратија на мејл дали може да го гледаш Три дена од 17.30? :)

п.с. И да White god е филм и пол. (y)
 
Срање е филмов не си го троши времето.
Го сметнав вечер да го гледам демек.........го имаше пофалено едно другарче шо се пребира од филмови. Ќе го пуштам да видам, веќе кога ,,потрошив" гигабајти од нетот :D
 
Го сметнав вечер да го гледам демек.........го имаше пофалено едно другарче шо се пребира од филмови. Ќе го пуштам да видам, веќе кога ,,потрошив" гигабајти од нетот :D
И јас го имав на Watchlist ама освен живописните кадри и Michael Caine нема друг квалитет да се искупи.

Јас се разочарав но може тебе ќе ти биде по вкус.
 
Туку ти вратија на мејл дали може да го гледаш Три дена од 17.30? :)

п.с. И да White god е филм и пол. (y)
Да, да, денес си го подигнав гратисот. Во Милениум можеш уште сега да си го земеш билетот. Во МКЦ ми рекоа - на денот на проекцијата. Освен Три дена во септември, за рецензија ќе го гледам само уште Mustang. А си купив карта и за Desde Alla. За Panama се мислам.

Инаку, го видов списокот на имиња за гратиси во Милениум - има 60тина пријавени. Мислиш дека би имале шанси? :P
 
Вчера го изгледав The great Gatsby. Според книга е нели? Иста е скроз приказната или имаше нешто плус во филмов? И ако може некој да ми ги објасни ликовиве , стварно не сфатив , сите 4 главни ликови I don't know не можам да опишам..
Гетсби ајде се што направил во животот е за Дејзи .. Океј. После убиството ама баш ништо како да не се случило , он си ја чека Дејзи. Поголем оптимист неам видено
Tом човекот што ја сакаше курвата , но ајде да речеме дека секогаш беше во страв да не го открие жена му или маж и , што можеби во некој моменти него највеќе би му правела проблеми .. која ја виде мртва единствен што плачеше ( и маж и )
Дејзи .. ако знаеше што сака еве на. плус и она беше таа што ја возеше колата , она ја уби курвата .. мака нема еј. си замина со Том ич П не ја болеше
Тоби Спајдермен .. буквално ова не беше негов живот.. ама ништо во неговиот живот ништо не се случуваше. Тие денови од животов си ги помина со Гетсби и со братучедка му и со нивните проблеми , а човекот ради тоа почнал да пие да посетува психијатар итн итн

И на крај човекот што ги правеше најголемите забави во Њу Јорк , што го собираше цел град , на крај ни еден единствен човек не му дојде на погреб :toe: Или па ради тоа што се му се препиша него.. и убиство и криминал..
 
Последно уредено од модератор:
Wake in Fright (1971)

Најдоброто нешто што сум го гледал општо во животов, а со сигурност во минативе месец дена. Мастерпис у пичку матер. Имаше и некои сцени кратки шо ги мотав, оти не можев да гледам, некако прилично ме вознемируваа. А со оглед на тоа што подоцна прочитав дека се земени вистински снимки од истите и склопени во филмот за да изгледаат пореално, уште толку ме дозаебаа.

Како и да е строго препорачливо.
 
Поштувам тематики за Вештачка Интелигенција и све тоа. Но кај Чапи некако ми делува несериозно и не елаборирано доволно. Copy Paste на свеста. Одбивно некако. А си има и јаки страни филмот, визуелноста, акцијата и емотивен развој. Само целиот тој пристап на трансфер на свеста ми е одбивен. Неурошлем + copy paste и готово. Хах.
 
Youth одличен. Денеска го изгледав. Не знам чуму толкав хејт кон филмов :D

Имаше се шо сакам во еден филм. Навидум како да ништо не се случува, а впрочем се се случува и завлегуваш несвесно низ карактерите на сите ликови. Опасно добри реплики, едни од подобрите што сум ги зачекал во поновиве филмски времиња, башка и хуморот на моменти јако ми легна и беше перфектно вклопен меѓу сета сериозност, не многу нападно. Музиката одлична, сликата не ја ни коментирам пошто и на оние на кои филмот не им се допаднал, сликата им се допаднала, играње со боја и ловење пејзажи.

Michael Caine поштено си откости и така.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom