Не е дека не одеа на победа, туку ја градеа акцијата така што ќе се решава во последните секунди. И јас да бев тренер, така ќе ја поставев акцијата

Имаш сигурен бод во рака во таков случај, плус добри десетина секунди да постигнеш победнички гол. Сега што ништо не одигравме во секундите кога имаа замислено да нападнеме е друга работа.
Одличен резултат со состав во кој недостасуваше Штербик кој е пола екипа. Милиќ достојно го замени денес, одма е поразлично кога голманот нема да биде дупка, како што беа со Колдинг Милиќ и Диви

Карачиќ покажува дека е лидер на екипата. Дибиров беше одличен со една огромна грешка, кога наместо лесно да реализира контра за +4, се реши да глуми циркузант и противникот стигна на -2, па веднаш и ни израмни и поведе. Декица даде доста важен гол, а имаше една грешка каде што исплива во одбрана при едно додавање на крило. Душаебаев солиден во првиот дел, Македа во вториот. Темпераментноста на Македа колку што е добра во моменти кога го газиме противникот, толку знае да биде и лоша кога го провоцираат во иразмнет меч, па може да направи некоја глупост за исклучување

Замерка е што денес немавме никаква игра до десните крила, но се на се одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме до бод во меч кој јас лично однапред го сметав за загубен
