Точно, за внатрешната температура да биде +20 при надворешна -10 ми требаат 5KW топлина и тоа со 25% маргина за грешка.
Се работи за куќа и има опција за дрва, пелети (мада комплетно неисплатлива опција со сегашните цени) и струја.
Има опција за бафер.
Првично идеајата ми беше парно на дрва. Меѓутоа освен во поевтините радијатори баш и не е многу поевтина варијанта за изведба, барем не спрема тие 5000 евра за 200 квадрати а ти останува обрвската за ложење.
Втората опција која ја размислував е мулти сплит клима. Најдов некој ценовник за ориентација од Midea од Србија и мислам дека имаше мошне поволни цени. Околку 140 долари за внатрешна единица од 9000BTU и околку 170 долари за 12000BTU + околку 1000 долари за 9KW надворешна.
Е сега имам најмалку 6 соби за загревање без тоалетите, сите мулти сплит кои ги видов беа до 5 единици. Освен тоа која ми е опцијата за загревање на тоалетите и плус санитарна топла вода? На крајот сум и загрижен за непријатното струење на воздух (половично мислам дека може да се реши со ниски конзолни единици). Освен тоа со оглед на тоа дека овие единици се основни модели дали ќе има проблеми со квалитетот на воздухот?
Дополнително инсталирање на канали па покривање со гипс картон ми е неисплатливо.
Втората опција ми е со топлитна помпа воздух вода. Исто видов мошне повиолни цени од околку 1500 евра за Midea со вграден хидромодул и 2000 евра за Gree Versati мислам дека беше за 12KW.
Midea фенкојлер кошташе околку 150 долари за 2KW на најслаб издув од околку 200м3. Galleti i Olympia Splendid се по околку 300 евра? За Olympia имаше А/А сертификат од еуровент. Која е разликата и да ваквата разлика во цена е оправдана? Освен тоа имам слушнато поплаки за побрзо расипување на фенкојерите, за разлика од радијатор каде нема што и да се расипе а се далеку поевтини. Уште една опција која ја немам со климата ми е инсталција на регистри во тоалетите.
Третата опција ми е топлитна помпа + радијатори.