Абе..

не значи дека ако гнидите пред овие направиле срање, се што прави било кој друг, тоа по автоматизам е добро. Мајка ми два пати остана без работа кога беа тие на власт ама ни таа ни јас лично не викам дека овие сега се подобри. Бројкиве што се куцаат овде и наводниве инвестиции се ветар во магла ако џебот ти е празен.
Toчно е тоа што го пишуваш. Проблемот е што кај нас наместо партиотски и цивилизирано да си ги решаваме проблемите како што прави цел запад, се поларизираат работите и се оди по паролата или си со нас или против нас. Значи ако не си со, те рачунаат за против и те ништат и ти се светат. Барем така мене ми се чини дека функционираат работите.
Веројатно такви работи ни се случуваат затоа што и никогаш сме немале вистински романтизам каков што имал западот во 19ти век па до ден денес имаме и бугарофили и србомани и така натака. Секакви можни поделби во една шака народ, а забораваме на она основно христијанско учење кое вика сакај го ближниот свој.
Од тие причини човек за да преживее најчесто мора да одбере една опција и притоа мора да се противи на работи кои се добри и да поддржува очигледни идиотизми само за да не испадне дека е дел од друга партија која ќе му се свети.
Македонија има и паметни луѓе и стручњаци, имаме и факултети и луѓе професионалци и стручњаци кои си ја работат работата, но за жал човек мора да е претпазлив, а политиката е над професионализмот.
Знам дека е глупаво и жално, но тоа е. И покрај тоа што ни е се јасно и што е сто пати кажано од многу луѓе сепак нема катарза.[DOUBLEPOST=1446594946][/DOUBLEPOST]Бај д веј, тука кај што сум моментално, пред некој ден на вести излезе податок дека имало, ако добро се сеќавам 10 миљарди директни странски инвестиции што е импресивна бројка, но тоа беше кажано сосема рамнодушно. Никој не се потресе околу тоа, не си земаше заслуги, не се сеќавам да имаше дебати околу тоа. Тоа кажува на една зрелост на народ која очигледно доаѓа со тек на време.
И патриотизмот им е на едно повисоко ниво. Го нема она балканското, се мена власта и ајде сите вработени пакувајте ги куферите. Се варди на луѓето, знаат дека цели семејства живеат од плата, не сакаат да прават катастрофи. Секој човек, секој живот е важен. Партиите се бираат чисто граѓански и не е ништо чудно во рок од една година опција која е популарна да згасне заради мала афера која е за наши македонски услови можеби и нешто секојдневно.
Но се надевам дека таа една зрелост на еден народ доаѓа со тек на време.