Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Одма оштро, нема лабаво.
Добро.Тоа што системот не може да го каже е дека е комплимент за кајгана доколку некој -хипотетички кажано- се вратил на виртуелна посета.
Уште една работа која системот не може однапред да ја каже е дека за 10 дена ќе сум пак назад во Скопје па ако си за кафе, т.е. не само ти било кој ако сака да се видиме во живо, пријателски и без задни намери да се запознаеме кои сме ликовите зад тастатурите бујрум.

Бидејќи има работи кои системот не ги знае па да се претставам.
Може кој колку сака да ме убедува, уценува и што сака да ми прави, но никогаш и под никој услов на овој свет нема да поддржувам опција или ставови на опција која
-потајно можеби сака да ја уништи македонската нација
-во седумдесеттите го осуди татко ми на казна затвор, му ги зеде нивите и го избрка од работа пошто не и бил по кеиф на комунистичката багра-буржоазија
-мене на 14 годиншна возраст кога бев дете и еден од најдобрите ученици во Македонија ме тепаше со тупаници како да сум последен криминалец. За да се врши притисок врз мене и моето семејство во тие матни времиња врз мене иако бев дете бев напаѓан од партуски пиуни повеќе души на еден да ме тепаат. Дури и од училиште сакаа да ме избркаат учителите партиски војници, но за среќа законски не беше тоа возможно. За жал ова не е документирано, а добро ќе дојдеше еден документиран доказ.
-Кога протестиравме за спас на Струга ни пушти солзавец и специјалци.
-во истата таа година ги отпушти како технолошки вишок моите родители, а набрзо и фабриките згаснаа
Во последниве година дена повторно се јавуваат политички тенденции кои сакаат да го срозаат овој народ со земја, да го докрајчат, кои сакаат да ни го сменат името и Господ знае што се се врти во позадина.
Ниту еден човек не може да молчи за некои работи кои се поголеми од него. Затоа што ако ни се случи тоа што некои сили и служби ни го планираат ќе нема ни инвестиции ни ништо. Нема да постоиме како нација.
И нема да молчам затоа што, како што би рекол Тони Монтана во Скарфејс Не може да ми биде направено зло, кое комунист веќе не ми го направил.
Абе.. :D не значи дека ако гнидите пред овие направиле срање, се што прави било кој друг, тоа по автоматизам е добро. Мајка ми два пати остана без работа кога беа тие на власт ама ни таа ни јас лично не викам дека овие сега се подобри. Бројкиве што се куцаат овде и наводниве инвестиции се ветар во магла ако џебот ти е празен.
 
Ќе треба некоја поткрепа за ова, некој извор, неможе туку така да се расфрлаш со вакви тврдења.
добро де,невработеност 28% тие што работат за минималецот 9600 живеат на рати и во постојан минус на сметката без можност за купување стан,нов автомобил,летен одмор,планирање на поголемо семејство
 
Абе.. :D не значи дека ако гнидите пред овие направиле срање, се што прави било кој друг, тоа по автоматизам е добро. Мајка ми два пати остана без работа кога беа тие на власт ама ни таа ни јас лично не викам дека овие сега се подобри. Бројкиве што се куцаат овде и наводниве инвестиции се ветар во магла ако џебот ти е празен.
Toчно е тоа што го пишуваш. Проблемот е што кај нас наместо партиотски и цивилизирано да си ги решаваме проблемите како што прави цел запад, се поларизираат работите и се оди по паролата или си со нас или против нас. Значи ако не си со, те рачунаат за против и те ништат и ти се светат. Барем така мене ми се чини дека функционираат работите.
Веројатно такви работи ни се случуваат затоа што и никогаш сме немале вистински романтизам каков што имал западот во 19ти век па до ден денес имаме и бугарофили и србомани и така натака. Секакви можни поделби во една шака народ, а забораваме на она основно христијанско учење кое вика сакај го ближниот свој.

Од тие причини човек за да преживее најчесто мора да одбере една опција и притоа мора да се противи на работи кои се добри и да поддржува очигледни идиотизми само за да не испадне дека е дел од друга партија која ќе му се свети.

Македонија има и паметни луѓе и стручњаци, имаме и факултети и луѓе професионалци и стручњаци кои си ја работат работата, но за жал човек мора да е претпазлив, а политиката е над професионализмот.

Знам дека е глупаво и жално, но тоа е. И покрај тоа што ни е се јасно и што е сто пати кажано од многу луѓе сепак нема катарза.[DOUBLEPOST=1446594946][/DOUBLEPOST]Бај д веј, тука кај што сум моментално, пред некој ден на вести излезе податок дека имало, ако добро се сеќавам 10 миљарди директни странски инвестиции што е импресивна бројка, но тоа беше кажано сосема рамнодушно. Никој не се потресе околу тоа, не си земаше заслуги, не се сеќавам да имаше дебати околу тоа. Тоа кажува на една зрелост на народ која очигледно доаѓа со тек на време.
И патриотизмот им е на едно повисоко ниво. Го нема она балканското, се мена власта и ајде сите вработени пакувајте ги куферите. Се варди на луѓето, знаат дека цели семејства живеат од плата, не сакаат да прават катастрофи. Секој човек, секој живот е важен. Партиите се бираат чисто граѓански и не е ништо чудно во рок од една година опција која е популарна да згасне заради мала афера која е за наши македонски услови можеби и нешто секојдневно.
Но се надевам дека таа една зрелост на еден народ доаѓа со тек на време.
 
Последно уредено:
Јас кажав дека со стандардот сме многу близу и сме на добар пат да ги шишнеме, за што ми е многу кејф, сакам да ја видам оваа наша Македонија како тигар во скок кој гордо, елегантно и забрзано трча кон посветла иднина.
Генералната слика е таа. Се инвестира, сме поволна дестинација за инвестиции, инвестициите вработуваат луѓе, а и однадвор каде што критериумите се ригорозни и објективни на доинг бизнис не рангираа на место каде што и најбогатите можат да ни завидуваат. Факт е дека сме на добар пат и треба вака да продолжиме.

Ако гледаме селективни цени кај ќе ни е крајот, со ситничарење никаде не се стигнува.
mrzam vaka koga kje izleze nekoja nova i jaka droga i ne ja spodeluvate so drugarcinjata
buljashi.
 
Џонсон Контролс отвора нова фабрика, се бараат 1500 робови од Струмица и околните села. :drk:
Точно така робови, ја окрасија во Штип па ај сега и во Струмица, работев ја во Штипски Џони година ипол и знам како е, автобуска станица ти е тоа од тоа што е многу арно. Сега работам во наша фирма додека да средам со бугарски пасош и фатам магла, земам подобра плата, не работам на празници, никако недели, немам мобинг, а сето тоа го видов во таа ебана странска инвестиција.
 
Оние кои не сакаат да работат за 8 или 10,000 денари не се во зорт. Секако дека е премала таа плата, ама на тој што му треба работа за живот... со трчање ќе ја прифати. 100 пати сум рекол: никој на сила никого не тера да работи. Ама мислам дека на многумина добро им доаѓа (каква-таква) плата од 8 или 10,000 ден.
Оние надвор од Скопје знаат дека многу (жени) фаќаат „врски“ за работа во колонијал во некое гратче за 7-8,000 денари. Не е само Скопје во Македонија. Во Скопје има многу НВО, административци кои знаат само „уста да отвораат“ и земаат 500 и повеќе евра плата. Погледнете ја „провинцијата“ и ќе видите за колку пари се прифаќаат работи во наши фирми.
 
Значи ете кај бил проблемот треба да им направат зорт па да прифатат за 9000 ден. да работат.
Добра стратегија е ова. И Американци ако ги ставиш во зорт ќе работат за 7000 ден. Само што така има да ги снема од власт моментално.
 
А види си го изворот на веста , 24ка :)

24ка отиде за Кисела Вода, веста е од Светска банка. Ако сакаш и од НБРМ може да ти најдам вакви податоци.
Да не го заборавам фактот дека само за една година не' задолжија за нова милијарда евра, и тоа без каматите.
 
Парите не постојат ги нема, ги немаат ни тие шо како на држава ни ги позајмуваат, па ги немаме ни ние да ги вратиме, ни сега ни во иднина ни главнина ни камати.
 
Значи ете кај бил проблемот треба да им направат зорт па да прифатат за 9000 ден. да работат.
Добра стратегија е ова. И Американци ако ги ставиш во зорт ќе работат за 7000 ден. Само што така има да ги снема од власт моментално.
А кој ги стави во зорт? Инаку американците коските ги оставија за да станат најјака земја на светот. Сега може да ангажираат Мексиканци. Знам тоа беше пред стотина години ама ние во тоа време бевме во еден феудален систем па после решивме да си играме социјализам за на крај во девеестите да дојдат луѓето во зорт.
 
Кој ги става во зорт? Сигурно јас не туку политиката во земјава во која владее низок стандарт и лоша економија, промашени инвестиции (воини на коњи и останат кич).
 
72.jpg

Владата под итно да го донесе овој од Индија како експерт кој на народот ќе му покаже и го научи како да живее без јадење
 
24ка отиде за Кисела Вода, веста е од Светска банка. Ако сакаш и од НБРМ може да ти најдам вакви податоци.
Да не го заборавам фактот дека само за една година не' задолжија за нова милијарда евра, и тоа без каматите.
има и друга работа, долговите од 2008 се дуплирани секаде, не само во регионот, па и долговите на Герменија, УСА и други...
Најубаво е да имаш енормно голем долг, како Грција... тогаш долгот не е твој проблем туку на доверителите... малку малку им опростуваат од долгот и им даваат + пари... Па и фалениот Исланд се направи паметен и ги ЛАПНА парите на странските штедачи ( од Холандија и УК)[DOUBLEPOST=1446803498][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 132378

Владата под итно да го донесе овој од Индија како експерт кој на народот ќе му покаже и го научи како да живее без јадење
не одговара овој, не може да му земеш ДДВ ни за храна и вода, сигурно не плаќа ни РТД:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom