Сезонава за жал многу зависи, со малце поагресивен и напаѓачки стил противниците си успеваат да си соберат поени.
Најсвеж пример ти е Саутемптон, по тоа што ги гледав последните 2 дуели Лфц со Клоп баш тој стил го форсита.
Брза игра по крила и главуч во 16-метири.
Минатата сезона ако ти текнува имавме проблеми со брзи крила, ама сепак тимот беше полн со самодоверба и немавме проблем да постигнеме гол повеќе.
Сезонава сме во нокдаун со одбрана, а уште поголем проблем е што нападот не ни работи и го немаме фиер фактор преку Азар и Коста.
Ајде моторот на Хазард почна да пали, добар беше со Киев, добар во Стоук...
Да кажеме дека 50% од формата ја има вратено.
Коста или е суспендиран или е повреден, квалитетна замене за него колку да не сакаме да признаеме немаме.
Реми? Не! Можеби дава голови ама го нема фудбалот што треба да го поседува класа на напаѓач.
Матич лани ни беше клучна алка почнувајќи од нашиот центар до петте метри на гоманот.
Сечење топки, маркирање, изнесување перфектно. Сеа 0.
Без тие 3 играчи ние не можеме да диктираме темпо.
За утре не верувам дека ќе се ротира многу.
Бегович Зума, Кехил, Тери, Аспи, Матич, Рамирес, Фабре, Хазард, Вилиан, Коста/Реми.