Па и ја кој нуб сум видов дека јако почнаа викам ќе тепаат, ги мавнав во живо у 25 мин...
Па уште му велам на другар ми да побрза, прашање е на минути кога ќе даде гол Челзи...
Не ја научив лекцијата од Шотон... ако ми е.
Искрено пред да го видам составот имав пречуство дека ќе испаднеме од купот. Што ете се деси.
Не е ништо трагично бар за мене, купов не значи ништо, само причина повеќе да се истрошат и повредат играчите.
Ме плаши што во играта ништо не се менува, премногу се основаме на индивидуалност, колективно не можеме да направиме акција.
Додека Коста беше во игра, се гледаше по некоја акција од како излезе падавме во провалија.
Хазард за разлика од другите мечеви играше фудбал, ама нема кој да го прати во акциите.
Оскар воопшто не учествуваше во играта, имаше 2-3 добри потези и тоа е тоа, останатото просек.
Реми го нема движењето за класа напаѓач, постигна гол да, ама далеку е нивото на Коста.
Одбраната заедно со копачите Микел и Рамирес беа добри, сезонава немаме воопшто ни среќа кога се браниме, само што ќе ја помине противникот средината веднаш знам дека ќе постигне гол.
Младиве (Кенеди, Траоре, Баба) беа супер, внесоа колку толку живост во играта, ама едноставно не можеме од младинци да очекуваме да ја водат играта и да го кренат Челзи нагоре на табелата.
Се води и мириса на утакмица со Ливерпул, ако ја кикснеме се може да биде. Иако сите знаме дека со отказот на Мурињо, Челзи нема да профитира.