Barclays Premier League - Season 2015/2016

Кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата?

  • Вкупно гласачи
    465
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
  1. Мурињо го користи Венгер за да ги покаже двојните стандарди на ФА.
  2. Многу ме интересира ако може тие што мислат дека е опседнат со венгер и напатен од Венгер, да ги објаснат убаво причините за тоа.
  3. Мурињо не е целосно крив за моменталната ситуација, далеку од тоа.
  4. Мурињо може само да му е љубоморен на Венгер поради тоа што 11 години е без титула, а не го избркаа.
А дали вие најдовте логична причина за постапката на Мурињо во инцидентот со Ева и дали ти сеуште би не убедувал да не веруваме во шпекулациите дека Ева си заминала од клубот? Затоа што ми текнува тогаш не убедуваше дека Ева е само тргната од клупата и единствено ние нема да ја гледаме, а не била ниту избркана, ни деградирана. Дека тоа е само игра на Мурињо за да го тргне притисокот од јавноста за лошата игра и дека ние не сфаќаме.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740

А каква врска има Ева сега ако може да знам? Ева не беше избркана, требаше да продолжи да работи, ама самата одлучи да го напушти клубот. Јас само викав дека безвезе се крева прашина околу целата ситуација и дека не е само Ева, туку и Џон Ферн (болдирано затоа што сигурно сеуште никој не знае кој е и што е затоа што не е жена) кој ете го уште е во клубот и си работи, си се врати поштено кога од клубот му рекле да се врати на работа. Грешката на Мурињо беше само што го направи тоа јавно. Венгер не мењал членови од медицински тим, тренери и слично? Не му е дозволено?
 
Те ставам во ситуација да најдеш логична причина каде што реално не може да се најде. Како ти што ни ги постави прашањата.

Логична причина за постапката на Мурињо нема, затоа што Ева не беше крива за тоа што се случуваше на теренот. Судијата кога ќе ја повика мора да излезе и да укаже помош. Еве и Џон Ферн не е крив. И тогаш ти не убедуваше дека не се ни казнети, туку си продолжуваат со нормална работа, само нема да бидат на клупата.

Исто како што нема логичен одговор за тоа ти што го прашуваш, освен ете четвртата точка, која не верувам дека е вистинската причина. Ама ете го спомнува, факт е дека 7 пати го спомнал во последни 8 пати. Последен пат кога Венгер збореше за Мурињо и за Челзи не беше наречен воајер од страна на Мурињо? Или тоа не ти текнува сега? Мурињо е значи воајерот сега.

Пре би рекол дека Мурињо не е навикнат да биде во оваа ситуација и потполно се губи човекот и сите му се криви освен он самиот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Тројца, значи тројца убаво им објаснуваат дека коментарите на Мурињо не се упатени на сметка на Арсен Венгер. Туку кажани се во друг контекст и со друга намера. А тие упорно верглаат дека Мурињо бил опседнат со нив.
Што е проблемот? Не разбирате или не сакате да разберете? Мене ми е јасно дека исцедоци како Факе потешко можат да го сварат тоа, ама посериозниве членови?
 
А тогаш исто реков и дека уште лани имаше шпекулации дека е можно да ја отпуштат Ева, така да не мора да значи дека тоа тогаш беше единствената причина. Нема да дознаеме, а не е ни наша работа да дознаеме. Он си е менаџер и си има право да го смени тимот што работи со него ако сака.

И пак ќе пишам, не е никаква опседнатост со Венгер, само што Венгер е единствениот менаџер моментално преку кој може он да си докаже некаква поента.

А тоа дека не знае како да реагира може да е точно. Прв пат во неговата кариера се соочува со ваква ситуација.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Тројца, значи тројца убаво им објаснуваат дека коментарите на Мурињо не се упатени на сметка на Арсен Венгер. Туку кажани се во друг контекст и со друга намера. А тие упорно верглаат дека Мурињо бил опседнат со нив.
Што е проблемот? Не разбирате или не сакате да разберете? Мене ми е јасно дека исцедоци како Факе потешко можат да го сварат тоа, ама посериозниве членови?
Јасно, коментарите на Мурињо против Вест Хем не се упатени на сметка на Венгер. Јас пишував за све претходно.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
Јасно, коментарите на Мурињо против Вест Хем не се упатени на сметка на Венгер. Јас пишував за све претходно.
А и претходно, ретко кога Мурињо го спомнал Венгер пред овој нешто да каже, или пак новинарите да го напнат со прашања за него.

Последно од Венгер мене ми текнува кога рече дека Раниери е задолжен за успехот на Челзи, од 2004-2007.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Јасно, коментарите на Мурињо против Вест Хем не се упатени на сметка на Венгер. Јас пишував за све претходно.
Колку и да го сакам Мурињо од една страна, толку од друга страна сакам да ја напушти што побрзо лигава. Затоа што не го заслужува.
И да уживаме во монотоноста на Пелегрини, Покетино и останатите. Да уживаме во нивните клише фрази, ,,нека победи подобриот, бла бла бла'', досадни пресови и изјави за медиуми.
Toa што Мурињо го прави со Венгер е класичен ,,dig'' што би рекле Англичаниве и не треба вие, а и сите фанови на Арсенал да го сфаќаат пресериозно. Јас во тоа гледам убавина, мене ми е интересно. Вие тоа го гледате како опсесија. Фудбалот не е само она што се случува на терен. :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Ќути, и Примера не го заслужуваше, не можеа да го сфатат што мислел со тоа што му брцна во око на Тито.

Абе двојни аршини, кога беше обратен случај стануваше збор за воајерство и изјавуваше Мурињо дека чувал тетратка од изјави на Венгер за Челзи од последните 12 месеци, а сега било интересно. Ок интересно е, јас само употребувам зборови на Мурињо. Пазете, и тогаш Венгер зборел под притисок на прашања и на изјави против него. Ова е автогол, исто како и изјавата за фудбалот од 19ти век на Вест Хем. Па и не мора вие да го демантирате тоа по секоја цена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom