Ryan Giggs
tearing you apart since 1991
- Член од
- 27 мај 2009
- Мислења
- 12.163
- Поени од реакции
- 22.618
- Локација
- Скопје - Македонија
- Веб-сајт
- www.youtube.com
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Голем боречки спектакл во Велес. Викендов се одржува „Фајт најт чемпион 3“, турнир во мешани боречки вештини на кој ќе настапат едни од најдобрите натпреварувачи од балканот. Организаторите најавија богата програма. Вкупно 18 борби од кои три аматерски, а останатите 15 професионални. Очекувањата се големи.
„Ќе дојдат многу познати имиња во ММА од балканот. Борците од Хрватска и Србија се одлични. Имаме добар борец и од Словенија и од Црна Гора. Уште поатрактивно е тоа што годинава борбите ќе бидат во кафез, а не во ринг“ рече Раде Стефановски Центар за боречки вештини „Будо“.
Голема чест и одговорност доби велешанецот Илија Андов. Неговата борба протоив Џеват Муфтиќ од БиХ е прогласена за борба на вечерта. Тоа ќе биде големото финале.
„Се борам во категорија -66 килограми. Противникот е доста искусен и атрактивен борец со доста настапи во кариерата. Добро сум подготвен и очекувам добра борба“ рече Илија Андов центар за боречки вештини „Будо“.
На турнирот „Фајт најт чепмион 3“ ќе настапат 10 македонци, од кои дури шестмина од градов. Денеска кажаа дека се добро подготвени. Оптимизам има кај сите и секако очекуваат победа.
„За борбата се подготвувам два месеци. Се чувствувам добро. Подготовките поминаа во најдобар ред. Настапот пред домашната публика е само мотив повеќе“ рече Дејан Трајковски центар за боречки вештини „Будо“.
„Ова ми е прв настап во ММА досега сум се натпреварувал само во кик бокс. Се надевам дека добро ќе се претставам пред публиката и секако на победа“ рече Виктор Китанов центар за боречки вештини „Будо“.
Во текот на утрешниот ден ќе се изврши мерење во категориите. Турнирот ќе се одржи во сабота со почеток во 20 :00 часот во спортската сала „Гемиџии“. Влезот е 150 денари.
Ќе се шлапаат за некоја пара плус за score. Sixt fight night Champion покажува посериозност со секој нов настан. Па може некој од дечките ќе го земат и во FFC.А што е финтава со борбиве вечер некој предквалификации за нешто поголемо се или ? Победниците ке одат на некое друго натпреварување или онака ке се шлапаат вечер?
се виде во велес кој доминира, граплериМи се радува срцето што гледам дека кик-боксот доминира со гласови.![]()
Јас го сакам Бразилското Џиу Џитсу, немам ништо против, напротив и го тренирам. Ама сепак Low kick си е Low kick. Удар, одбрана, болка, се откажуваш или продолжуваш, зависи од волјата. Горе гард, рацете ти тежат, а мораш... кик бокс си е кик бокс братче.се виде во велес кој доминира, граплери![]()
се виде во велес кој доминира, граплери![]()