Клукајте вие антибиотици за све и свашта, изгладнувајте се ради диети или уништувајте се со секаква исхрана, нарушете си го имунитетот и после чудете се зошто и имунитетот на вашите деца е катастрофа. Да имунитетот ви се руши со диети и тие последици ги трпат децата.
Денешниве деца се деца на мајки кои имаат држано секакви диети у младост.
Не ги вакцинирајте децата, нека се шират морбили, дифтериите, тетанусот и секакви останати заболувања шо се СУЗБИЕНИ -
БАКТЕРИИТЕ СЕ УШТЕ ТУКА АМА НЕ МОЖАТ ДА ВЕ ПОВРЕДАТ АКО СТЕ ВАКЦИНИРАНИ
ама тоа ви е, медицината ве труе вас, мислам шо к*р барате на доктор со обични настинки коа веќе сте го знаеле лекот - чаеви, билки, баења и остали срања ...
Инаку, иако постои вакцината се уште имаме болести како туберкулозата, поради невакцинирани случаи....
али нееее.... вие докторите ги сметате за вампири, монстурми пошо сите доктори се собираме еднаш месечно и играме околу мртва мачка и пееме песни и заговараме како да ве оштетиме вас и вашите дечиња....
И за оние „ ќе потпишеш ли ти дека нишо нема да му биде на детето ако го вакцинирам?!?!“ ... а ти ќе потпишеш ли дека преземаш одговорност и медицинска грижа ако моето / други деца се разболат / се ставени во опасност поради болест што е ерадицирана, ама се вратила пошо твоето дете ја има фатено пошо не е вакцинирано?
Имунитет на стадото - е добар за деца кои не можат да ја примаат вакцината, алергични деца, ама не и за галени мамини мази кои се водат според тоа - ако вакцината е штетна нека ги вацинират другите деца и нека умрат, ама не и моето, а моето не го вакцинирам, ако е арна вакцината ќе го штити...
и ко текстот за Анамарија....
текстот е полн со неправилности, надуван со драма и нашиов народ лесно се пали на тоа и удри по докторите, грди коментари ... девојчето е донесено дехидрирано, ацидозно во болница, ама тоа не е битно, не е битно шо е праено пред тоа, битно е дека сакале инфузија за да ја освежат (пошо народов наш е експерт во секое поле), али тоа е сосема друга тема...
Сума сумарум
Ако колнеш доктори, не оди на доктор и при мала настинка.
И со неколку прочитани ебени статии по интернет не си професионалец од област за која некој губи години и години од својот живот за да совлада дел од неа...