Прими го моето извинување бидејќи не сум до толку запознаен со нивната медицинска историја, најчесто одам да им честитам принова во семејството, се запознавам со приновата, останувам 2 до 3 часа и потоа си заминувам. Исклучок се моите блиски роднини кои почесто ги посетувам, а досега нивните деца немале никакви последици од вакцинацијата - засега - фала му на Бога.
Но вообичаено симптомите беа, односно се истите - бебето или плаче со саати, или е мирно и не реагира буквално на ништо, едноставно се однесува полумртво, кога не би ги отворило очите би рекол дека е мртво.
Извини ме, јас не сум ниту лекар, ниту медицински научник, а бидејќи навистина ме боли кога вакви работи се случуваат, воопшто не ме интересираат ни твоите, ни било чии други медицински, научни или не знам какви истражувања и/или објаснувања кои наводно докажуваат дека вакцините се безбедни.
Верувам во тоа што го имам видено со свои очи повеќе отколку што верувам во научните/медицинските истражувања.
Малку повеќе сум конзервативен на таа тема, па затоа извини ме.