Точно дека треба да се искористи ситуацијава со моќен Вардар за зголемување на фан-базата, ама управата тргна во многу погрешен правец. Вардар не беше во ситуација на металург, да биде новокомпониран клуб без фанови, па да продаваат пропаганда за македонски клуб, античка Македонија и слично. Вардар нема потреба од тие двајцата у штитови што мечуваат на тајм-аут, демек од времето на Аце се. Вардар имаше фан-база и пред да стане вака моќен, имаше верни навивачи кои беа тука и кога не беше најсјајно. Со ваквата лоша политика, само донесоа навивачи кои после првиот неуспех или појавување на друг успешен клуб во Македонија (без разлика на спортот) ќе ги снема. Не може Комити да не плукаат по поголемиот дел од тие што се во сала, кога истите до вчера навивале за металург, а сега се дрзнуваат да се претставуваат како поголеми Вардарци од некој што цел живот го поминал на стадион и во сала, па уште плукаат по нив дека се хулигани, клошари и што уште не. Проблемот е и во народот, не само погрешната политика на управата, затоа што нема никаков спортски менталитет, не знаат луѓето кај нас што значи љубов према клуб.