На одржаната трибина
Македонска Национална Академија
организирана од повеќе патриотски здруженија
беа донесени следните заклучоци (резолуции)
З А К Л У Ч О К
ЗА НАМЕТНАТАТА БЕГАЛСКО-ПРЕСЕЛНИЧКА КРИЗА
1. На патот на мигрантските преселби од Блискиот Исток, Централна Азија и Северна Африка кон Европа, за жал Македонија е земја со најмалку политички, стопански, етнички и демографски можности да им помогне на бегалците. Сите други држави се во значително поповолна положба. Повеќето се членки на ЕУ и НАТО и го немаат товарот на внатрешно-етничката поделеност. За разлика од помоќните држави, Македонија нема никаква вина за настанатата бегалска криза.
Покрај тоа Македонија се соочува со:
- Сопствена исселеничка криза, меѓу кои најмногу се исселуваат млади луѓе со високо образование;
- Се соочува со врвот на многугодишна внатреполитичка криза;
- Се соочува со долготрајни надворешно-политички несогласувања со своите соседи;
- Се соочува со најголема невработеност во Европа.
- Македонија и после 15 години не успева да ја реши состојбата со внатрешно раселените лица од воените дејствија во 2001 година.
Затоа, секој подолготраен престој на бегалци-преселници во Македонија во огромна мера ја зголемува опасноста од демографски, политички и стопански потреси со далекусежни последици.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ: НИКОГАШ, МАКЕДОНИЈА, ПОД КАКВИ И ДА Е УСЛОВИ И ОД ЧИЈА И ДА Е СТРАНА, НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИ ПОДОЛГОТРАЕН ПРЕСТОЈ НА БЕГАЛЦИТЕ-ПРЕСЕЛНИЦИ ВНАТРЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ОТСТРАНИ СЕКАКОВ ОБИД ИЛИ НЕЧИЈ ПЛАН ЗА ТАКВА МОЖНОСТ.
2. Независно од било какви погодности и ветувања, македонската Влада не смее да прифати создавање на бегалски кампови и треба да биде соодветно технички и политички спремна да не дозволи наплив на бегалци-преселници поради затворање на границите за движење на бегалците кон соседните држави.
3. Доколку не биде почитуван заклучокот од втората точка, со оглед на големината на опасностите, македонскиот народ треба да биде спремен и организиран да изврши притисок врз институциите на власта и при најмала опасност за отворање на бегалски кампови или друг облик на останување на бегалците-преселници внатре во Македонија.
Организациониот совет се обврзува да даде свој придонес во таква ситуација.
4. Оваа објава влегува во сила од денот на нејзиното донесување, еден примерок, влегува во архивите на организаторите. По еден примерок се испраќа до Претседателот, Владата и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, како и до амбасадорските и конзуларните претставништва на Европските земји и членките на Советот за безбедност при ООН.
Организационен совет на Академијата