Само за вегетаријанци (вегетеријански рецепти)

L

lady fairy

Гостин
Полнети тиквичи.
Тиквичките ќе ги исечеш на парчиња од по 6-7цм, а потоа ќе ги извадиш семките од внатрешноста ама ќе оставиш околу 1цм од долната страна. Потоа ќе го направиш филот за полнење од: ориз, печурки, семките од тиквичите, соја трошки, моркови, кромид, магдоноз и пиперка ( ова го пржиш стандардно првин кромид, па морков, пиперче, тиквичката, печурките,ориз, соја) потоа ги полниш тиквичките со филот и ги затвараш со крукче од патлиџан, ги редиш во тавче и додаваш посолена и зачинета топла вода 2/3 од садот го затвараш со фолија и печеш.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
T
Хммм... епа имам реалативно слаб имунитет. Брзо поткленувам на болести. Имам земено повеќе "додатоци", но сметам дека создаваат зависност отколку што помагаат, и затоа веке избегнувам.
Сепак јадам мнооогу квалитетна храна, и многу брзо закрепнувам (огромна количина на зеленчук, овошје..)

Сепак, мислам дека треба да да се јаде месо. Навистина не знам што ќе правам кога би била бремена и би носела дете во мене. Никако не би ризикувала да не јадам месо и тоа да се одрази на негото здравје. :(
Ти реплицирам бидејќи на оваа тема имам многу размислувано. Не знам дали некогаш ќе одлучам да имам бебе, но дефинитивно нема да почнам да јадам месо во бременоста, ниту, пак, ќе му давам месо на моето дете. Децата треба да бидат огледало на родителите. Зошто моето бебе да јаде виршли и паштети кога може да јаде здрав оброк секој ден...

За мене ова е едноставно, ако дома на масата како малечка не ти стават месо, нема да знаеш дека постои. Ако моето дете е здраво како дрен, не би сакала да му го нарушам здравјето со месо, кое, според мене, нема никакви хранливи состојќи и не е природна храна. Уште од 2-годишна возраст сум одбивала да јадам месо во каков било облик. Понекогаш сум јадела како мала, да, но само затоа што родителите ме принудувале. Резултатот најчесто беше повраќање во ниедно време со неподнослива главоболка. Спротивно на мислењата на храдкор месарите, коските не ми се од желе, а енергија имам повеќе од доволно.

Ако детето, пак, на 10-годишна возраст сака да јаде месо и тоа го побара дома, тогаш ќе добие. Нема да го „силувам“ со вегетаријански принципи.

Инаку, луѓето што јадат риба не се вегетаријанци. Основната дефиниција на вегетаријанството гласи дека тие луѓе не консумираат никакво месо/животни, а рибата е животно. Затоа, сето тоа пескотаријанци мамбо-џамбо, за мене, е само најобично помодарство. Постењето не те прави вегетаријанец.
 
Член од
12 септември 2012
Мислења
70
Поени од реакции
72
My comeback. :)
Со некои работи се согласувам, со некои не.
Зошто моето бебе да јаде виршли и паштети кога може да јаде здрав оброк секој ден...
Зошто кога зборуваме за месо како квалитет оброк да ги спомнуваме виршлите и паштетите. Тие се најшкарт продукти кои содржат месо во нив. Не разбирам зошто луѓето сеуште ги јадат, кога најголем дел од нив знаат од што се направени. Можеби се како мајонезот што ми е мене, толку многу вкусен. JBG :(
Сметам дека додека детето е мало не би требало да биде отсечено од било каков вкус на храна. Кога мислам на месо, мислам на пилешко, телешко... манџи.


Инаку, луѓето што јадат риба не се вегетаријанци. Основната дефиниција на вегетаријанството гласи дека тие луѓе не консумираат никакво месо/животни, а рибата е животно.
Да, сум размислувала на таа тема. Јас не јадам риба. Ја сместувам во категоријата на животни само заради тоа што и кај нив среќаме мајка, деца... размножување...
И биолошки гледано, кога зборуваме за животни, во категорија на животни спагаат и рибите, и птиците и водоземците и сите други 'рбетни животни. Не разбирам зошто рибите и птиците многу често се одделуваат од категоријата на животини. Се разбира дека не се растенија. :cautious:

Постењето не те прави вегетаријанец.
Заради тоа што постот е како Reply на мој одговор, ќе си кажам дека јас сум вегетаријанец со главна мотивација,правата на животните. Не ми се гади од месо воопште, не сум ни повракала, ни па глава ме болело, едноставно ме тепа помислата да јадам вени и мускули :D
Мнооогу време сум вегиталијанец, од кога се сеќавам за мене. Така да, воошто не пагам у никакви искушенија, ни па некогаш месото би ми мирисално толку добро за да можам да не му одолејам и да пробам.

Постењето е добро, но не го поврзувам со вегетаријанството во никој случај. Две различни насоки.


Сепак, на никого не му дејствувала да биде вегиталијанец, а најмалко на луѓето кои ги сакам и почитувам. Тука се и моите идни деца. 5-6 не знам колку :D :D
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
My comeback. :)
Со некои работи се согласувам, со некои не.
Зошто кога зборуваме за месо како квалитет оброк да ги спомнуваме виршлите и паштетите. Тие се најшкарт продукти кои содржат месо во нив. Не разбирам зошто луѓето сеуште ги јадат, кога најголем дел од нив знаат од што се направени. Можеби се како мајонезот што ми е мене, толку многу вкусен. JBG :(
Те разбирам, примерот со виршлите и паштетите го посочив бидејќи познавам многу млади родители чии деца, засега, од месо единствено прифаќаат да јадат токму паштети и виршли. За тие што си ги носат децата на 2 или 3-годишна возраст во Мек Доналдс не сакам ни да почнувам.

Инаку, поентата ми е дека секој од нас мора самостојно да си истражува и да си направи сопствен план на исхрана според тоа што ќе мисли/чувствува дека е добро за него и за неговото здравје. Месото веќе долго време сметам дека не му носи никаква здравствена корист на човекот, напротив, само му штети. Затоа и не би сакала доколку имам дете, а тоа е толку мало што не може да разбере која храна е добра за него, а која не, да го има месото како опција. За понатаму, само ќе си одлучува.

Конечно, делот со постењето не беше директно насочен кон тебе. Само дадов мислење во темава во која многу луѓе велат дека јадат „вегетаријанска риба“ :)
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Едно прашање до вегетаријанците ако можете да ми одговорите. Не сум многу запознаен, дали конзумирате било какви млечни производи? Баткава се декларира како веган, али не ми е јасно преку што би се внесувало доволно протеин ако не преку прашок бидејќи од зеленчук и овошје тешко дека може да се постигне доволно. Е сега од протеините има соин и пченичен протеин но нив телото не ги апсорбира баш најдобро, како подобра варијанта се вејот и протеинот од јајце (зборувам за прашоци) па ме интересира дали на пример вејот би го земале вегетаријанци? Ова го прашувам бидејќи често пати сум размислувал да станам вегетаријанец, иако засега слабо ми оди и јадам месо колку што ќе најдам пред мене во некое идно време :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Колку што јас знам, вегетаријанците јадат производи од животинско потекло, како млеко, јајца, но не го јадат месото од животните. Веганите не јадат ништо животинско, само храна од растително потекло.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Едно прашање до вегетаријанците ако можете да ми одговорите. Не сум многу запознаен, дали конзумирате било какви млечни производи? Баткава се декларира како веган, али не ми е јасно преку што би се внесувало доволно протеин ако не преку прашок бидејќи од зеленчук и овошје тешко дека може да се постигне доволно. Е сега од протеините има соин и пченичен протеин но нив телото не ги апсорбира баш најдобро, како подобра варијанта се вејот и протеинот од јајце (зборувам за прашоци) па ме интересира дали на пример вејот би го земале вегетаријанци? Ова го прашувам бидејќи често пати сум размислувал да станам вегетаријанец, иако засега слабо ми оди и јадам месо колку што ќе најдам пред мене во некое идно време :)

Веганите не јадат месо, јајца, млеко, мед, печурки.
Лактовегетеријанците не јадат месо и јајца, но конзумираат млеко и млечни производи.
Оволактовегетеријанците не јадат месо, но конзумираат млеко и јајца.

Што се однесува до протеините......човековите тело не ги користи протеините директро туку ги разложува на аминокиселини, па потоа ги синтетизира во потребните протеини. За разлика од животинските протеини кои ги содржат скоро сите потребни аминокиселини, веганите потребно е да прават добра комбинација на храна за да ги добијат потребните аминокиселини. Генерално протеините не се проблем кај веганите.....проблем е недостатокот на витамин Б12 и намалениот внес на калциум. Оволактовегетеријанците го немат овој проблем.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.921
Поени од реакции
11.298
Ова го прашувам бидејќи често пати сум размислувал да станам вегетаријанец, иако засега слабо ми оди и јадам месо колку што ќе најдам пред мене во некое идно време :)
О чедо божјо, ме интересира која е причината поради која сакаш да станеш вегетаријанец?
 
A

AnFem

Гостин
Едно прашање до вегетаријанците ако можете да ми одговорите. Не сум многу запознаен, дали конзумирате било какви млечни производи? Баткава се декларира како веган, али не ми е јасно преку што би се внесувало доволно протеин ако не преку прашок бидејќи од зеленчук и овошје тешко дека може да се постигне доволно. Е сега од протеините има соин и пченичен протеин но нив телото не ги апсорбира баш најдобро, како подобра варијанта се вејот и протеинот од јајце (зборувам за прашоци) па ме интересира дали на пример вејот би го земале вегетаријанци? Ова го прашувам бидејќи често пати сум размислувал да станам вегетаријанец, иако засега слабо ми оди и јадам месо колку што ќе најдам пред мене во некое идно време :)
Соја, боранија, авокадо, ориз, грав, компир, сончоглед...
Еве ти и фејсбук група со вегани кои вежбаат. Ако имаш дополнителни прашања, повели!
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Ми треба рецепт за домашно соино млеко. Дали некој од вас правел и знае како се прави? :)
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Гледам темата веќе не е активна 2 години.
Значи тоуку од такозваните семи, меми, лакто, макто вегетарјанци. Најмешно ми падна коа читам Семи. Тоа е како да кажеш: Ја сум семи-курва. Не го примам цел, до пола само :pos:
Или семи-убиец. Нема тука семи - (пола). Или или. Пошто незнам дали некој ќе чита ќе кажам само кратко, сучтината на вегетарјанството е: Ненасилство. Вегетарјанството е старо колку и човештвото. Човекот по природа е вегетарјанец створен.
Веган е нешто ново од 20-ти век и е тема за себе (Тек Веган може да се каже дека е подкатегорија на вегетаријанец, а не како оние порано споменати мамбо-џамбо).
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Ми треба рецепт за домашно соино млеко. Дали некој од вас правел и знае како се прави? :)
Доцнам само година ипол

но ако сеуште ти треба рецептот пиши, да не арчам тастатура за џабе :confused:[DOUBLEPOST=1443787184][/DOUBLEPOST]
Гледам темата веќе не е активна 2 години.
Значи тоуку од такозваните семи, меми, лакто, макто вегетарјанци. Најмешно ми падна коа читам Семи. Тоа е како да кажеш: Ја сум семи-курва. Не го примам цел, до пола само :pos:
Или семи-убиец. Нема тука семи - (пола). Или или. Пошто незнам дали некој ќе чита ќе кажам само кратко, сучтината на вегетарјанството е: Ненасилство. Вегетарјанството е старо колку и човештвото. Човекот по природа е вегетарјанец створен.
Веган е нешто ново од 20-ти век и е тема за себе (Тек Веган може да се каже дека е подкатегорија на вегетаријанец, а не како оние порано споменати мамбо-џамбо).
Не ти се мешам во сексот, не ми се мешај во исхрана :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom