Прашање до
@Strelec и други познавачи:
Пред некоја недела постирав дека сакам да купам инвертер за греење/догревање на 20кв2 соба, буџетот ми беше 30к и се одлучив за Lomo. Сега во последен миг ми понудија половна клима Fonko од 6kw, сплит систем, за да не речам џабе пари.(100 евра). Не можам да најдам перформанси за овие, па ако некој е поупатен, да ме посоветува што да правам, и ако може да ми најде перформанси, за кој модел точно станува збор не знам, само дека е 6 kw обична.
Фала однапред.
Ако е исправна климата, ќе загрева повеќе од успешно... дури и кога температурите ќе паднат под нула (пошто е бајаги предимензионирана за тој простор).
Но таму престануваат добрите работи, еден ОГРОМЕН проблем е фактот дека 6киловатен уред, и тоа ОН-ОФ сплит систем - кога ќе почнува и застанува да дува, во собата урагани ќе ти дуваат и торнада ќе ти се прават.
Летно време за ладење ќе биде ужасно да се седи во таква просторија. Зиме за греење исто ќе биде непријатно со толкава промаја, посебно ако моментално е релативно ладно во собата. Никако не го занемарувај ова, тоа е една од главните предности на инвертор климите - удобноста на користење.
Тоа кажано, за тие пари ако е исправен - вреди уредот. Но не за да го користиш во просторија од 20м2.
Ако не го купуваш, пиши ми приватна порака. Можеби би можел да искористам таква обична стара клима, за еден направи-сам проект.