Судот си го кажа своето, видео снимката е легален доказ и ќе останува дел од судската постапка.
http://www.24vesti.com.mk/snimkata-na-dadilkata-koja-tepa-bebe-kje-bide-dokaz-na-sud
Снимката на дадилката која тепа бебе ќе биде доказ на Суд
25.09.2015 | 19:54
Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката за издвојување на снимката од камерата како доказ во судската постапка.
Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по барање на адвокатот на Т.С., осомничена за кривичното дело – Запуштање и малтретирање на малолетно дете од чл. 201 од КЗ, за издвојување на докзи од предмет поднесено на 10.09.2015 година, донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано.
Бранителот во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материјал претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена како резултат на Посебни Истражни Мерки во согласност со ЗКП и потврдата за привремено одземени предмети и наредбата за вештчње се доказ кои произлегуваат од незаконски направена снимка, па затоа во согласност со законските одредби по чл. 12 ст.2 од ЗКП и чл, 93 од ЗКП побара цитираните докази да се издвојат и истите да не претставуаат доказ во понатамошниот тек на постапката.
Но, по добивање на барањето судијата на претходна постапка прибави увид во предметот со кој на осомничената и беше определан мерка притвор, побара мислење од ОЈО – Скопје и изврши увид по истите по што одлучи дека прибавената снимка е прибавена на законит начин, и истата е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена на МВР од страна на таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.
Имено судијата на претходна постапка цени дека прибавената снимка, која што ја оспорува бранителот, согласно чл 250 ст.1 од ЗКП, може да служи како доказ во кривична постапка, иако за конкретниот кривично правен настан не е издадена посебна истражна мерка од страна на судот, бидејќи, видео материјалот е снимен во приватен имот, односно станот кој е во сопственост на таткото на оштетеното малолетно дете, а видео камерата била поставена пред се за заштита на приватноста на станот и безбедноста на сега оштетеното дете.