UEFA Champions League 2015/2016

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.806
Поени од реакции
44.117
Ај опклада некој со мене оти Сити ќе мине група? Пак почнавте да драматизирате од еден меч. Киксна Сити, киксна и Јунајтед и големо чудно бе, мислиш испаднаа одма. Башка што Сити имаа шанси да го решат мечот, ама не ги искористија. После иде казна, јебига. :)

Јунајтед има меч дома со Волфсбург, после тоа 2 дуели со ЦСКА и меч дома со ПСВ. Да тепаа денеска до 4то коло ќе осигураа праслман. Вака очекувам бар 10 поени од овие 4 меча и чао пријатно. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Се лижеше Факе и у Фан клуб Интер али му рекоа фино да одјебе :icon_lol:

Иначе Сити многу хаотични упм али имаат време.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Викаш го растури ПСВ ама се случи повредата после која сите биле зашеметени. Кога стигна да го растури до 23 минута? Подобри беа во секој случај ама фудбал е вие лани тепавте баррем 5-6 вакви утакмици во ПЛ
Па затоа што не си го гледал мечот затоа носиш вакви заклучоци.

Прво во текот нацел меч држевме контрола на топката и градевме можности за гол. Имаше по повредата пропуштени можности, но пишав во постот дека таа транзиција кога ќе имаше ПСВ контранапад нашата средина и одбрана изгледаа како почетници. Блинд кој искина досега во ПЛ потфрли тука. Дармиан исто. Смолинг и Рохо несинхринизирани изгледаа. Средината лошо ги покриваше контрите. Ерера воопшто не му помагаше на Швајни. Единствени светли точки денес беше играта на Швајни, Марсиал кој беше активен во текот на цел меч и Депај кој се трудеше да направи нешто. Другите сите беа како воз да поминал преку нив. Пример Мата доби подобра топка од Швајни од онаа кога даде гол со ножички лани против Ливерпул, а по приемот му избега во гол аут. Според прикажаната игра заслуживме најмалку бод, а и 3 поени според мене.

Не сакам да се користи повредава на Шо како алиби за поразов иако имаше големо влијание. Впрочем сети се како одигра Арсенал во мечевите кога вакви повреди добија и Ремзи и Едуардо и јасно ќе ти биде.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.503
Поени од реакции
10.257
Не сакам да се користи повредава на Шо како алиби за поразов иако имаше големо влијание. Впрочем сети се како одигра Арсенал во мечевите кога вакви повреди добија и Ремзи и Едуардо и јасно ќе ти биде.
Многу често ова не важеше за Арсенал и никој не го зимаше во предвид. :)
Се додека гомнојадачите не го искусат и тоа на своја глава,ќе има јадење гомна.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
многу стручни лица има тука, ај некој нека објасни како тоа играч кој стартува со 2 нозе и крши нога на противник во 16тник не е за картон да не збориме за пенал или исклучување. се е кажано за натпреварот, утепаа играч и се радуваа на тоа. Само не ми е јасен тој момент кога тие луѓе заработуваат од играње фудбал и не мислат на своите колеги независно што им се противници. Тоа говедо се надевам дека утре некој ќе му ги скрши нозете и ќе се однесува како да е најобичен фаул. аир да не види.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.827
Поени од реакции
17.774
многу стручни лица има тука, ај некој нека објасни како тоа играч кој стартува со 2 нозе и крши нога на противник во 16тник не е за картон да не збориме за пенал или исклучување
Стиснав ми се допѓа само поради делот до овде.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.863
Поени од реакции
10.231
Па затоа што не си го гледал мечот затоа носиш вакви заклучоци.

Прво во текот нацел меч држевме контрола на топката и градевме можности за гол. Имаше по повредата пропуштени можности, но пишав во постот дека таа транзиција кога ќе имаше ПСВ контранапад нашата средина и одбрана изгледаа како почетници. Блинд кој искина досега во ПЛ потфрли тука. Дармиан исто. Смолинг и Рохо несинхринизирани изгледаа. Средината лошо ги покриваше контрите. Ерера воопшто не му помагаше на Швајни. Единствени светли точки денес беше играта на Швајни, Марсиал кој беше активен во текот на цел меч и Депај кој се трудеше да направи нешто. Другите сите беа како воз да поминал преку нив. Пример Мата доби подобра топка од Швајни од онаа кога даде гол со ножички лани против Ливерпул, а по приемот му избега во гол аут. Според прикажаната игра заслуживме најмалку бод, а и 3 поени според мене.

Не сакам да се користи повредава на Шо како алиби за поразов иако имаше големо влијание. Впрочем сети се како одигра Арсенал во мечевите кога вакви повреди добија и Ремзи и Едуардо и јасно ќе ти биде.
На Ремзи кога му ај скршија ногата ги тепавме стоките 1-3 а со Бирмингам 2-2 :cool:
Не е тоа поентата ја не реков дека сум ја гледал утакмицата само прочитав што напиша ти дека сте ги растуриле ама после повредата биле потресени а повредата на средина на прво полувреме. Значи не е повредата проблем за да растуриш некој треба да го надиграш 90 минути. Еве и сам викаш дека потфрлиле повеќе играчи. Арсенал редовно "растура" и прима лев гол. Ама Баерн, Барса, Реал не. Јунајтед е иста песна чак и полош од кога замуина Фергусон и вакви порази не ме чудат. Али сфаќам навивачки секој така гледа кога тепаш од две контри а те напикале во шише цел натпревар то е победнички менталитет, класа и тн, а кога губиш на тој начин не чини
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
На Ремзи кога му ај скршија ногата ги тепавме стоките 1-3 а со Бирмингам 2-2 :cool:
Не е тоа поентата ја не реков дека сум ја гледал утакмицата само прочитав што напиша ти дека сте ги растуриле ама после повредата биле потресени а повредата на средина на прво полувреме. Значи не е повредата проблем за да растуриш некој треба да го надиграш 90 минути. Еве и сам викаш дека потфрлиле повеќе играчи. Арсенал редовно "растура" и прима лев гол. Ама Баерн, Барса, Реал не. Јунајтед е иста песна чак и полош од кога замуина Фергусон и вакви порази не ме чудат. Али сфаќам навивачки секој така гледа кога тепаш од две контри а те напикале во шише цел натпревар то е победнички менталитет, класа и тн, а кога губиш на тој начин не чини
Логика што беше тоа :
играчот кој му ја сјеба ногата на ремзи доби црвен картон , овдека играчот доби дозвола да убива на терен ништо повеќе. Играчот што му ја скрши ногата на ремзи излезе крпа блед знаеејќи што направил, овде играчот иако виде дека станува збор за скршена нога отиде и си жонглираше со топка за да не се олади. тоа се тие споредби тоа е тој начин на неразлислување или у превод нешто да се каже колку да има запис дека е нешто кажано.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.827
Поени од реакции
17.774
Дека треба да продолжат да играат и да победат и ова колку толку да го сведат на минимално ниво (ефектот на повредата и влијанието негово) треба ама луѓе се бре. Ние в мала фудбал да играме дента ако имал некој фудбалер недај боже срцев удар малце нешто да не умори подстисни во градите филмој тепаме во глата а не пак овие.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.863
Поени од реакции
10.231
Логика што беше тоа :
играчот кој му ја сјеба ногата на ремзи доби црвен картон , овдека играчот доби дозвола да убива на терен ништо повеќе. Играчот што му ја скрши ногата на ремзи излезе крпа блед знаеејќи што направил, овде играчот иако виде дека станува збор за скршена нога отиде и си жонглираше со топка за да не се олади.
I ja bi bil nakurcen posle vakva povreda dvojna skrsenica :lut: ama ne gi sporeduvaj ovie dva smrtnicki startovi so toj na Moreno. Startot bese ostar ama ne bese malicious sto vikaat anglicanive.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Многу често ова не важеше за Арсенал и никој не го зимаше во предвид. :)
Се додека гомнојадачите не го искусат и тоа на своја глава,ќе има јадење гомна.
За тие натпревари кога се случија тие повреди не знам кој не го земал во предвид тоа. Секако дека има влијание, а би имало и влијание и во текот на сезоната. Арсенал ја имаше таа мака со повредите што е точно и има директно влијание на крајниот пласман, но тука оди и вина кај Венгер кој имаше плитка клупа која беше далеку понеконкурентна од оваа на пример што ја има во моментов.

На Ремзи кога му ај скршија ногата ги тепавме стоките 1-3 а со Бирмингам 2-2 :cool:
Не е тоа поентата ја не реков дека сум ја гледал утакмицата само прочитав што напиша ти дека сте ги растуриле ама после повредата биле потресени а повредата на средина на прво полувреме. Значи не е повредата проблем за да растуриш некој треба да го надиграш 90 минути. Еве и сам викаш дека потфрлиле повеќе играчи. Арсенал редовно "растура" и прима лев гол. Ама Баерн, Барса, Реал не. Јунајтед е иста песна чак и полош од кога замуина Фергусон и вакви порази не ме чудат. Али сфаќам навивачки секој така гледа кога тепаш од две контри а те напикале во шише цел натпревар то е победнички менталитет, класа и тн, а кога губиш на тој начин не чини
А го памтиш перформансот од тие натпревари? Јас баш ја следев таа со Бирмингем кога игравте и кога тие 2 гола ги прими Арсенал токму ради таа паника која ја имаше меѓу играчите.

Инаку зошто не го читаш тоа што упорно ти го потенцирам...Имавме лоша транзиција при нивните контри и тоа не при вториот гол, туку при скоро секоја контра кога ќе дојдоа до наша половина. И тука се казнавме ние. Јунајтед баш оваа сезона е баш предобар кога треба да се запрат тие контранапади и баш од тука може да се примети колапсот. Со самото тоа што Блинд беше поставен на лев бек целиот концепт се загуби. Баш во тој дел од теренот каде што треба да си концентриран 100% и да затвориш и покриеш навреме. Тоа се испушти. Ние ги издоминиравме во поголем дел од мечот и имавме 2-3 100% можности веднаш по голот и уште неколку други шанси кои доколку се реагираше подобро ќе беше и друга сликата.

I ja bi bil nakurcen posle vakva povreda dvojna skrsenica :lut: ama ne gi sporeduvaj ovie dva smrtnicki startovi so toj na Moreno. Startot bese ostar ama ne bese malicious sto vikaat anglicanive.
Не мора да има намера...Остар старт кој заврши со тешка повреда во казнен простор, а не беше досуден ни фаул (пенал), а камоли картон.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
I ja bi bil nakurcen posle vakva povreda dvojna skrsenica :lut: ama ne gi sporeduvaj ovie dva smrtnicki startovi so toj na Moreno. Startot bese ostar ama ne bese malicious sto vikaat anglicanive.
стартот е со две нозе, и според она што може да се види уствари противникот му ја крши ногата пошто му ја приклештува а не тоа што шо паднал незгодно или се сопнал од трева. јасно е ко бел ден, старт со две нозе е црвен картон а во случајов и пенал. што ќе се случеше да играа со играч помалце и да попиеа гол од пенал може само да фантазираме.
 
H

HoT IcE

Гостин
Факт е дека Англиска лига е во слободен пад кога е прашање на квалитет, од играчки кадар, до менаџери и пристапи на игра и општо фудбалска филозофија. Доказ за ова е чичо Ван Гал со Фелаини у напад и нафрлувања преку курца како преставник на Англија во најсилно европско натпревурање. It feels like its 1990. Па и тогаш потечен фудбал се играло.
Друг факт е дека е само еден меч е сеуште рано.
Трет факт е дека Пелегрини е апсолутно теле за тактика и Сити откако е дојден Пелегирни до сега нема развиено друг стил на игра или план Б, и сеуште исто тераат на индивидуални квалитети на Агуеро и Силва.
Исто и факт е дека Арсенал игра најмодерен фудбал од цела ПЛ ама се тешки телиња за одбрана и во дерби мечеви се губат како гуски у магла.
И ова година ќе биде фијаско за англиски екипи, прилично сум сигурен. А сакам да се деси фијаско и тоа четврто место да го изгубат за да видам дали ќе има некоја реакција или пак ќе возат на лева лента како и увек пошто се британци све им ебем.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.863
Поени од реакции
10.231
стартот е со две нозе, и според она што може да се види уствари противникот му ја крши ногата пошто му ја приклештува а не тоа што шо паднал незгодно или се сопнал од трева. јасно е ко бел ден, старт со две нозе е црвен картон а во случајов и пенал. што ќе се случеше да играа со играч помалце и да попиеа гол од пенал може само да фантазираме.
Немаше среќа Шо. Стартот е опасен да ама колку само има вакви стартови кој поминуваат без последици...што би било кога би било уште да знаевме :) . Незнам може ќе му дадат некоја суспензија на Морено ама џабе е сега се деси
 

Kajgana Shop

На врв Bottom