the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Денес, Македонија го игра последниот меч од својата група, а многу лесно ќе значи и последен меч за ова Европско првенство, доколку не успееме да ја совладаме фаворизираната Словенија. Игорче вчера губеше струја, па за време на мечот со Грузија правеше пресметки како денес ќе треба да ги победиме Јанезите со над 20 поени разлика што не е точно, нам и победа од 1 кош разлика ни значи (веројатно) пласман во 1/8 финалето. Но после вчерашното разочарување и дебакл од Грузија, прашање е како да се дојде до победа против една екипа која е за една класа подобра од нашиот вчерашен противник? Се надевам играчите и штручниот штаб го знаат одговорот на ова прашање, па се надевам на многу, многу подобро издание на нашите и секако на победа.
Напред Македонија!!!
Напред Македонија!!!