Си имаме игра со Законот за заштита на лични податоци. Субјектот на лични податоци треба да е информиран кога се обработуваат податоци за него. Па така ако пример некој објект е под видео надзор МОРА да се истакне известување дека објектот е под видео надзор (земете ги некои куќи, плацеви со коли, фабрики и сетете се на оние сликчиња/налепници и таблички надвиснати каде стои камера и пишува дека објектот е под видео надзор) Прајме муабет за снимање, и снимки кои можат да се земат без проблем како докази.
Битно. Известувањето треба да биде јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што ќе им овозможи на субјектите на личните податоци да се запознаат дека се врши видео надзор.
Еден контролор може да врши надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен. То значи, пример ако поставуваме видео надзор за заштита на сопственоста тогаш камерата снима строго само пред влезот да речиме (имав јас комшии на кои му украдија неколку пати делови од колата, па така камерата што се постави по претходно одобрено барање, сега снима строго пред гаража, и никако на улица или подалеку, строго кај шо стои колата). Или ако директорот пример поставил камера за да снима дали вработните идат на време, таа го снима влезот. Секое поставување на камера по канцеларии пример во овој случај е против законски. Строго се потенцира правото на приватност. Плус како нешто дополнително е препораката од Дирекцијата за заштита на личните податоци е да сите контролори кои имаат намера да постават камери, да побараат мислење од дирекцијата за бројот на камери, местоположбата и слично кои таа ќе ги одобри.
Контролорот може да врши видео надзор во неговите службени или деловни простории ако тоа е потребно за: заштита на животот и здравјето на луѓето, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата или обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Шо значи за да има една ,,снимка" доказна вредност, треба да помине низ некои метании и да задоволи одредени барања. Во случајот со детето, приватно оди снимањето без најава и нешто што спомнав од погоре. Како требало да постапат родителите? Кога забележале модринки на детето и кога посомневале на дадилката, прво нешто што требало да направат е пример да се обратат до МВР. Во тој случај може да се постават темелите на една правна развршница на случајот. Како ќе постапи МВР тоа е различно, дали ќе одат со разговор со дадилката, дали ќе се постави камера во домот на родителите и слично тие си знаат. Па дополнително пример испитувања на доктор на бебето и модринките, вештачење околу начинот на нивно формирање (тука некој повешт со медицина ваљда повеќе ќе кажи) и така натаму.