Дадилка - Монструм во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cappie
  • Време на започнување Време на започнување
Па ние реално немаме доказ дали оваа снимка е прибавена со дозвола од МВР, односно дали МВР предходно биле известени за истово.
Па така и потенцирав :) т.е изнесов мислење дека родителите приватно си снимале, во стилот, абе мажу детево има модрици, абе да, можи да е дадилката, че клам јас камерче да видам шо е како е, мож че ја фатиме (ова е моја верзија, што впрочем можи да се види и од изјавана на адвокатот дека оди на истото, снимка прибавена на незаконски начин)
 
Ja da sam koga ke dodje utredenta da go cuva bebeto, ke ja zatvoram vratata i ke i recam ako e tolku jaka u tepanje neka se proba sea so mene..za bebeto videvme deka e jaka aj sea vtoro kolo so mene utakmica...
 
Психопатското кај женава не е тоа што го тепа детето со шамари и тресењето на количката, не ме сфаќајте погрешно тоа е болно до бескрајна мера и само буквално монструм може да го направи, не е психопатски. Тоа мене што ми е језиво и психопатски е начинот на кој го третира детето, како му збори и како му се дере. Како детево да е 15 години, а не 5 месеци и како да може да ја разбере. "Ајде пак ли ќе плачеш сега", "заќути веќе еднаш" и тоа во фаца и се гледа дека е сериозна кога му го збори ова на детето, како да очекува кутрото да ја сфати неа. Искрено и немате право да ги обвнувате родителите, сигурно пред неа се понаша како старата добра женичка од ќошот што сака деца и што веќе има израснато неколку нејзини, за после тоа да се види за каков психопат и монструм всушност станува збор.
 
Стандард карактеристика кај психопатите е тоа што се со едно лице кога се со жртвите, а со друго лице пред јавноста. Според коментарите на тие што живеат во нејзиниов крај, ни на крај памет не би помислиле за женава нешто лошо, реп имала ко добра фина жена. Така и повеќето психопати и сериски убијци.
 
Единствено што треба е родителите да кажат дека имале на вратата ставено некој лист на кој пишувало дека се снима, ако има потреба некој од соседите да потврди и МВР да побара снимката да ја користи како доказ. Поедноставен случај, здравје.

Таа може да тужи за тоа што ја објавиле на нет, ама кого го боли за тоа.
 
Ете ова е резултат на мајка со кариера во денешно време, сопственото дете му ја доверува на псикопат да и ја зачува, бидејќи нормално поважно е кариерата отколку сопственото дете.

Во овој случај 90% според мене има вина семејството. Кај кур море се остава соптсвено дете на непознато лице да се чува?!
 
Ете ова е резултат на мајка со кариера во денешно време, сопственото дете му ја доверува на псикопат да и ја зачува, бидејќи нормално поважно е кариерата отколку сопственото дете.

Во овој случај 90% според мене има вина семејството. Кај кур море се остава соптсвено дете на непознато лице да се чува?!

ПсиКопат....

Лесно е да се каже дека родителите се виновни, затоа што избрале кариера и детето го оставале на непозната.
Ај ако не сите мајки да седат дома. Децата се најголемо богатство и они се најважно нешто, но треба да се мисли и за иднината.

Може мајката е вработена во приватна фирма во која не и е ветено, дека работната позиција ќе и ја чуваат 9 месеци. Или оди во смени, па тогаш градинките не работат, живеат далеку од бабите и дедовците... итн
Има случаеви каде мајката нема друг избор, па уште во 5 месец го остава бебето да го чува друга жена, а она се враќа на работа.
Запрашај се и зошто некои газди не вработуваат девојчиња.

Во странство од 3 месеци ги оставаат на чување.
Жена за чување деца е мачка во вреќа.

Е сега ќе судиме ако се знае дали и била непозната, дали е по препорака од други родители или е некоја што претходно ја познавале.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Ете ова е резултат на мајка со кариера во денешно време, сопственото дете му ја доверува на псикопат да и ја зачува, бидејќи нормално поважно е кариерата отколку сопственото дете.

Во овој случај 90% според мене има вина семејството. Кај кур море се остава соптсвено дете на непознато лице да се чува?!
Оди кажи и на тетка ми што работи на клиника по 15 саати и дежура за да му овозможи млеко и пелени на братучед ми и лекови за тетин ми, дека поважна и е кариерата отколку детето... Македонија и бркање кариера, па може ли да бидете понаивни од ова?


Ебаве тоа, лесно ви е да коментирате, тато носи - мама меси, ни знаете што какви судбини има, ни ништо, комфорната зона ни на сон ненапуштена.
 
Ќе ја извадат дека незаконски е снимана, ќе ја направат луда и ај, со некој месец ќе излезе.


Затоа постои друг начин за решавање, а и жива да остане за да се присетува секој ден.

Стварно мајката ја држеле за да не ја задави или Далај Лама братучед и е?
Има друг начин, ја успиваш и на чело со мастило (оние ЈНА тетоважи) и тетовираш мразам/тепам/јадам деца или нешто во тој стил и ја оставаш пред нејзина порта. Нема замарање ниту судови, ниту социјални мрежи, ниту ќотек фино лепо маркирање и никад нема да чува луѓе (не само деца).
 
Жално е што истото се случува и во градинки и училишта, на работни места и т.н. Само што разликата е што жртвите се на малку поголема возраст.
Од друга страна истото се случува во многу голем процент од самите родители......како и да е, системов штанца психопати на велико. Она што е фрапантно е што треба да се случи вакво нешто за да се види дека е усрана работата до максимум, а предходно демек не било приметно.........или можеби уште никој неможе да примети.
 
Адвокатот поднел приговор во врска со снимката. Наводно не може да се користи како доказ. Напраив на брзина проверка на гугл за ситуацијата во америка и дури 13 држави во америка имаат донесено закон со кој тајното снимање на дадилки е незаконски. Во другите држави решаваат од случај до случај. Како и да е, модриците и повредите се видливи и монструмов нема да може да избега а и подобро да си седи во затвор надвор ќе и биде поопасно.
 
Faith in humanity ...lost forever.
Не сакам да коментирам за оваа болнава бидејќи пола народ ни е таков, ако не и поголем процент. Немаштијата и глупиов фамилијарен наметнат систем направи секој втор да се умоболен и да чека било каков момент на слабост за тензија или уште полошо. Го гледам тоа меѓу луѓево, од што немаат ништо едвај чекаат да ја покажат силата и да се испоубијат. Сите други вредности немаат ни в повеќе. Ако веќе почна процесот на самоуништување, зачетокот дефинитивно е овде. \m/[DOUBLEPOST=1441872227][/DOUBLEPOST]
Ете ова е резултат на мајка со кариера во денешно време, сопственото дете му ја доверува на псикопат да и ја зачува, бидејќи нормално поважно е кариерата отколку сопственото дете.
Во овој случај 90% според мене има вина семејството. Кај кур море се остава соптсвено дете на непознато лице да се чува?!
Малограѓанштина. Или во превод mind your own business.
Од ова патиме најмногу. Затоа се изнародија мекотели колку сакаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom