Дадилка - Монструм во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cappie
  • Време на започнување Време на започнување
Е незаконски. Имаше дебата за сличен случај од правно лице. Ни во свој дом не смееш без да знае другото лице, освен ако не е пријавено во МВР со нивно надгледување.

Правела пари.
Ама тоа е веќе друга тема.
Па тогаш зашто ќе го снимам.
А во моја куќа што сакам ќе правам.
Ако е така тогаш и камерите за обезбедување кога ќе снимат некоја кражба тоа е незаконски па извршителот нема да одговара.
 
Па тогаш зашто ќе го снимам.
А во моја куќа што сакам ќе правам.
Ако е така тогаш и камерите за обезбедување кога ќе снимат некоја кражба тоа е незаконски па извршителот нема да одговара.
Пааааа мислам дека затоа има знаци во вид на „објектот е под видео надзор“, мада не сум правник и не можам да тврдам.
 
Знам дека ќе горам во пеколот (може па и не не знам) и не ми солете памет, ама моментот коа му кажа „мајмун еден“ ми беше ептен смешен :icon_mrgr:

Страшно е што дете од 9 месеци доживеало ваква тортура.
Што е најстрашно ние знаеме што се случувало еден ден, а каде се другите 5 месеци кај што не знаеме што се му правела.
Да му ја гмечиш главата, да му маваш шамари... страшно...
 
Па тогаш зашто ќе го снимам.
А во моја куќа што сакам ќе правам.
Ако е така тогаш и камерите за обезбедување кога ќе снимат некоја кражба тоа е незаконски па извршителот нема да одговара.
У реду е.

Агенција за обезбедување е пријавена во МВР и е со дозвола.
 
Ги прочитав сите страни поназад и сеуште не знам дали сте сериозни со муабетите дека забрането е да се снима тајно без договор со полиција во своја куќа.

Како ондак јас би се пазел од лопови или некој друг рандом граѓанин ?
Како ондак јас би можел да водам судска постапка против некого кој се обидел да провали кај мене дома и камерата го фатила на дело ?
Сигурно во полиција нема да ми речат,ние не сме знаеле дека си снимал,не ти важат снимките пошо со компир камера си снимал.

Доста бе,валидни се снимките,куќата на луѓето е нивна и нивна сопственост,што сакаат ќе прават во неа и кај сакаат ќе ставаат камери.
Бидејќи се работи за нивна и безбедност на нивните деца.
 
Ма смееш бе оваа глупост испадна сега со оваа снимкиве со прислушувањево,па овие го наметнаа тоа дека е нелегално и сеа ке се перат адвокативе со овие фрази,
ДОКАЗ си е ДОКАЗ нема легално не легално стекнат

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Ама ова го кажуваш ти,истото го викам и јас,ама ни ја ни ти немаме познавање од областа на законите.

Нека се пушти некој адвокат,и нека образложи од А до Ш како е и што е.
 
Ма смееш бе оваа глупост испадна сега со оваа снимкиве со прислушувањево,па овие го наметнаа тоа дека е нелегално и сеа ке се перат адвокативе со овие фрази,
ДОКАЗ си е ДОКАЗ нема легално не легално стекнат

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Не сум правник али колку само има.
 
Ги прочитав сите страни поназад и сеуште не знам дали сте сериозни со муабетите дека забрането е да се снима тајно без договор со полиција во своја куќа.

Како ондак јас би се пазел од лопови или некој друг рандом граѓанин ?
Како ондак јас би можел да водам судска постапка против некого кој се обидел да провали кај мене дома и камерата го фатила на дело ?
Сигурно во полиција нема да ми речат,ние не сме знаеле дека си снимал,не ти важат снимките пошо со компир камера си снимал.

Доста бе,валидни се снимките,куќата на луѓето е нивна и нивна сопственост,што сакаат ќе прават во неа и кај сакаат ќе ставаат камери.
Бидејќи се работи за нивна и безбедност на нивните деца.

Смееш да снимаш, ама не смееш да објавуваш снимки јавно без дозвола од тој што го има на снимките.А ако сакаш снимките да ги користиш како материјалл за доказ треба надлежните од МВР да се информираат па тие да отпочнат постапка..
 
Ако убаваш човек во некоја шума и некој те сними со телефон снимката е доказ дека си извршил убиство, како може таа снимка да не биде валидна ? Кога јасно се гледа како може таков доказ да биде легален или не легален, што ке бараме во шумата днк влакно твое ? Тоа ли е доказ ?

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Ги менуваа мислам законите или ставките во нив.
Во зградата имаме камера, пред да се донесе законот за куќен совет камерата можеше да снима ама демек снимките нема да се земаа за валиден доказ затоа што не беше пријавена од никого.

Сега со куќниот совет, како правно лице е поднесена молба ваљда ( навистина го мразам правото и не сум тотално запознаена ) и снимките може да се земат како валидни.

Бизарно е знам ама има некој дел од законот кој е сјебан за во вакви ситуации.
 
Toa што се надоврзав беше онака, да укажам дека психопати доаѓаат у секаква форма, и од секаква позадина. Еве, оваа била постара жена, може пензиoнирана, невработена, whatever. Нашава професорка имаше огромна бунда од вистинско крзно, обетки поскапи цела моја гардероба тогашна дома, итн. you get the picture. Не беше социјален случај, лежеше на пари. Дали била мажена за некој богат или од богато семејство била, небитно. Цел клас остана со трауми од неа.

Не се слагам со физички дисциплински мерки во образовна институција. Сметам дека не припаѓаат таму. Ако треба негде да бидат воведени, треба да бидат воведени дома, од страна на родителите, или кој и да е друг семеен член задолжен за чување на децата, ако се навистина вон секаква контрола. Значи, како крајно решение, а не default постапка или некаков modus operandi. Има начини за воведување дисциплина како родител без да се потпреш на физичка казна. Повеќето родители денес ги мрзи да потат мозок за тоа и да најдат алтернативи, и затоа лета раката и лево и десно, затоа што најлесно е да мавнеш. И затоа при првото негодување со доенчево, вештеркава замавнува и го "средува" проблемот со насилство. Затоа што изгледа и она така е растена дома. И не знае за друг начин, нејзините родители не примениле веројатно. Ова онака лупам, поим немам кој и е навистина проблемот, окамов жилет диктира дека најверојатно е скрената, и може е. Ипак небитно. Поентата ми е, таа физичка дисциплина кај некои случаи е и прекористена, и резултира со далеку понестабилни особи од тие што може ќе пораснеле во колку-толку океј нарав, и покрај силеџењето.

Од друга страна имаш родители кои ги китат децата со се што ќе посакаат уште од мали, и за да не плачат или кукаат, им даваат се. Истите пораснуваат во збеснати тинејџери кои возат порше на 16 години на улица како да се на Див Запад, се дават во алкохол и фрлаат пари по стрип-клубови, елитни кафичи и коцкарници. Дали на нив им треба физичка дисциплина? Верувам ќе кажеш да. Јас би рекол дека едино нешто што требало додека растеле е зборот "не". Не го слушале доволно и не бил истиот испочитуван исполнет од страна на родителите. Да, некој ќе се плаши од ќотек, ама има такви и кои се навикнуваат на ќотекот. На крај ќе истрпи ќотек и ќе тера по негово. Ова знам по мене, и по мног други. Остај што физичка дисциплина знае и да ја наруши блискоста и динамиката во семејството. Главната дисциплина е ментална. Кога дете ќе научи дека не може да добие се што ќе посака во животот, и дека животот не е фер многу почесто него ли обратно, е поефективна стратегија него ли ќотек. Ќе знае кои му се очекувањата, и кои се шансите истите да бидат исполнети. А кога ќе бидат исполнети, ќе ги цени многу повеќе него ли некоја мамина или татина маза навикната буквално се да добие што сака, кога сака, колку сака.

Ако веќе се применува некаква воспитна мерка, физичка дисциплина и сл. надвор од домот, ако е во склоп на образование, да биде во физичкото образование. Некој се тепа со пола клас пошто нејќат да му писнат? Опни го со некој колку него, и некој со сличен нарав, и стај ги во ринг нека се тепаат ако им е до тепање дојдено. Може еден или двајцата ќе ги бива за бокс/кик бокс. Може е негативна енергија или тензија натрупана внатре и немаат како да ја извадат. Ако не се тепаат, ондак е прашање некој комплекс, што да речеме перцептивно послаби од нив замараат физички и психички. Исто ако некој прави проблем со наставниците, прати го нека трча кругови околу школо или да прави склекови, па нека смее да папса. Со ладна вода туш и назад во клас. Не сум фан на војската, али едно нешто што имам почит за нив, е што имаат традиционално еден од најдобрите воспитни системи и вкоренувачи на дисциплина кај човекот, без да треба некој да биде тепан. Доволни се активностите како казна што се спроведуваат. Ете алтернатива. Проблематично дете? Прати го година дена во војска, ќе се врати како нов. Ама немаме таков систем кај нас, за тоа би се согласил. Исто како што би се согласил и за тоа дека не само родителите, него и тие што ни се на власт се криви, затоа што во склоп на подобрување на образованието, не прават ништо на поле продуктивно справување со недостаток на дисиплина кај истото. Најмногу зошто голем дел од спомнатите господа се токму таквите несовесни родители кои ги спомнав претходно. Why fix when it ain't broken?

Можеби не се разбравме, тоа што го мислев е физичката казна (во образованието) да биде применувана во екстремни ситуации и во точно определена форма. На пример неколку прачки по дланките. Се разбира дека дисциплинирање базирано исклучиво врз физичка казна нема да функционира.

Војската има голема ефикасност во дисциплинирањето затоа што таму хиерархијата е неоспорна, а методите на дисциплинирање се 100% спроведливи.
Образованието по новите бранови на „либерализација“, едноставно нема доволно ефикасни методи на казнување.
Ете замисли наставник си и имаш неколку разгалени копиљаци во одделението, кои ни дома никој не ги контролира не па ти. Што метод ќе употребиш?
Не можеш копиљаците да ги пратиш да чистат тоалети. Не можеш да ги натераш да прават склекови и да трчаат кругови. Не можеш цело одделение да го натераш да прави склекови, па навечер да ги „ќебуваат“ (процес што инволвира ќебе кое како вреќа содржи поголемо количество сапуни, и потоа целиот тој куп се употребува за тепање на заспаниот „злосторник“).
Што ќе направиш ти во тој случај? Ќе ги испратиш на разговор со педагог/психијатар? Така едно 10тина пати? Ќе ги повикаш родителите? Па кога ќе дојдат некои дибеци, можеби покондурени сељачишта на разни државни функции, па кога ќе фатат да те убедуваат дека нешто си грешка пошто нивните деца се најбољи на свет...

Забегувам, ама мислам дека ми ја разбираш поентата. :)
Не можеш физчкото казнување да го оставиш исклучиво од домашните. Пошто ако тие си ја завршиле работата дома, немало ни да има проблеми на училиште. Како да очекуваш потоа дома да ги спроведат инструкциите од наставниците, за казнување?
Затоа системот не функционира.

Физичкото казнување е дел од нашата еволуција. Сите цицачи новите поколенија ги „едуцираат“ преку физичка казна. Едноставно преку болка најлесно се памти што не смее да се прави.
Не само тоа, туку порано целата заедница учествувала во едукација на децата. Некој постар, со право ќе го зашлапал некој копиљ ако го начека како прави беља. Денес така истиот на суд ќе заврши, и нормално сите се тргаат на страна. Невоспитаните копиљаци остануваат невоспитани, барем се додека не прекршат некој закон (не дека овде законите секогаш се спроведуваат).

Денес либеризацијава ги забега работите. Еве еден пример со мој другар, и неговиот мал копиљ. Малиот има лоша навика да си игра со струјни кабли (озбилен сум) а татко му или го игнорира или го „кара“ со детални и долги објаснувања зошто не смее да го прави тоа, па дека тоа била струја, па дека тоа можело да му наштети, итн...
Како одговор на ова една варијанта би да се остави детето да „се удри“ за да научи што боли. Но едно е да се изгори малку од печката, за да се научи да не ја фаќа - а сосема друго е да го фати струја додека си игра со струјни кабли. Во тој случај едно добро тепање ќе помогне да се емулира физичката болка која е неопходна за да се научат некои работи.
 
Последно уредено:
Ако убаваш човек во некоја шума и некој те сними со телефон снимката е доказ дека си извршил убиство, како може таа снимка да не биде валидна ? Кога јасно се гледа како може таков доказ да биде легален или не легален, што ке бараме во шумата днк влакно твое ? Тоа ли е доказ ?

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Тое а јавна површина.На јавна површина мислам дека смееш да снимаш секој,или не смееш Полиција(мада како што гледам по протести и слично,смее и кај нас да снимаш полиција) освен ако вршат некоја акција или апсат некого,па да не му снимаш лице.

Различно е шума-парк-паркинг од дом=куќа.
 
Ако не е доказ пред судот доказ е пред мене, јас ќе и судам.

sent from my cigla
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom