Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
Не сум правник али вака би требало да стојат работитеЗдраво.
Ми треба помош околу долг кон ВИП Оператор, ако има некој некакво искуство или познавање за правна помош.
Долгот е од 2009, договорот мислам беше од 2008 или 2007, неможам да го најдам.
2010 и 2011 ми има стигнато опомена пред тужба од адвокат кој ги застапува. Но тужба немам добиено.
2013 од нивниот адвокат добив "последна опомена пред присилно извршување на наплата на долг кај извршител" каде што бараат ВЕДНАШ да го платам главниот долг и судските трошоци, со можност да склучам Вонсудска Спогодба долгот да го платам на рати, без камата и адвокатски трошоци.
По еден месец добив од извршител "Налог за Извршување" каде што ми се определува забрана за 1/3 од плата. Но јас од тогаш не зимав плата од тука, имав фирма, но беше во мирување, не бев во државата. Така да нема од каде да ми сопират.
За на крај пред 2 дена ми стигна пак писмо од нивниот адвокат "известување за поднесено барање за извршување кај извршител и можност за плаќање на долг со одредени поволности" каде што бараат веднаш да го платам долгот во целост и 50% од адвокатски трошоци и извршни трошоци, ќе биде простена камата.
Дали сега може да поднесам приговор за застарен долг? Ве молам кој може да ми даде совет што да правам.
Ви благодарам
Закон за облигациони односи
Едногодишен рок на застареност
Член 367
(1) За една година застаруваат: 1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството; 2) побарувањето на радиостаница и радио-телевизиска станица за употреба на радио-приемник и телевизиски приемник; 3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и 4) побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот за времето за кое е нарачана публикацијата.
(2) Застарувањето тече иако се продолжени испораките или услугите.
Ова е за граѓани, за правни лица мислам дека застареноста оди и до 3 години (ако телефонот ти беше регистриран на фирма) но НЕ сум сигурен за телефонија, знам дека за комунални услуги кај фирмите рокот за застареност е 3 години.
Шо треба да направиш:
1. Провери ги добро датите, датата на сметка за која те теретат и датата на која ти стигна извршителен акт
2. Провери дали на извршителниот акт ги има сите печати потписи и датата на приемот
3.Провери дали во рок од година дена од датата на сметката или сметките си бил тужен (опомени пред тужба НЕ се важат)
4. Провери дали некогаш си потпишал договор со нив дека ќе им го платиш долгот (на рати, со попусти...)
Ако од датата на сметката до датата на извршителниот акт имапш појќе од година дена, напиши приговор до извршител, каде ќе се повикаш на член 367 од закон за облигациони односи и ќе им напишеш дека е настанало застарување и долгот да го избришат од книговодсвената евиденција, ако ти е поминат рокот за приговор (треба да стои во актот за извршување рок за приговор) мислам дека треба преку суд да го обжалиш во жалбена постапка, ако имаш познат или приател правник не мора да е адвокат, мнека ти помогни да напишеш приговорот пошто и тој треба да има некоја одредена форма и работи во него кои мора да се наведат, (Од кого, до кого, образложение, дата, испратено со повратница...)
Мое мислење е дека има застарување поради то шо ти нудат да платиш без камати, со попусти со 50% ова она... обично така прават кога не се во парво па на тој начин се обидуваат да земат парите противзаконски.