Правна помош и совети

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Здраво.
Ми треба помош околу долг кон ВИП Оператор, ако има некој некакво искуство или познавање за правна помош.
Долгот е од 2009, договорот мислам беше од 2008 или 2007, неможам да го најдам.
2010 и 2011 ми има стигнато опомена пред тужба од адвокат кој ги застапува. Но тужба немам добиено.
2013 од нивниот адвокат добив "последна опомена пред присилно извршување на наплата на долг кај извршител" каде што бараат ВЕДНАШ да го платам главниот долг и судските трошоци, со можност да склучам Вонсудска Спогодба долгот да го платам на рати, без камата и адвокатски трошоци.
По еден месец добив од извршител "Налог за Извршување" каде што ми се определува забрана за 1/3 од плата. Но јас од тогаш не зимав плата од тука, имав фирма, но беше во мирување, не бев во државата. Така да нема од каде да ми сопират.
За на крај пред 2 дена ми стигна пак писмо од нивниот адвокат "известување за поднесено барање за извршување кај извршител и можност за плаќање на долг со одредени поволности" каде што бараат веднаш да го платам долгот во целост и 50% од адвокатски трошоци и извршни трошоци, ќе биде простена камата.

Дали сега може да поднесам приговор за застарен долг? Ве молам кој може да ми даде совет што да правам.

Ви благодарам
Не сум правник али вака би требало да стојат работите

Закон за облигациони односи
Едногодишен рок на застареност
Член 367
(1) За една година застаруваат: 1) побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството; 2) побарувањето на радиостаница и радио-телевизиска станица за употреба на радио-приемник и телевизиски приемник; 3) побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и 4) побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот за времето за кое е нарачана публикацијата.
(2) Застарувањето тече иако се продолжени испораките или услугите.

Ова е за граѓани, за правни лица мислам дека застареноста оди и до 3 години (ако телефонот ти беше регистриран на фирма) но НЕ сум сигурен за телефонија, знам дека за комунални услуги кај фирмите рокот за застареност е 3 години.

Шо треба да направиш:
1. Провери ги добро датите, датата на сметка за која те теретат и датата на која ти стигна извршителен акт
2. Провери дали на извршителниот акт ги има сите печати потписи и датата на приемот
3.Провери дали во рок од година дена од датата на сметката или сметките си бил тужен (опомени пред тужба НЕ се важат)
4. Провери дали некогаш си потпишал договор со нив дека ќе им го платиш долгот (на рати, со попусти...)

Ако од датата на сметката до датата на извршителниот акт имапш појќе од година дена, напиши приговор до извршител, каде ќе се повикаш на член 367 од закон за облигациони односи и ќе им напишеш дека е настанало застарување и долгот да го избришат од книговодсвената евиденција, ако ти е поминат рокот за приговор (треба да стои во актот за извршување рок за приговор) мислам дека треба преку суд да го обжалиш во жалбена постапка, ако имаш познат или приател правник не мора да е адвокат, мнека ти помогни да напишеш приговорот пошто и тој треба да има некоја одредена форма и работи во него кои мора да се наведат, (Од кого, до кого, образложение, дата, испратено со повратница...)

Мое мислење е дека има застарување поради то шо ти нудат да платиш без камати, со попусти со 50% ова она... обично така прават кога не се во парво па на тој начин се обидуваат да земат парите противзаконски.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1

Сметките се од 2009 год 6/8/9 месец. Налог за извршување каде што се определува забрана за 1/3 од плата е од 5 месец 2011 год.
Сега гледам дека на налог за извршување издаден на ден 16.05.2011 пишува "брз основа на барањето за спроведување на извршување од доверителот Р.Македонија, засновано на извршната исправа бр//// од 04.03.2008 на Основен Суд, против должникот на ден 16.05.2011 издава НАЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ" На суд никогаш не сум бил во врска со овој долг.
Договор за рати, попусти, немам потпишано.
 
Сметките ти застареа во 2010 во 6/9/10 месец (повторувам ако беше телефонот на име на фирма МОЖЕБИ да е рокот 3 години али не сум сигурен знам дека за комунални услуги тој долг застарува за 3 години кај правни лица за телефон - не сум сигурен али има овде правници кои точно ќе ти кажат)
ако као лице имаш долг од 2009 за телефон за кој налог за извршување е од 2011 (после 2 години) нема шо да бараат туку напиши приговор побарај и да ти се тргне забраната за плата и евентуално ако ти е блокирана некоја сметка на банка
 
Договорот и сметките се на приватно лице, не на фирма.
Ок, фала ти многу
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Договорот и сметките се на приватно лице, не на фирма.
Ок, фала ти многу
Нема правник во земјата кој не знае дека после година дена ЗАКОНСКИ застаруваат сметките за струја, телефон, вода...
Јас би донел уредба да секој правник (извршител) кој побара извршување на застарен долг - повторно полага за лиценца за извршител и тоа со салам трошоци. Пошто секојдневно се случуваат вакви работи и најчесто во страв да не ми дојдат дома да им попишуваат работи, луѓето потпишуваат дека ќе платат или пристануваат да им се задржува на плата без да знат дека тоа е противзаконски. Се губи доверба во правниот систем ако со печати потписи од суд заверени на нотари извршители со државна лиценца го кршат законот и свесно знаејќи дека долгот е законски застарен - се обидуваат да извлечат пари кои веќе не се законски нивни.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681

Полека, не оди тоа баш така... Точно е дека согласно Законот за облигациони односи сметките кои стигаат месечно застаруваат за една година.... НО! На застареност не се внимава по службена должност туку должникот треба да се повика на застареност. Кога должникот може да се повика на застареност? - Кога доверителот ке ги утужи сметките на суд тогаш пред судот должникот треба да се повика на застареност односно одкако нотарот ке му го доставио решението во рок од 8 дена од приемот треба да направи приговор по што предметот ке оди на суд каде должникот треба да се повика на застареност! Како се смета рокот? Рокот за застареност тече до денот на поднесувањето на тужбата во судот односно кај нотарот по што се прекинува застареноста, на пример ако за сметка за струја чии рок за плаќање бил до 18.08.2014 година доверителот поднесе тужба најдоцна до 18.08.2015 година тогаш должникот неможе да се повика на застареност а ако се поднесе и еден ден подоцна тогаш должникот може пред судот да се повика на застареност и тужбата ке биде одбиена а ако не се повика на застареност тогаш судот неможе да ја одбие тужбата поради застареност на побарувањето бидејќи истиот не внимава по службена должност на застареност. Е одкако судската пресуда, платниот налог, нотарското решение... стане правосилно... тогаш доверителот има рок од 10 години одлуката да ја даде на извршување (значи може и на последниот ден од истекот на 10 години од правосилността односно извршноста на одлуката) а одкако ке ја даде на извршување тогаш веќе неможе да настапи застареност. ЗНАЧИ: На застареност треба да се повика должникот и тоа само во постапката за донесување на извршната исправа а одкако извршната исправа ке биде донесена практично АМИН застарување. Тоа е накратко и во глобала....
 
A aко должникот нема добиено ништо дека е тужен или дека се води постапка против него како должник туку одеднаш му иди извршител со решение за извршување?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
A aко должникот нема добиено ништо дека е тужен или дека се води постапка против него како должник туку одеднаш му иди извршител со решение за извршување?
За да една одлука на суд, нотар... добие својство на извршна исправа (исправа по која може да постапува извршителот) истата одлука мора да има печати за правосилност и извршност. Една одлука е правосилна кога веќе неможе да се побива со редовен правен лек (жалба) а е извршна одкако изминал рокот за доброволно исполнување на обврската. Датумот за правосилност се рачуна од датумот на доставницата со која одлуката е врачена на странката што значи за да една одлука стане правосилна истата мора да е врачена на странката и странката повеке да нема право на редовен правен лек односно на странката и истекол рокот за жалба или жалбата е одбиена и е врачена на странката. Значи Извршителот не постапува по одлука ако на истата нема потврда за правосилност и извршност што значи дека постапката за донесување на извршната исправа- пресудата е правосилно завршена и извршителот не смее да се впушта во тоа дали и како е водена постапката во која е донесена извршната исправа туку истиот само постапува согласно задолжението во истата т.е извршителот не суди туку само извршува тоа што е пресудено. Е СЕГА: Доколку должникот смета дека не е известен за тоа дека против него се водела постапка пред судот или нотарот односно дека не му е достевена одлука на судот или нотарот а на истата судот или нотарот ставиле печати за правосилност и извршност тогаш тој има право пред судот да покрене постапка за укинување на правосилноста и извршноста на одлуката. Самото покренѕвање на постапка за укинување на правосилноста и извршноста не го запира извршувањето односно извршителот ке си постапува по пресудата се додека должникот не му достави правосилно Решение со кое судот ги укинува правосилноста и извршноста на извршната исправа а тоа најчесто ке биде случај доколку должникот докаже дека во предметот нема доставница дека му е доставена одлуката или има доставница ама на истата не е потпишан тој за што се сослушуваат судските курири а неретко се прават и графолошки вештачења.... Доколку се укинат правосилноста и извршноста, должникот за тоа што во меѓувреме тој го платил кај извршителот има право до претседателот да побара да донесе решение за противизвршување со кое тој ќе бара да му се врати платеното.
Ако се укинат правосилноста и извршноста тогаш во судот ке продолжи постапката за донесување на извршна исправа односно одлуката ке му биде наново доставена но никако и во тој случај не ке може да се повика на застареност бидејќи како што рековме застареноста тече до денот кога е тужбата поднесена во судот или кај нотарот....
 
Затоа што самиот дискутант рече дека заради предмето до сега (по негово знаење) не бил тужен ниту бил на суд, (што подразбира дека не бил ни известен уредно) затоа и претпоставувам дека не ни знаел дека се води некаде постапка против него
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Smetkovodstvoto i pokraj sto redovno sum im gi plakjal mesecite sto trebale da mi gi sreduvaat dokumetite, oni nisto ne me rabotele cela godina. Polosoto e toa sto ne zabelezale deka sum nadminal 1 mil. i sum stanal DDV obvrznik, i namesto na 15 jan. oni me prijavija na 31 jan. So toa UJP mene me kazni globa. Sega prasanjeto e do tie sto se razbiraat vo ovaa problematika, dali jas da gi tuzam i dali mislite deka kje gi dobijam. Posto imam validen dogovor so niv koj sum si go plakjal blagovremeno. Dokumenti i izvodi mi se odneseni na vreme. Oni tek na 28 jan popladneto primetuvaat deka sum stanal DDV obvrznik iako jas uste od Oktomvri gi opomenuvam usno za toa. Pritoa mi davaa nepristojni predlozi za da se seto toa zatai, so cie izvrsuvanje jas pravam kriminalen prekrsok. Bev do UJP da gi prijavam togas, tie ednostavno me odbija bidejki toa niv ne gi zasegalo :(
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да прашам дали може со полномошно за кола да се префрлат табличките во градот кој живеам?

Пример ако е од Скопје да се префрлат на Струмички?
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Smetkovodstvoto i pokraj sto redovno sum im gi plakjal mesecite sto trebale da mi gi sreduvaat dokumetite, oni nisto ne me rabotele cela godina. Polosoto e toa sto ne zabelezale deka sum nadminal 1 mil. i sum stanal DDV obvrznik, i namesto na 15 jan. oni me prijavija na 31 jan. So toa UJP mene me kazni globa. Sega prasanjeto e do tie sto se razbiraat vo ovaa problematika, dali jas da gi tuzam i dali mislite deka kje gi dobijam. Posto imam validen dogovor so niv koj sum si go plakjal blagovremeno. Dokumenti i izvodi mi se odneseni na vreme. Oni tek na 28 jan popladneto primetuvaat deka sum stanal DDV obvrznik iako jas uste od Oktomvri gi opomenuvam usno za toa. Pritoa mi davaa nepristojni predlozi za da se seto toa zatai, so cie izvrsuvanje jas pravam kriminalen prekrsok. Bev do UJP da gi prijavam togas, tie ednostavno me odbija bidejki toa niv ne gi zasegalo :(
Ова е сериозна работа. Прекршокот кој не смееле да го направат дефинитивно е по вина на сметководството. УЈП ни под разно нема да се замара кој е крив како е крив (бидејќи тоа не е нивна работа, туку работа на судот), затоа ти расчисти си со УЈП. За жал често се случуваат вакви работи со сметководствата од кои подебелиот крај го извлекуваат корисниците на нивните услуги.

Ако е чиста ситуацијата како што викаш тогаш не ни размислувал дали да си ја бараш правдата судски туку веднаш дејствувај. Ангажирај адвокат и обидете се прво вонсудски да се договорите за надомест на штета. За нив произлегуваат обврски со потпишувањето на договорот за давање на сметководствени услуги и тие мора да ги исполнат, во спротивно согласно Закон за облигационите односи имаш целосно право да бараш правичен надомест за претрпената штета пред надлежен суд.

Мој правен совет ти е да ја комплетираш и подготвиш целосно документацијата која би можела да се употреби како доказ во постапка и консултирај се со адвокат за подетален план.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
На татко ми му стигнало одлука од Управен Суд Скопје со кое мора да плати некоја такса за тужба од 480 денари и такса за одлука 800 денари.На интернет баш никаде ( а исто и во тоа писмо) нема назначено на која сметка треба да се плати тоа. Знае некој?
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
За давање на приватна шума на трето лице да обезбеди документи, да ја сечи, да ги транспортира дрвата за одреден надомест, треба да му се даде полномошно на нотар ... што треба да содржи тоа полномошно за да нема после било какви проблеми газдата, што евентуално третото лице би ги предизвикало?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom