- Член од
- 1 септември 2014
- Мислења
- 5.155
- Поени од реакции
- 7.858
На отворањето на првенството, во првиот натпреварувачки ден нашата репрезентација се соочува со нашиот јужен сосед а.к.а Грција. Натпреварот е во рамките на групата Ц и се игра во Загреб. Грците доаѓаат во најсилен состав, предводени од Спанулис, и се меѓу првите фаворити за освојување на шампионатот. Прилично силни на сите позиции, освен на центарската, каде дури и Бурусис кој е единствениот класичен центар е под знак прашалник за настап против нас. Сепак, мислам дека квалитетот е дефинитвно на нивна страна, мотивацијата исто така на високо ниво со оглед на поразот од нас во Литванија. Од друга страна, нашата репрезентација, со прилично лоши подготовки, нарушена атмосфера во тимот, како и реалниот недостаток на квалитет, се разликува многу од онаа екипа која во Литванија го зема скалпот на Хелените. Гечевски и Мекејлеб не се во составот, другите играчи кои го носеа товарот на грб при походот на 4 место се постари, а новите играчи се од домашното првенство кое е далеку од квалитетот на другите лиги. Се на се, чудото од Литванија е тешко, дури и неверојатно, со оглед на сите фактори, но во спортот секогаш има простор за изненадување што било докажано многупати до сега.