Македонија - Грција 18:00 05.09.2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Cornicello
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
На отворањето на првенството, во првиот натпреварувачки ден нашата репрезентација се соочува со нашиот јужен сосед а.к.а Грција. Натпреварот е во рамките на групата Ц и се игра во Загреб. Грците доаѓаат во најсилен состав, предводени од Спанулис, и се меѓу првите фаворити за освојување на шампионатот. Прилично силни на сите позиции, освен на центарската, каде дури и Бурусис кој е единствениот класичен центар е под знак прашалник за настап против нас. Сепак, мислам дека квалитетот е дефинитвно на нивна страна, мотивацијата исто така на високо ниво со оглед на поразот од нас во Литванија. Од друга страна, нашата репрезентација, со прилично лоши подготовки, нарушена атмосфера во тимот, како и реалниот недостаток на квалитет, се разликува многу од онаа екипа која во Литванија го зема скалпот на Хелените. Гечевски и Мекејлеб не се во составот, другите играчи кои го носеа товарот на грб при походот на 4 место се постари, а новите играчи се од домашното првенство кое е далеку од квалитетот на другите лиги. Се на се, чудото од Литванија е тешко, дури и неверојатно, со оглед на сите фактори, но во спортот секогаш има простор за изненадување што било докажано многупати до сега.
 
Не е потребна темава, барем според мене пошто си има теми за европсково, и не мислам баш дека се сериозни кандидати за освојување на шампионатот сепак тука се Франција Шпанија Србија а има и уште 1-2 екипи појаки од нив сигурно
 
Франција да, Србија и Грција изедначени според мене, Шпанија нијанса послаба. Кои други 1-2 екипи би ги ставил до овие?
 
Франција да, Србија и Грција изедначени според мене, Шпанија нијанса послаба. Кои други 1-2 екипи би ги ставил до овие?
Па ајде рецимо Хрватите мада не се ни они за у тој кош заедно со Шпанија и Франција , ама дека Грција се претенденти за освојување на мундијалов не се сложувам баш...јес да вадат јак состав ама мислам дека би изгубиле од Србија кога би играле меѓу себе
 
Не е потребна темава, барем според мене пошто си има теми за европсково, и не мислам баш дека се сериозни кандидати за освојување на шампионатот сепак тука се Франција Шпанија Србија а има и уште 1-2 екипи појаки од нив сигурно

Јас сметав дека е подобро вака. За секој наш меч да се отвора посебна тема.
 
Јас сметав дека е подобро вака. За секој наш меч да се отвора посебна тема.
И порано беше така за секој меч си имаше тема да си пцуеш на раат а не да ти се мешаат катаљон страни.

Добра одлука :Д
 
мислам дека можеме да им извадиме резултат добар имаме игра добар тим тренираа одлично играчите периодов грција не е посебно ништо силна ама од една страна ќе имаат добра мотивација да не победат како што ги победивме ние пред неколку години во литфанија од тука е тренерот со добра постава и тактика може да постави и да им извади супер резултат грците ќе идат на провокации нормално тоа е за нив ама ние во хрватска ќе имаме голема бројка на фаланга плус тука се и хрватските пријатели од наша страна кои ќе ни дадат подршка. грција се во криза фианнесиска знаете што им се случуваше летово па сигурно ќе бидат демотивирани и деконцентрирани па одтука ја гледам и нашата шанса преку добра постава и тактика и техника од тренерот србиновски плус браќата стојановски и влатко илиевски можеме до добар резултат односно победа против грција. кај нив треба да се игра фластер на скорцијанитис и пападопулос и мислам дека е завршена пола работа што се однесува на тактичкиот пристап на мечот со грција. кај нас треба да проработи соколовски со шутевите и симоновски од полето за тројка и мислам дека ќе нема никакви проблеми агресивна одрана и паметни напади у напад.
напред македонија сите со вас сме идеме храбро момци македонси.
 
Џонтра, таман да пишам дека немам прочитано поретардирана анализа, видов дека ти си го пишал коментаров и сфатив дека е заебанција :pos:
Биле во финансиска криза и ќе биле демотивирани и деконцентрирани - најс тач! :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom