Многу неуверливо е оправданието дека се што се случува на блискиот исток вклучително и ИСИС е само последица на колонијалните сили и на мешањето на САД во нивните внатрешни работи. Си имаат вина и овие, но понекогаш се се гледа од погрешна призма.
Хиндусите и муслиманите се колеа и убиваа во Индија долго уште пред да дојдат Британците, арапските племиња во блискиот исток исто така, во африка постоеа огромни робовладетелски држави кои држеа робови од сопствената раса долго пред белиот човек да почне да ја колонизира африка.
Муабетот ми е, не може некој друг стално да е крив што овие т.н земји од третиот свет еве веќе 50, 70 години по добивањето државност во постколонијалниот свет не можат да изградат стабилен и нормален систем и се постојано извор на кризи, на блискиот исток непрекинато има војна од 1945 па навака, од 60-тите навака постојано има по неколку граѓански војни во афричките земји, не може стално за тоа да се криви САД, СССР/Русија и Европа, треба некој да се погледне во огледало понекогаш.