Fantasy Premier League 2015/16

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
@DaniBMW се исплати ли да играш 5-3-2 формација или 5-4-1, на клин-шитови да фаќаш поени?
На пример да си ја комбинираш одбранта со играчи од 2та тима во лигата што би требало да имаат најдобра дефанзива.

Малце ризично, не знаеш никад како ќе тргне утакмицата, и ако тој тим прими 2 гола ти отиде одбраната у минус :D Ја цело време играм со 3ца одбранбени,во среден ред барам играчи што играат доста офанзивно, е сеа годинава проблем е очигледно нападот, така да барем со 4 позади можеш да пробаш, 5 по мене е превише и голем ризик. 4-4-2 или 4-5-1 подобро
 
Минатата сезона се исплаќаше да играш дефанзивно. Ги имав Иванович, Тери, Клајн и Бертранд и носеа добри поени.
Ќе видиме Јунајтед како ќе продолжи, па да се комбинира Дармиан - Компани - Коларов - Шо
 
@DaniBMW се исплати ли да играш 5-3-2 формација или 5-4-1, на клин-шитови да фаќаш поени?
На пример да си ја комбинираш одбранта со играчи од 2та тима во лигата што би требало да имаат најдобра дефанзива.

Не сум играл никогаш со 5 во дефанзива
Што знам... не би. Клин шит е еден, а голови може да паднат и по 2-3 од еден играч.
Да, потешко е да го погодиш тој еден играч, а клин шит добива целата одбранбена линија па без разлика кој играч ќе го земеш поените ќе ги добиеш.

Лани во Сериа А мислам дека победникот беше со 5-4-1 формација.

Ваљда ги погодив играчите од ланскиот дрим тим да направам една паралела.
Со најдобрите 11 во 5-4-1 формација би имал 1946 поени
Со најдобрите 11 во 3-4-3 формација би имал 2031 поен
Математички... според оверал поените за ланската сезона
 
Абе зависи од тимот што го имаш и од колото нормално. :)
 
Минатата сезона се исплаќаше да играш дефанзивно. Ги имав Иванович, Тери, Клајн и Бертранд и носеа добри поени.
Ќе видиме Јунајтед како ќе продолжи, па да се комбинира Дармиан - Компани - Коларов - Шо

Лани Тери и Иванович се утепаа од голови и асистенции, плус и клин-шитови имаа многу, оваа година тешко дека некој дефанзивец ќе биде толку добар во напад.
Иначе јас ако играм со 5 во одбрана би комбинирал играчи од Сити и еден од Арсенал или Јунајтед, овие тимови сезонава најстабилни мислам дека ќе бидат , одбраните им се добри, а имаат и играчи од средина кои добро ја контролираат утакмицата со тоа и ја штитат одбраната.
 
Во лига каде што Јунајтед прима 5 гола од Лестер, не препорачувам дефанзивна игра.

Не провоцирам, далеку од тоа, но добар пример е. Пошто Лестер беше аутсајдер во тоа време.
5 гола примени = нули во одбраната.
 
Да знаев да ги одберам кои ќе се на клупа а кои ќе играат лагано стотка ќе имав :///
 
Ају ми го спаси колово, вчера имав 10 поена од 9 играчи.
 
Ако ми е, кога во прв состав ставам Депајофци а Ѓулфи на клупа :(
 
Го оставив Гоимис на клупа пичка му материна, кога ни за забоде бар да имав ќар у пм.
 
Ај ако ништо Мата гол даде, 40 поени на крај. 26 avg :eek::eek::eek:
 
Руни си изгази поштено, арно рече @ManUtdChampions да го враќаме во тим :cool:
Уште да сфатеше оти се заебавав и таман.

Ама битно ти го разбираш Мурињо, другите уште неможат да го разберат :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom