Ќе се земам себеси како пример
Годишно одам скоро на сите домашни натпревари на ФК и РК Вардар, а во последните неколку сезони и на КК Вардар (со тоа што некогаш има поклопување на термини при што приоритет е ФК, па РК, па КК). На КК лани бев на 4 гостувања, од кои едно во Пробиштип на трета лига баскет. На ЖРК Вардар одам кога можам, како ќе ми текне, ама повеќе мечеви сум гледал на втората нивна екипа.
Одам скоро на сите организирани гостувања, а за другите гостувања финансиите ми се такви што можам да си дозволам само дел од нив на своја рака.
Во глобала, на годишно ниво имам нешто меѓу 55 и 70 натпревари на екипите од СД Вардар, безразлика од која конкуренција.
Паралелно (ако не се поклопи некој термин со Вардар), одам на домашните натпревари на Славија во трета лига, па и на некое гостување.
Муабетот ми е дека кога сакаш нешто, нема никакво оправдување да не го правиш тоа, ако не те спречува некоја работа како семејство (жена,деца, мада може да се најде некој компромис) или работа во исто време со натпреварите. Со тоа што идам на утакмици не сум се откажал од седнување во кафич, од искачање, од женски, од работа, од школо, едноставно твоето слободно време го распределуваш во однос на утакмиците. Нема утакмици во термини за искачање, па имаш доволно време да се вратиш дома и да се средиш.
Ако можам јас да постигнам се, можат и други. Плус стадионот ми е уџум, одам пешки по 50 минути во една насока за секој меч, а со сала по 1 саат.
За гостувања ќе разберам, ама за неодење на домашни натпревари не треба и не смее да има оправдувања од типот има поинтересни работи за правење. Ако клубот ти е дел од начинот на живот, нема да има поинтересни работи за правење.
За жал во Македонија ретко кој го гледа клубот како начин на живот