Русија - смена во надворешната политика?

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ту нема среќа Путин, а само што складираше десетици тони злато.
За цената на златото нема инфлација
До 1967, додека важеше Бретон-Вудскиот договор цента на една унца злато беше 34 долари, а цената на барел нафта 2 долари значи односот беше 17 : 1
Сега е барел нафта 49 долари а унца злато 1093 долари односот е 22 : 1
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Tвоето познавање за светската макроекономска политика, е вчудоневидувачко! ;)

Фиат валутите секогаш имаат наметната вредност. Нормално, од тие кои имаат моќ да наметнуваат. Но како што не учи историјата, сите империи еднаш доаѓаат до својот крај - а тоа кога ќе се случи, тогаш и фиатот иде во калта заедно со нив. Тогаш не вреди ни колку хартијата на која е одштампан.

Скапоцените метали, драги камења, енергетски и воопшто разни ресурси... е тоа останувало секогаш како вредност, и наменска и како валута. Така да, само неук лик може да каже дека не е правилна одлука чувањето државни резерви во реални валути.
Најпосле и Русија и Кина (а и други во помала мера), мора да се водени од навистина глупави луѓе штом така упорно купуваат злато и други ресурси... наместо амерички државни обврзници.

едит:
Затоа, наместо да бидеш „загрижен“ за Русија, и за тие што резервите ги конвертираат во реални валути - грижи се за тие чија држава ја води банкарска мафија, тие чиј долг постојано расте во веќе непоимливо големи димензии:
Отвори ги очите:
http://www.usdebtclock.org/
Што за тебе са реални валути и што не е реална валута?
Кога пропадна последниот опит за златен стандарт во светот?
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.609
Поени од реакции
35.459
Не пропаднал никаков „експеримент“ за златен стандард, едноставно банкарската мафија преферира фиат валути.
Можеби не си запознат со терминот фиат, лист хартија на кој некоја банка напишала колку ти должи... Вредноста на таа хартија е многу полесно да се манипулира, во однос на златото кое има реална вредност која може да варира, ама никогаш нема да ја снема. Се разбира, освен ако некој не го достигне вековниот сон на алхемичарите.

Ама темава е за надворешната политика на Русија, и за да не идам (со тебе заедно) во офтопик - само ќе напомнам дека моментално интересите на Русија се косат со тие на светската банкарска мафија, затоа и се случуваат конфликтите за кои постојано се зборува. Затоа и се вадат спинови според кои Русија/Кина си наштетуваат себеси со купување на злато, па после тоа таквите како тебе спремно ја загризуваат јадицата.
Дали вистина веруваш во тоа, или не... Сеедно е, во секој случај активно ја шириш нивната пропаганда.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@fmi @Vanlok

Ве замолувам нешто за овие „ фиат “ валути да напишете во темата за цената на нафтата
http://forum.kajgana.com/threads/Пад-на-цената-на-нафтата-причини-и-последици.76317/

Нафтата ја нарекуваат „ црно злато “ а односот на нејзината цена со цената на златото е речиси постојан
Има и други стоки кои имаат постојана цена кон златото
Какво е значењето на ваквите стоки:?
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не пропаднал никаков „експеримент“ за златен стандард, едноставно банкарската мафија преферира фиат валути.
Извини,ако на црното ке викаш бело...
Многу држави се пробали да имат златен стандарт, некои сребарен...па не поминало. Тоа се докажа и во XIX и XX век. Физички се е докажало,дека не е можно во долг период. Наjпросто нема толкова злато,колкото има пари во оптек на светско ниво.

Можеби не си запознат со терминот фиат, лист хартија на кој некоја банка напишала колку ти должи... Вредноста на таа хартија е многу полесно да се манипулира, во однос на златото кое има реална вредност која може да варира, ама никогаш нема да ја снема. Се разбира, освен ако некој не го достигне вековниот сон на алхемичарите.
Тоа ливче е обезпечено со активите на банката.
Зашто тоа го пропушташ?

Ама темава е за надворешната политика на Русија, и за да не идам (со тебе заедно) во офтопик - само ќе напомнам дека моментално интересите на Русија се косат со тие на светската банкарска мафија, затоа и се случуваат конфликтите за кои постојано се зборува. Затоа и се вадат спинови според кои Русија/Кина си наштетуваат себеси со купување на злато, па после тоа таквите како тебе спремно ја загризуваат јадицата.
Дали вистина веруваш во тоа, или не... Сеедно е, во секој случај активно ја шириш нивната пропаганда.
Па ако си наштетуват на себе...не знам што нас со тебе ни интересира...сека држава сама може да реши,како да обезпечи активите си. Некои во акции,обврзници, злато,петрол...тоа са различи способи за инвестиране.
За болдот-Тоа е истото,както да ти тврдам,дека ти шириш руската пропаганда...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не пропаднал никаков „експеримент“ за златен стандард, едноставно банкарската мафија преферира фиат валути.
Можеби не си запознат со терминот фиат, лист хартија на кој некоја банка напишала колку ти должи... Вредноста на таа хартија е многу полесно да се манипулира, во однос на златото кое има реална вредност која може да варира, ама никогаш нема да ја снема. Се разбира, освен ако некој не го достигне вековниот сон на алхемичарите.
А која вредност не е "фиат"? Што има во златото, онтолошки, што го прави да не биде фиат вредност? Без никаков проблем можеме да замислиме човечка цивилизација во која златото не игра никаква улога, односно е прогласено за безвредно. На крајот на краиштата, единствени нешто за кои може да се каже дека не се фиат вредности се храната, водата и воздухот.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Нафтата ја нарекуваат „ црно злато “ а односот на нејзината цена со цената на златото е речиси постојан
Има и други стоки кои имаат постојана цена кон златото
Какво е значењето на ваквите стоки:?
Никакво, ова е идеја која не соодветствува со реалноста.Познато е во економијата како Goldbug.

http://www.macrotrends.net/1380/gold-to-oil-ratio-historical-chart
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.609
Поени од реакции
35.459
А која вредност не е "фиат"? Што има во златото, онтолошки, што го прави да не биде фиат вредност? Без никаков проблем можеме да замислиме човечка цивилизација во која златото не игра никаква улога, односно е прогласено за безвредно.
http://forum.kajgana.com/threads/Пад-на-цената-на-нафтата-причини-и-последици.76317/page-6#post-7352204

Многу држави се пробали да имат златен стандарт, некои сребарен...па не поминало. Тоа се докажа и во XIX и XX век. Физички се е докажало,дека не е можно во долг период. Наjпросто нема толкова злато,колкото има пари во оптек на светско ниво...
Тоа ливче е обезпечено со активите на банката.
Зашто тоа го пропушташ?
Многу држави... :)
Банките демек не се изворот на сите економски манипулации во светот... :facepalm:

Гледај, не можам јас да објаснувам толку - колку што ти можеш да се правиш дека не разбираш. Ама ајде уште еднаш, со цел на информирање на заинтересираните (за нив, ако веќе знам дека ти ќе продолжиш да се правиш глуп и да си ја тераш агендата со агитирање).

Овде станува збор за светска банкарска мафија, која има неограничени економски ресурси (доларот кој самите неконтролирано го вреднуваат и принтаат). Тие банкари ги контролираат повеќето влади ширум светот, посредно или непосредно. За среќа има исклучоци, и светот сеуште не е монополарен и целосно под нивна контрола.
Русија и Кина, такви какви што се, полни со разни проблеми - сепак се браникот кој стои пред целосната доминација на спомнатата банкарска мафија. Нормално, не заради хуманизам и љубов кон човештвото, туки заради сопствено опстојување (и на интересите на тие што ги водат тие две држави, сеедно).

Тоа треба да го разбереш, пред да зборуваш за примери на држави кои сакале да имаат златен стандард во економијата ама ете, не успеале. Таквите држави пропаднале заради тоа што биле уништени од банкарите. Не мора да гледаме премногу далеку во историјата, ете ја Либија од минатата деценија, и нејзиниот Гадафи кој сакаше да го исфрли петродоларот како платежна валута и наместо доларот да употребува злато.
Гадафи и неговата Либија не пропаднаа спонтано од економски или религиозни или општествени причини. Не, туку пропаднаа затоа што банкарите им режираа „обоена пролет“ (читај насилен вооружен воен преврат од платеници). Тоа се случува на секој што им се спортистацува а не 100% спремен да се брани. Како Русија и Кина.

Банкарите не можат да го мултиплицираат златото како ќе им се посака, да го произведуваат од воздух. Доларот (фиатот) можат. Всушност во тоа е и целата поента.
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
добра експликација.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Не мора да гледаме премногу далеку во историјата, ете ја Либија од минатата деценија, и нејзиниот Гадафи кој сакаше да го исфрли петродоларот како платежна валута и наместо доларот да употребува злато.
Гадафи и неговата Либија не пропаднаа спонтано од економски или религиозни или општествени причини. Не, туку пропаднаа затоа што банкарите им режираа „обоена пролет“ (читај насилен вооружен воен преврат од платеници). Тоа се случува на секој што им се спортистацува а не 100% спремен да се брани.
Ако не се лажам и Садам Хусеин го отстранија заради истото.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Русија го допре дното

Според министерот за економски развој на Русија, нивната економија го допре дното и не очекува понатамошен пад.
Инфлацијата ова година ќе биде 11%.
Падот на БДП-то ќе биде 3,3%.
Се надеваат дека 1 долар ќе остане на 61 рубла. (моментално е 1долар = 69 рубли, што значи рублата е над 2 пати послаба од пред украина, и дури 3 пати послаба во споредба со 2008-ма)

http://www.b92.net/biz/vesti/svet.php?yyyy=2015&mm=08&dd=25&nav_id=1031245

Ни Путин не е тој што беше, помина зимата, пролета, летото, мечката сеуште спие.[DOUBLEPOST=1440531753][/DOUBLEPOST]
Руската централна банка во период од 12.12.2014 до сега има интервенирано со околу 20 милиарди долари од девизните резерви на РУсија кои сега изнесувааат приближно 400 милиарди.
Сепак има голем пад и кај девизните резерви

31.07.2008: 596 милјарди долари
31.07.2014: 468 милјарди долари
31.07.2015: 357 милјарди долари
 
Последно уредено:

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.825
Поени од реакции
12.259
Готово, сега и под дното ќе одат
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.609
Поени од реакции
35.459
@Dardan-ia одамна ги немав проверено состојбите, па ова твоево ме поттикна да погледам која е состојбата.
Хмм.... ммм.... М’хмм да, еве како стојат работите:

http://www.tradingeconomics.com/russia/external-debt

Да бе во право си бил, овие Русите се задужени 0.5 триолиони долари. Абе тоа е пола трилионче, не е мала сума.
Туку ај да видиме вашите шуга-деди газди, ’муриканците како стојат со економијата... знаеш чисто за споредба.

Хмм.... ммм....
Ајјј.... абе овие твоиве накај 7 ТРИЛИОНИ отишле бе, абе тоа значи 14 пати се позадужени од Русија... Многу бе, а? :coffee:

http://www.tradingeconomics.com/united-states/external-debt
 
http://usadebtclock.com/
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.243
Поени од реакции
13.738
Русија го допре дното

Според министерот за економски развој на Русија, нивната економија го допре дното и не очекува понатамошен пад.
Инфлацијата ова година ќе биде 11%.
Падот на БДП-то ќе биде 3,3%.
Се надеваат дека 1 долар ќе остане на 61 рубла. (моментално е 1долар = 69 рубли, што значи рублата е над 2 пати послаба од пред украина, и дури 3 пати послаба во споредба со 2008-ма)

http://www.b92.net/biz/vesti/svet.php?yyyy=2015&mm=08&dd=25&nav_id=1031245

Ни Путин не е тој што беше, помина зимата, пролета, летото, мечката сеуште спие.[DOUBLEPOST=1440531753][/DOUBLEPOST]

Сепак има голем пад и кај девизните резерви

31.07.2008: 596 милјарди долари
31.07.2014: 468 милјарди долари
31.07.2015: 357 милјарди долари
Е значи легенда си. Треба посебен статус да ти дадат на форумов, каков си само лик ти.

Разликата помеѓу 2015 и 2014 е 90 и кусур милиарди, што не е страшно.
Ниту пак втората разлика помеѓу 2015 и 2008. Со оглед на тоа што во 2008 се случи глобална економска рецесија. Русија не е имуна на кризите во меѓународната економија.
Во моментов Норвешка,Канада,С.Арабија сите губат со падот на цената на нафатата. Па не гледам кај нив крах, нема потреба од вакви црни глупости да се пишуваат од твоја страна.

Проблем кој во Русија гледаат да го средат е инфлација во моментов, која патем бележи пад од 15% во Јануари сега е 14%. На крај од годинава се очекува да допре 11% .
Наредна година целат кон 7% и така.

Btw види Русија го допрела дното:LOL::LOL:, но сепак ја скокнала Германија на некоја си листа таму од Светската банка.

World Bank: Russia Overtakes Germany as 5th Economy
http://databank.worldbank.org/data/download/GDP_PPP.pdf

Добро е. Сеуште имаш надеж дека Русија ќе го допре дното.
Ова ти е веќе трети или четврти пост кај што се обидуваш да ја протнеш таа теза.

Не само што помина зима,пролет,лето. Помина и 1990,2000,2010.
Ете ја Русија уште е жива и здрава.
За твоја несреќа.

Ти биди ни поздравен и потсетувај не со вакви субјективни анализи со која ја потврдуваш тезата на Ајнштајн дека постојат две нешта кои се бесконечни, универзумот и човечката глупост.:busi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom