Абе, секоја со своите желби и принципи. На некои им значи тоа ако се воздржувале толку долго за да испадне магично на прва брачна ноќ.

Јас, никогаш не сум имала такви идеи, а и касно е сега...
Го сметам за нелогична ствар, зошто компатибилноста во кревет е една од најважните (ако не и најважната) работа што секоја здрава врска мора да ја има како среќно би опстоила.

Па според тоа, ризик јак е без основа да бидеш убеден дека моментот што и двајцата го чекате толку време ќе испадне фантастичен, зошто може сексот ич да не ти се погоди, па цел живот (или барем до разводот, кој веројатно брзо ќе настапи) да бидеш сексуално незадоволен поради „девица до брак“ одлуката.
Баталете вие љубов, доверба и се тоа; теренот мора да се испита пред да потпишете пред матичар дека ќе го купите земјиштето.
Освен тоа, не знам колку денешни мажи би се сложиле да ја чекаат девојката дури до брак за да бидат интимни со неа...
Плус, сексот е ултимативно задоволство бре, зошто некој свесно би се лишувал од него до одредени рокови, не ми е јасно.