Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
На кој датумс е уписите?
 
Ги гледам листите од примените во државна квота лани на КНИ и сега се мислам дали да пробувам таму, оти приоритет ми е државна квота... А мислев дека без проблем ќе влезам со 88 поени.
 
[ИА]
Ги имав двата дела положено (практично и теорија). Во јануари ништо не преполагав. Во јуни преполагав само практично и ги изгубив поените од теоријата (знам, глуп сум, не ги сфатив условите на кралицата Лошковска). Е сеа во август можам да полагам само теорија а да ми останат поените од практично или морам се да полагам пак?
плс хелп последен испит ми е на нашиов најдобар факултет
 
дали прават проблем за извод постар од 6 месеци? бидејќи на iknow системот е нагласено дека не е зависно колку изводот е стар
 
дали прават проблем за извод постар од 6 месеци? бидејќи на iknow системот е нагласено дека не е зависно колку изводот е стар
Епа значи не прават, само оригинал да ти биде.
 
Збор-два за логичко и фукнцонално програмирање? На КНИ сум и се мислам за едниот изборен за трет семестар, за едниот сигурно ќе го земам напредно програмирање ама сеуште се двоумам за вториот дали интерактивни апликации или логичко.
Кој од овие два би бил покорисен за понатаму, освен тоа што пишува на страната дека со логичко се добива добра основа за предмети поврзани со вештачка интелегенција и интелигентни системи?
Тоа што интерактивни е можеби полесен не ми прави нешто разлика, било што поврзано со програмирање го учам мерачки како и да е :D
 
Професорот Кире кој минатата година првпат го држеше предметов најави некои промени во програмата за оваа година,не дефинираше точно што ќе се промени.Ќе ти кажам каков беше предметот минатава година:
Првиот дел-логичко програмирање се работи во пролог кој барем мене ми беше доста интересен јазик, но е прилично различен од другите и ќе ти треба некое време да почнеш да го "владееш". Релативно малку употребуван јазик во денешницава, но е добар за некои работи како пронаоѓање информации брзо и едноставно во големи бази, како и за изведување правила и докажување математички теореми(да се има положено ДМ1 е препорачливо).
Вториот дел се работи во Лисп(кој воедно го има и во предметот Вештачка интелигенција), со релативно слична програма како таа во ВИ, со некои мали промени, воглавно тежината е иста за тој дел кај двата предмета(Кире ги држи и двата),и
може да ти послужи како предзнаење за кога ќе го слушаш ВИ. Лисп не се употребува скоро никаде во Македонија(мислам професорот Кулаков има некоја фирма во која малку се употребувал али не сум 100% сигурен), но на запад е прилично популарен во неговата област.
Двата јазика бараат добро познавање на рекурзија и за многу луѓе на почеток изгледаат страшно, но со тек на време стануваат лесни и интересни. Го имам слушано и интерактивни кој е далеку покорисен предмет доколку планираш да работиш во Македонија и се разбира во областа на веб програмирање. Се учи јаваскрипт,јквери,јсон,ајах итн.
Според мене Логичко програмирање е малку полесен и доколку сакаш во иднина да се занимаваш со вештачка интелигенција би ти го препорачал да го одбереш него.
 
Ако може збор два од некој што го слушал предметот Објектно-ориентирана анализа и дизајн, која е тежината на предметот, што се изучува, дали е корисен...?
 
Професорот Кире кој минатата година првпат го држеше предметов најави некои промени во програмата за оваа година,не дефинираше точно што ќе се промени.Ќе ти кажам каков беше предметот минатава година:

Фала ти, бидејќи вештачка интелигенција општо како поле/занимање не ме влече нешто посебно најверојатно би идел на интерактивни.
 
Дечки положив предмет преку колоквиуми во летниот семестар сега, но не го пријавив во јунската сесија ниту земав оценка. Сакам да ве прашам дали сега оценката ми е изгубена или доколку го пријавам во оваа сесија сега ќе можам да ја земам оценката што ми е од колоквиумите :D ?
Истотака ако може некој од постарите колеги да даде некое инфо за тоа што се учи во Алгоритми и податочни структури(трет семестар) и каква е тежната на предметот.
 
Сите заинтересирани за спремање испит СП и ООП нека се обратат во инбокс
 
Финкијаши. очајни времиња очајно побарувања.. . некој да не слуша е бизнис и по истиот да изработи е продавница за утре o_O[DOUBLEPOST=1439755198][/DOUBLEPOST]
Дечки положив предмет преку колоквиуми во летниот семестар сега, но не го пријавив во јунската сесија ниту земав оценка. Сакам да ве прашам дали сега оценката ми е изгубена или доколку го пријавам во оваа сесија сега ќе можам да ја земам оценката што ми е од колоквиумите :D ?
Истотака ако може некој од постарите колеги да даде некое инфо за тоа што се учи во Алгоритми и податочни структури(трет семестар) и каква е тежната на предметот.
оцената не ти е изгубена, појди со пријава и земи си ја, а алгоритми воглавно да знаеш јава и се друго се учи :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom