Јас мислам дека дадов 100% да ти одговорам на твоето поставено прашање. И мој проблем воопшто не е дали ти сметаш дека грешам, ако грешам слободно посочи ми ја грешката, и мој проблем не е дали ти се допаѓа дадениот одговор или не. Јас само се надевам дека ќе ти се допаде и дека дискусијата ќе продолжи. Вака апсолутно ништо.
Дискусијата може да си продолжи, само да не прејде во два паралелни монолози.[DOUBLEPOST=1439280855][/DOUBLEPOST]
И остави број. Не знам како да те контактирам, во случај да научам нешто ново.
На 223-305...[DOUBLEPOST=1439280934][/DOUBLEPOST]
Мешање баби и жаби. Марксизам и ленинизам со скептицизам...... Колку да си пишеш нешто само.
Не мешам, само дадов паралела, за да го посочам апсурдот и кај скептицизмот и кај марскизмот, како неспособност да се додје до вистината.[DOUBLEPOST=1439280993][/DOUBLEPOST]
Скептицизмот во филозофијата денес се состои од повеќе различни ставови, почнувајќи од бескорисни размислувања како „не можеме да веруваме на било што што ни кажуваат сетилата, затоа што не знаеме дали правилно го отсликуваат надворешниот свет“, но и ставови како секое тврдење треба да биде потврдено со доверливи и проверливи докази, од што е изградена основата за научниот метод.
Ако е скептицизмот основа за научниот метод (?), тогаш која вистина може да ни ја долови науката?[DOUBLEPOST=1439281167][/DOUBLEPOST]
Тука си во право, но таквите луѓе не можат да се наречат скептици, слично како што „слепите“ верници не можат да се сметаат како вистински верници.
Постојат два типа верници:
- кои ја познаваат и практикуваат верата и
- кои се само статистички верници.
Не постојат „слепи„ верници. Слепоста може да им се припише и на поклониците на сциентизмот.[DOUBLEPOST=1439281277][/DOUBLEPOST]
Па од каде ти знаеш дека не се трага по нешто.
Не напишав такво нешто: прашање е до што е дојдено. Со бескнечно “скептицизирање„, се доаѓа до бесконечно не јасна состојба.[DOUBLEPOST=1439281362][/DOUBLEPOST]
Со скептицизмот во науката се трага по модели кои ја објаснуваат нашата реалност на најдобар можен начин и со кои можат да се прават најпрецизни предвидувања. Но ако само се задоволиме со некој добар модел, и не го преиспитуваме истиот (пример Њутновиот закон за гравитација) и го прифатиме како конечен, тогаш остануваме засекогаш оддалечени од вистината, под заблуда дека веќе сме ја откриле. Тоа за мене е многу полошо од појстојаното сомневање и преиспитување на нашите познавања. Нашето знаење може да се продлабочи само со преиспитување, т.е. скептицизам.
Кон болтот: еднаш ми велиш дека науките трагаат по најдобриот начин за објаснување на нештата, а сега ми наведуваш и вистина.
За која вистина муабетиме?
[DOUBLEPOST=1439281407][/DOUBLEPOST]
Пак почнуваш со Марксизам и Ленин кои немаат никаква врска со скептицизмот. Самото тврдење дека некое општество е утописко (што е присутно во Марксизмот) е контрадикторно со скептицизмот, затоа што таквото тврдење треба да се преиспита и да се откријат сите можни пропусти и недостатоци во истото општество.
Обајснив во некој од погорните дописи.