Па скептицизмот за мене е доблест, но за тебе може и да не е. Скептицизмот општо земено е начин на размислување, каде што точноста на секое сознание постојано се преиспитува и се бара да биде поддржана од доверливи докази. За мене ова е доблест, затоа што скпетиците не прифаќаат вистини на слепо и најчесто знаат да размислуваат со своја глава, критички и рационално.
Според напишаново, испаѓа дека скептицизмот може бесконечно да се сомнева, да бара докази за потрека, но никогаш да не даде барем една конечна вистина.
Така?
И каде е тука доблеста? Во сомнежот кон се‘ и сешто?
И конечно, верните не веруваат „на слепо„, како што ти и сличните на тебе мислите, туку верните не се определуваат кон одредена верска доктрина без нејзно претходно запознавање и испитување.[DOUBLEPOST=1439189030][/DOUBLEPOST]
Со кисела зелка или лозов лист?!
Може...[DOUBLEPOST=1439189064][/DOUBLEPOST]
Механизам, идиотизам, нудизам........! Посебни учења се?
А атеизам, посебно учење ли е?[DOUBLEPOST=1439189239][/DOUBLEPOST]
Тоа е кованица од латинскиот јазик. Со додавање на “а“ на (позитивното) значење/то на зборот, се добива збор со спротивно значење. Теизам- атеизам.
Јас никаде не сум прочитал дека атеизмот е збир од учења односно тоа е став дека не постои бог, богови и божества т.е. отфрлање на верувањето дека постои бог, богови или божества (а ова е далеку од учење). Каква е твојата замисла да нешто едноставно треба да биде подложено на тестови, испитувања или посебни учења и догми! Тогаш е теизам, а не атеизам. Нели?
Ако не верувањето во постоењето божества може да се изрази со една просто-проширена реченица, тогаш таквиот став може да се именува и на по едноставен начин, без користење на „високо интелектуални„ изрази, попут изразот „атеизам„.
Бидејќи во прашање е „изам„ а не просто не верување, тоа значи дека сепак се работи за одредено учење, кое, се чини, никој од атестите (!) нејќе да го подобјасни.[DOUBLEPOST=1439189279][/DOUBLEPOST]
Суфиксот “изам“ се користи во повеќе намени. Но ако мислиш дека си во право (а во тоа воопшто не се сомневам, ете тука немам никаков скептицизам) тогаш кажи какви посебни учења нудат тие “гранки“ (т.е. примери) и по еден автоматизам си во право.
Кои се тие „гранки„?[DOUBLEPOST=1439189351][/DOUBLEPOST]
Него јас имам прашања, но гледам дека на оваа тема ти не одговараш на нив (пр. твојот цитат. иако ми даде некаков одговор, одговорот беше кулинарски и ќе те замолам рецептот да ми го пратиш ПП). Во врска со Стефан. Зошто некој млад човек денес би преминал во радикален Ислам од православие? Зошто некој би сакал војна во името на Бог, од аспект на Христијанството? И дали православието има некаква програма за заштита на своите верници ширум светот? И ако има, која и каква е таа?
Прашај ги атеистите: сигурен сум дека токму тие го имаат „вистинскиот„ одговор.