Прашања до Атеистите II

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Сомнежот не е токму атеистичка доблест, а не е ниту доблест, како одлика на човековитот карактер, туку е состојба од умот. Сомнежот не ме претвора во атеист по ниту еден основ.
Проблемот е што ти поистоветуваш скептицизам со сомнеж, а тие два поими не се еквивалентни.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Сомнежот е присутен кај сите, и е нормална и потребна особина кај сите луѓе, а не само кај атеистите.
Тоа што е присутен кај сите па и кај мене, не значи дека е доблест. Може да биде и слабост. [DOUBLEPOST=1439159709][/DOUBLEPOST]
Проблемот е што ти поистоветуваш скептицизам со сомнеж, а тие два поими не се еквивалентни.
Скептицизмот и сомнежот во суштина се исти нешта.

Нејќам да „тапам„ без потреба и да ги барам нивните разлики, оти тоа не е муабетот: муабетот е, зашто е скептизимот доблест, која, според тебе, е специфична за атеизмот? Со што и по што е скептицизмот доблест?
 

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Скептицизмот и сомнежот во суштина се исти нешта.

Нејќам да „тапам„ без потреба и да ги барам нивните разлики, оти тоа не е муабетот: муабетот е, зашто е скептизимот доблест, која, според тебе, е специфична за атеизмот? Со што и по што е скептицизмот доблест?
Па скептицизмот за мене е доблест, но за тебе може и да не е. Скептицизмот општо земено е начин на размислување, каде што точноста на секое сознание постојано се преиспитува и се бара да биде поддржана од доверливи докази. За мене ова е доблест, затоа што скпетиците не прифаќаат вистини на слепо и најчесто знаат да размислуваат со своја глава, критички и рационално.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Не: „изам„ е најнов рецепт, за подобрување на вкусот од сармата.

Ти, што мислиш, што претставува наставката „изам„?
Со кисела зелка или лозов лист?!

Механизам, идиотизам, нудизам........! Посебни учења се?

Тоа е кованица од латинскиот јазик. Со додавање на “а“ на (позитивното) значење/то на зборот, се добива збор со спротивно значење. Теизам- атеизам.
Јас никаде не сум прочитал дека атеизмот е збир од учења односно тоа е став дека не постои бог, богови и божества т.е. отфрлање на верувањето дека постои бог, богови или божества (а ова е далеку од учење). Каква е твојата замисла да нешто едноставно треба да биде подложено на тестови, испитувања или посебни учења и догми! Тогаш е теизам, а не атеизам. Нели?

Суфиксот “изам“ се користи во повеќе намени. Но ако мислиш дека си во право (а во тоа воопшто не се сомневам, ете тука немам никаков скептицизам) тогаш кажи какви посебни учења нудат тие “гранки“ (т.е. примери) и по еден автоматизам си во право.

Него јас имам прашања, но гледам дека на оваа тема ти не одговараш на нив (пр. твојот цитат. иако ми даде некаков одговор, одговорот беше кулинарски и ќе те замолам рецептот да ми го пратиш ПП). Во врска со Стефан. Зошто некој млад човек денес би преминал во радикален Ислам од православие? Зошто некој би сакал војна во името на Бог, од аспект на Христијанството? И дали православието има некаква програма за заштита на своите верници ширум светот? И ако има, која и каква е таа? :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па скептицизмот за мене е доблест, но за тебе може и да не е. Скептицизмот општо земено е начин на размислување, каде што точноста на секое сознание постојано се преиспитува и се бара да биде поддржана од доверливи докази. За мене ова е доблест, затоа што скпетиците не прифаќаат вистини на слепо и најчесто знаат да размислуваат со своја глава, критички и рационално.
Според напишаново, испаѓа дека скептицизмот може бесконечно да се сомнева, да бара докази за потрека, но никогаш да не даде барем една конечна вистина.
Така?
И каде е тука доблеста? Во сомнежот кон се‘ и сешто?

И конечно, верните не веруваат „на слепо„, како што ти и сличните на тебе мислите, туку верните не се определуваат кон одредена верска доктрина без нејзно претходно запознавање и испитување.[DOUBLEPOST=1439189030][/DOUBLEPOST]
Со кисела зелка или лозов лист?!
Може...[DOUBLEPOST=1439189064][/DOUBLEPOST]
Механизам, идиотизам, нудизам........! Посебни учења се?
А атеизам, посебно учење ли е?[DOUBLEPOST=1439189239][/DOUBLEPOST]
Тоа е кованица од латинскиот јазик. Со додавање на “а“ на (позитивното) значење/то на зборот, се добива збор со спротивно значење. Теизам- атеизам.
Јас никаде не сум прочитал дека атеизмот е збир од учења односно тоа е став дека не постои бог, богови и божества т.е. отфрлање на верувањето дека постои бог, богови или божества (а ова е далеку од учење). Каква е твојата замисла да нешто едноставно треба да биде подложено на тестови, испитувања или посебни учења и догми! Тогаш е теизам, а не атеизам. Нели?
Ако не верувањето во постоењето божества може да се изрази со една просто-проширена реченица, тогаш таквиот став може да се именува и на по едноставен начин, без користење на „високо интелектуални„ изрази, попут изразот „атеизам„.

Бидејќи во прашање е „изам„ а не просто не верување, тоа значи дека сепак се работи за одредено учење, кое, се чини, никој од атестите (!) нејќе да го подобјасни.[DOUBLEPOST=1439189279][/DOUBLEPOST]
Суфиксот “изам“ се користи во повеќе намени. Но ако мислиш дека си во право (а во тоа воопшто не се сомневам, ете тука немам никаков скептицизам) тогаш кажи какви посебни учења нудат тие “гранки“ (т.е. примери) и по еден автоматизам си во право.
Кои се тие „гранки„?[DOUBLEPOST=1439189351][/DOUBLEPOST]
Него јас имам прашања, но гледам дека на оваа тема ти не одговараш на нив (пр. твојот цитат. иако ми даде некаков одговор, одговорот беше кулинарски и ќе те замолам рецептот да ми го пратиш ПП). Во врска со Стефан. Зошто некој млад човек денес би преминал во радикален Ислам од православие? Зошто некој би сакал војна во името на Бог, од аспект на Христијанството? И дали православието има некаква програма за заштита на своите верници ширум светот? И ако има, која и каква е таа? :)
Прашај ги атеистите: сигурен сум дека токму тие го имаат „вистинскиот„ одговор.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа што е присутен кај сите па и кај мене, не значи дека е доблест. Може да биде и слабост.
Сомнежот е особина поради која луѓето преиспитуваат, проверуваат и негледам како тоа би било слабост. Колку повеќе провериш едно нешто, толку помлку има можност да направиш грешка.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Изгледа за ручек денес имаш каша попара, со оглед на тоа што направи од мојот коментар. Го расцепка, го прецепка и сега потсетува на Христијанството. Признавам многу христијански од твоја страна. :P

1. Не ми одговори на прашањата. Заборави темата, ова е дискусија.
2. Ми го раздели коментарот на делови и сега нема апсолутно никаква логика.
3. Според мене атеизмот не е никакво посебно учење.
4. И ако не се лажам ова е веќе дискутирано.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
2. Ми го раздели коментарот на делови и сега нема апсолутно никаква логика.
Класична тактика му е тоа. Кога нема каде, почнува да цитира зборче по зборче и на секое да остава по некој ретардиран коментар. Најверојатно мисли дека тоа го прави вицкаст, и дека со тоа ќе се извади поради немањето аргументи.
 

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Според напишаново, испаѓа дека скептицизмот може бесконечно да се сомнева, да бара докази за потрека, но никогаш да не даде барем една конечна вистина.
Така?
И каде е тука доблеста? Во сомнежот кон се‘ и сешто?

И конечно, верните не веруваат „на слепо„, како што ти и сличните на тебе мислите, туку верните не се определуваат кон одредена верска доктрина без нејзно претходно запознавање и испитување.
Toчно е дека скептицизмот може никогаш да не резултира со конечна вистина, некои поекстремни форми на скептицизам дури и тврдат дека не постои конечна вистина, или барем дека никогаш нема да можеме да ја осознаеме.

Каде е доблеста во скептицизмот ти беше одговорено погоре.

Точно, верните како тебе и некои други членови во форумов не веруваат на слепо, и навистина ги имаат разгледано и другите религииозни учења. Но најголем дел од верниците (без разлика на вероисповеста), воопшто немаат проучувано и читано други религиозни учења, туку едноставно ја прифаќаат религијата на своето семејство или примарната религија во поблиската околина, затоа што со тоа религиозно учење им е перен мозокот од моментот на раѓање. Затоа исламистите се исламисти, христијаните христијани, хиндуистите хиндуисти итн, и затоа многу ретко се случува преобратување во некоја друга вера.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Toчно е дека скептицизмот може никогаш да не резултира со конечна вистина, некои поекстремни форми на скептицизам дури и тврдат дека не постои конечна вистина, или барем дека никогаш нема да можеме да ја осознаеме.
.
Колку ми е познато, смислата на скепитцизмот како философски правец, не се состо и во наоѓањето на вистината, туку токму спротивно: во бесконечното (само)оправдување на човековата неспособност за нејзиното откривање, небитно што сите философи, дури и во древните времиња, трагаа токму по вистината.[DOUBLEPOST=1439228927][/DOUBLEPOST]
Каде е доблеста во скептицизмот ти беше одговорено погоре.
.
Не би рекол: потруди се малку повеќе.[DOUBLEPOST=1439229108][/DOUBLEPOST]
Точно, верните како тебе и некои други членови во форумов не веруваат на слепо, и навистина ги имаат разгледано и другите религииозни учења. Но најголем дел од верниците (без разлика на вероисповеста), воопшто немаат проучувано и читано други религиозни учења, туку едноставно ја прифаќаат религијата на своето семејство или примарната религија во поблиската околина, затоа што со тоа религиозно учење им е перен мозокот од моментот на раѓање. Затоа исламистите се исламисти, христијаните христијани, хиндуистите хиндуисти итн, и затоа многу ретко се случува преобратување во некоја друга вера.
Во горниов текст, ако поимот „вера„ го замениш со поимот „наука„, ќе ја најдеш буквално истата состојба: огромно мнозинство од „верниците„ во науките немаат поим во што веруваат, а таа вера ја засноват на „чат-пат„ информации од оваа или онаа наука.[DOUBLEPOST=1439229279][/DOUBLEPOST]
Сомнежот е особина поради која луѓето преиспитуваат, проверуваат и негледам како тоа би било слабост.
Сомнежот може да биде корисен, ако се трага по одредено „нешто„ а не бескнечно да се пребива во сомнвање.[DOUBLEPOST=1439229486][/DOUBLEPOST]
Колку повеќе провериш едно нешто, толку помлку има можност да направиш грешка.
Тоа е заблуда „А ла Ленин„.

Според Ленин, колку повеќе знаеме, толку се поблиску до вистината. Марксизмот и Ленин(измот) не ни понудија никаква вистина, туку само утописка состојба па кој гради општество врз утописки начела, таквото општество толку и ни трае(ше).[DOUBLEPOST=1439229588][/DOUBLEPOST]
Признавам многу христијански од твоја страна. :P
Не си во позиција да зборуваш за мојата вера па штом нешто научиш за истата, јави се.
 
Последно уредено:

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Колку ми е познато, смислата на скепитцизмот како философски правец, не се состо и во наоѓањето на вистината, туку токму спротивно: во бесконечното (само)оправдување на човековата неспособност за нејзиното откривање, небитно што сите философи, дури и во древните времиња, трагаа токму по вистината.


Во горниов текст, ако поимот „вера„ го замениш со поимот „наука„, ќе ја најдеш буквално истата состојба: огромно мнозинство од „верниците„ во науките немаат поим во што веруваат, а таа вера ја засноват на „чат-пат„ информации од оваа или онаа наука.
Скептицизмот во филозофијата денес се состои од повеќе различни ставови, почнувајќи од бескорисни размислувања како „не можеме да веруваме на било што што ни кажуваат сетилата, затоа што не знаеме дали правилно го отсликуваат надворешниот свет“, но и ставови како секое тврдење треба да биде потврдено со доверливи и проверливи докази, од што е изградена основата за научниот метод.

Тука си во право, но таквите луѓе не можат да се наречат скептици, слично како што „слепите“ верници не можат да се сметаат како вистински верници.

Не би рекол: потруди се малку повеќе.

Сомнежот може да биде корисен, ако се трага по одредено „нешто„ а не бескнечно да се пребива во сомнвање.
Па од каде ти знаеш дека не се трага по нешто. Со скептицизмот во науката се трага по модели кои ја објаснуваат нашата реалност на најдобар можен начин и со кои можат да се прават најпрецизни предвидувања. Но ако само се задоволиме со некој добар модел, и не го преиспитуваме истиот (пример Њутновиот закон за гравитација) и го прифатиме како конечен, тогаш остануваме засекогаш оддалечени од вистината, под заблуда дека веќе сме ја откриле. Тоа за мене е многу полошо од појстојаното сомневање и преиспитување на нашите познавања. Нашето знаење може да се продлабочи само со преиспитување, т.е. скептицизам.

Тоа е заблуда „А ла Ленин„.

Според Ленин, колку повеќе знаеме, толку се поблиску до вистината. Марксизмот и Ленин(измот) не ни понудија никаква вистина, туку само утописка состојба па кој гради општество врз утописки начела, таквото општество толку и ни трае(ше).
Пак почнуваш со Марксизам и Ленин кои немаат никаква врска со скептицизмот. Самото тврдење дека некое општество е утописко (што е присутно во Марксизмот) е контрадикторно со скептицизмот, затоа што таквото тврдење треба да се преиспита и да се откријат сите можни пропусти и недостатоци во истото општество.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сомнежот може да биде корисен, ако се трага по одредено „нешто„ а не бескнечно да се пребива во сомнвање.[DOUBLEPOST=1439229486][/DOUBLEPOST]

Тоа е заблуда „А ла Ленин„.

Според Ленин, колку повеќе знаеме, толку се поблиску до вистината. Марксизмот и Ленин(измот) не ни понудија никаква вистина, туку само утописка состојба па кој гради општество врз утописки начела, таквото општество толку и ни трае(ше).
Мешање баби и жаби. Марксизам и ленинизам со скептицизам...... Колку да си пишеш нешто само.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Не си во позиција да зборуваш за мојата вера па штом нешто научиш за истата, јави се.
Јас мислам дека дадов 100% да ти одговорам на твоето поставено прашање. И мој проблем воопшто не е дали ти сметаш дека грешам, ако грешам слободно посочи ми ја грешката, и мој проблем не е дали ти се допаѓа дадениот одговор или не. Јас само се надевам дека ќе ти се допаде и дека дискусијата ќе продолжи. Вака апсолутно ништо.

И остави број. Не знам како да те контактирам, во случај да научам нешто ново. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Јас мислам дека дадов 100% да ти одговорам на твоето поставено прашање. И мој проблем воопшто не е дали ти сметаш дека грешам, ако грешам слободно посочи ми ја грешката, и мој проблем не е дали ти се допаѓа дадениот одговор или не. Јас само се надевам дека ќе ти се допаде и дека дискусијата ќе продолжи. Вака апсолутно ништо.
Дискусијата може да си продолжи, само да не прејде во два паралелни монолози.[DOUBLEPOST=1439280855][/DOUBLEPOST]
И остави број. Не знам како да те контактирам, во случај да научам нешто ново. :)
На 223-305...[DOUBLEPOST=1439280934][/DOUBLEPOST]
Мешање баби и жаби. Марксизам и ленинизам со скептицизам...... Колку да си пишеш нешто само.
Не мешам, само дадов паралела, за да го посочам апсурдот и кај скептицизмот и кај марскизмот, како неспособност да се додје до вистината.[DOUBLEPOST=1439280993][/DOUBLEPOST]
Скептицизмот во филозофијата денес се состои од повеќе различни ставови, почнувајќи од бескорисни размислувања како „не можеме да веруваме на било што што ни кажуваат сетилата, затоа што не знаеме дали правилно го отсликуваат надворешниот свет“, но и ставови како секое тврдење треба да биде потврдено со доверливи и проверливи докази, од што е изградена основата за научниот метод.
Ако е скептицизмот основа за научниот метод (?), тогаш која вистина може да ни ја долови науката?[DOUBLEPOST=1439281167][/DOUBLEPOST]
Тука си во право, но таквите луѓе не можат да се наречат скептици, слично како што „слепите“ верници не можат да се сметаат како вистински верници.
Постојат два типа верници:
- кои ја познаваат и практикуваат верата и
- кои се само статистички верници.

Не постојат „слепи„ верници. Слепоста може да им се припише и на поклониците на сциентизмот.[DOUBLEPOST=1439281277][/DOUBLEPOST]
Па од каде ти знаеш дека не се трага по нешто.
Не напишав такво нешто: прашање е до што е дојдено. Со бескнечно “скептицизирање„, се доаѓа до бесконечно не јасна состојба.[DOUBLEPOST=1439281362][/DOUBLEPOST]
Со скептицизмот во науката се трага по модели кои ја објаснуваат нашата реалност на најдобар можен начин и со кои можат да се прават најпрецизни предвидувања. Но ако само се задоволиме со некој добар модел, и не го преиспитуваме истиот (пример Њутновиот закон за гравитација) и го прифатиме како конечен, тогаш остануваме засекогаш оддалечени од вистината, под заблуда дека веќе сме ја откриле. Тоа за мене е многу полошо од појстојаното сомневање и преиспитување на нашите познавања. Нашето знаење може да се продлабочи само со преиспитување, т.е. скептицизам.
Кон болтот: еднаш ми велиш дека науките трагаат по најдобриот начин за објаснување на нештата, а сега ми наведуваш и вистина.

За која вистина муабетиме?

[DOUBLEPOST=1439281407][/DOUBLEPOST]
Пак почнуваш со Марксизам и Ленин кои немаат никаква врска со скептицизмот. Самото тврдење дека некое општество е утописко (што е присутно во Марксизмот) е контрадикторно со скептицизмот, затоа што таквото тврдење треба да се преиспита и да се откријат сите можни пропусти и недостатоци во истото општество.
Обајснив во некој од погорните дописи.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не мешам, само дадов паралела, за да го посочам апсурдот и кај скептицизмот и кај марскизмот, како неспособност да се додје до вистината.
Скептицизмот функционира беспрекорно во откривање на вистината, кога човек е скептичен, преиспитува, проверува и ја намалува можноста да направи грешка. За разлика од некој што слепо одлучил да верува во било што, па му останува да трола кога нема што да каже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom