Убав крај, не убав за некои ликови но добро заврши.
Последните 2-3 епизоди дадоа одговор на многу прашања, па така не беше големо изненадување дека братот и сестрата се убијците на Каспер, дека братот е фотографот од филмскиот сет и дека он го упука Реј.
Мене Френк ми беше омилен лик цела сезона, и неговите сцени и сега ми беа најдобри, „прошетката кон смртта“ низ пустината беше маестрално направено, човекот не сакаше да се откаже, толку трпел у животот, и понижувања и тешки качувња, не сакаше така лесно да падне. А будала, заради ебаните дијаманти умре, можеше жив и сиромашен да си отиде кај жена му (која ете не била вмешана во никакви заговори туку нивната љубов испадана единствена искрена во целата серија) но не, он сакаше да замина барем малце како победник. А реално и немаше да биде сиромашен, ако не се лажам имаа 100.000 со жена му нивни пари.
Реј уште кога сврти до школото кај син му, му ја знаев судбината, класична грешка, он како бивш детектив одма требаше да поврзе дека прво место каде шо те бараат се локациите поврзани со твојата фамилија, се заеба, на сето тоа ни последната порака не успеа да ја аплоадира за син му.
Како и во првата сезона, повторно ни се прикажа дека големите криминали, големите заговори и моќните луѓе не можат да бидат запрени ниту откриени од 2-3 одлични „вистински детективи“. Ниту Марти ни Раст, кој иако на крај го решија случајот со yellow king не ги открија во целост гнасотиите на таа црквата (или фондација што и да беше) ниту Реј, Ани и Водроу успеаа да ги демаскираат главните негативци во втората сезона. Малиот Чесани си оствари се како што планираше, онаа групацијата си го истера планот со ескпресната железница, главниот полицаец исто си дотера далеку чист и неоштетен.
Сезоната тегавеше неколку епизоди, имаше многу ликови и ситуации, кои исто како и првата голем дел се покажаа како небитни и само ставени да го насочат гледачот кон погрешни заклучоци и еден куп теории, последните 2-3 епизоди ја извадија сезоната. Јас лично и давам 9/10, сакам уште подобра трета. Има некое официјално инфо, се продолжува на трета сезона или не?