True Detective

H

HoT IcE

Гостин
Само да го пофалан Винс Вон пошто сите го правевме магаре, ама како се придвижува серијава кон крај, се подобар и подобар ми е да му ебам таа прасечка глава :D
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.733
Поени од реакции
11.610
Јас ништо не разбрав од сезонава, гледам само онака, да видам на крајот кој е убиецот.
Дури и имињата на главните глумци не ги запамтив...
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.914
Поени од реакции
30.890
Добро бе кој кур го барате убиецот...не е битно кој е да му ебам матер затоа што како одминуваа епизодите дознавме дека Каспер е некој олош од тип, важна е целата сторија со дијамантите и играта на валканите цајкани и нивното заташкување на работите од 92ра со грабежот на златарата...за на крај да испадне дека братот и сестрата си го бараат тоа што им припаѓа и плус маваат своја освета на Каспер а ова шо овие валканите цајкани си се тепаат меѓу себе и си прават местенки му доаѓа како бонус.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Јас ќе ја изгледам уште еднаш последната епизода пред утрешното финале. Се сложувам дека ептен се сврте работата и убиецот е поврзан со нередите од 92ра, убиството на фамилијата и дијамантите.
 
H

HoT IcE

Гостин
Солиден крај, солиден. Искрено несакав на друг начин да заврши.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Солидно навистина.
Али жал ми е шо велкоро не преживеа, цела епизода си викав “не бе ќе умре овој“ и таман коа се тргна супер, го виде знакот на автопатот, и си реков готово, ојде овој.
А и за вудроу ми падна тапа, некако по машки да умреше барем.

Иам некоја замисла последната сезона на тру детектив некако да ги спои сите сезони. Некаква поврзаност да им најде, или да се сретнат ликови а да не се познаат. Јако би било мајке ми.
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Како бе солидна, мислам дека последниве 2 епизоди ептен ги избрзаа работите со цел да завршат со 8 епизоди. 7мата беше таман ама последнава...
Па уше и романтика тераат, што не беше случај со претходните 6 епизоди со градењето на нивните карактери, наеднаш чувства искажуваат :D. Овој па торково Ray детето морал баш тогаш да го види.. шо би рекол премногу predictable end имаше.
Али во глобала океј е, се надевам следна сезона у Алјаска или нешто како Мајами Вајс Сити :cool:.
Минатата сезона дефинитивно победи лошото.
Сеа дефинитивно победи, тогаш го затворија случајот ;).
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2014
Мислења
175
Поени од реакции
350
Ray со татко му дијалогот:
"I see you.. Running through the trees. You're small - the trees are like giants. Men are chasing you.. You step out of the trees. You ain't that fast. Now, son - they kill you. They shoot you to pieces"
"Where is this?"
"I don't know. You were here first."
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Џимеј за сценарист/режисер/продуцент/костимограф/помошник камерман/шминкер/кафекувар на 3та сезона. Цела разврска ја погоди!!!
6 епизоди не акаа по ќерамиди, да во 7ма и 8ма да разбереме што се случувало претходниве епизоди. Сезонава ако се емитувала во време кога немало интернет, никој немало да има појма што се случува, од шо беше се толку испреплеткано, сите детективи работеа на 2-3 случаи во исто време, Вудроу она со актерката поради која беше казнет беше филер над филерите.
Само едно чисто информативно прашање за крај: детево на крај е на Реј и Безеридес со оглед на фактот дека жена му на Френк не може да има деца, така?[DOUBLEPOST=1439222227][/DOUBLEPOST]
Да де, во тоа пустината кај шо го однесоа Мексиканците.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Само едно чисто информативно прашање за крај: детево на крај е на Реј и Безеридес со оглед на фактот дека жена му на Френк не може да има деца, така?
Да. Кога му ги даваше доказите на оној накрај, кажа дека им го должи тоа на неговите синови. После го дадоа и бебето.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.285
Класичен Chinatown завршеток.

Forget it Jake, it's Chinatown.

@Iceboy реален си, сепак го погодив „убиецот" од втора епизода :icon_mrgr:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Ми се допадна сезонава, скроз онака. Од актери, до приказна и дијалози (не толку филозофски и апстрактни), плус многу повеќе акцент на ликовите и нивните приказни, што ти дава простор да се приврзеш за нив и да ти е мака кога ќе бидат изрешетени од некои корумпирани ѓубриња.

Ептен језив ми беше делот со Френк и мршојадците што му одеа по крвта. Го фати инат за костумот бе. Ај бар си остана горд докрај.
Велкоро да умреше знаејќи дека детето му е син, бар мирно ќе си умреше. Срце ме стегна кога го покажаа резултатот од ДНК и сликите од нив. :(

Третата сезона, уште поарна.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Убав крај, не убав за некои ликови но добро заврши.
Последните 2-3 епизоди дадоа одговор на многу прашања, па така не беше големо изненадување дека братот и сестрата се убијците на Каспер, дека братот е фотографот од филмскиот сет и дека он го упука Реј.

Мене Френк ми беше омилен лик цела сезона, и неговите сцени и сега ми беа најдобри, „прошетката кон смртта“ низ пустината беше маестрално направено, човекот не сакаше да се откаже, толку трпел у животот, и понижувања и тешки качувња, не сакаше така лесно да падне. А будала, заради ебаните дијаманти умре, можеше жив и сиромашен да си отиде кај жена му (која ете не била вмешана во никакви заговори туку нивната љубов испадана единствена искрена во целата серија) но не, он сакаше да замина барем малце како победник. А реално и немаше да биде сиромашен, ако не се лажам имаа 100.000 со жена му нивни пари.

Реј уште кога сврти до школото кај син му, му ја знаев судбината, класична грешка, он како бивш детектив одма требаше да поврзе дека прво место каде шо те бараат се локациите поврзани со твојата фамилија, се заеба, на сето тоа ни последната порака не успеа да ја аплоадира за син му.

Како и во првата сезона, повторно ни се прикажа дека големите криминали, големите заговори и моќните луѓе не можат да бидат запрени ниту откриени од 2-3 одлични „вистински детективи“. Ниту Марти ни Раст, кој иако на крај го решија случајот со yellow king не ги открија во целост гнасотиите на таа црквата (или фондација што и да беше) ниту Реј, Ани и Водроу успеаа да ги демаскираат главните негативци во втората сезона. Малиот Чесани си оствари се како што планираше, онаа групацијата си го истера планот со ескпресната железница, главниот полицаец исто си дотера далеку чист и неоштетен.

Сезоната тегавеше неколку епизоди, имаше многу ликови и ситуации, кои исто како и првата голем дел се покажаа како небитни и само ставени да го насочат гледачот кон погрешни заклучоци и еден куп теории, последните 2-3 епизоди ја извадија сезоната. Јас лично и давам 9/10, сакам уште подобра трета. Има некое официјално инфо, се продолжува на трета сезона или не?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom