Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.547
- Поени од реакции
- 22.239
Пратениците од дијаспората да се избришат од изборниот законик!
http://libertas.mk/пратениците-од-дијаспората-да-се-избр/
Крајно сум иритиран поради упорното инсистирање на еден млад, преамбициозен и препотентен човек, кој се претставува како претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), за продолжување на практиката за избор на пратеници од дијаспората. Од реакцијата на нашинци од дијаспората произлегува дека никој не знае како, кога и каде е избран претседателот на ОМД!
Тоа упатува на заклучок дека тој, со аминување на ДПМНЕ, самиот си се прогласил за лидер на ОМД!? Крајно цинично е тврдењето на претседателот на ОМД за „континуираниот и огромен придонес на дијаспората за економскиот развој на Република Македонија, како и за давањето подршка за нејзиното пристапување во НАТО и ЕУ“. Благодарејќи на придонесот на ОМД македонската економија цвета, демократијата и слободите на граѓаните достигнуваат небески висини, правото во државата функционира беспрекорно, македонските граѓани си живеат среќно и весело, а РМ е членка на НАТО и ЕУ! За утеха, малку шега.
Претседателот на ОМД не наведува ниеден конкретен податок за придонесот на дијаспората за економскиот развој на РМ, освен дискутабилните дознаки! Ја користам оваа пригода да го прашам претседателот на ОМД дали, кога и колку пари тој дозначил на македонската држава или на свои блиски во Македонија или, пак, добива пари од сиромашните македонски граѓани да лобира за партијата што го плаќа? Иако не се објавуваат податоци за етничката припадност на оние иселеници кои праќаат дознаки, познавајќи го менталитетот на Македонците во дијапората („животот го давам за Македонија, а ако треба ќе дадам и 5 долари“), убеден сум дека Албанците кои живеат и работат во странски земји дозначуваат повеќе пари на своите блиски во Македонија, отколку Македонците?!
Во дијаспората живеат повеќе Грци отколку во Грција, а во грчкиот парламент нема пратеници од дијаспората? Во дијаспората живеат 15-20 милиони Полјаци, што безмалку е половина од Полјаците кои живеат во Полска, а во полскиот парламент нема пратеници од дијаспората? Голем број Албанци живеат во странство, но, ни во албанскиот парламент нема пратеници од дијаспората!
Согласно информациите што беа објавени, за тројцата пратеници од дијаспората се трошат толку пари од сиромашните македонски граѓани колку за 90 „домашни“ пратеници? На Македонија не и требаат скапо платени партеници од дијаспората кои функционираат како роботизирани гласачи на ДПМНЕ, односно како чипирани идиоти (Тричковски)! Би го замолил претседателот на ОМД да наведе макар еден позитивен придонес на пратениците од дијаспората за развојот на демократијата, слободата и правата на граѓаните, слободата на медиумите, владеењето на правото и останатите цивилизациски вредности.
Би сакал да потенцирам дека немам ништо против дијаспората. Напротив, како човек со долгодишно дипломатско искуство високо ги ценам и почитувам нашите граѓани кои живеат и работат во странските земји, меѓутоа, категорично сум против тие, како партиски војници, да учествуваат во (с)уредувањето на политичкиот систем во Македонија! Тоа е интерес, но и задача на луѓето кои постојано живеат и кои плаќаат даноци во Македонија, а не на иселениците кои живеат, работат и плаќаат даноци во странски држави! Иако живеат во демократски и правни држави, пратениците од дијаспората во Собранието на РМ настапуваат како партиски војници на ДПМНЕ и затоа сносат голема вина за воспоставувањето на авторитарниот режим, кој од Македонија направи фантомска држава која е голем резил и служи за потсмев во демократскиот свет! Впрочем тоа е и главна причина што меѓународната заедница е активно вклучена во напорите за враќање на Македонија во состојба на нормална држава!
Организацијата на полската дијаспора во САД, „Полонија“ треба да послужи како пример за уредување на односите и соработката меѓу Македонија и македонските граѓани кои живеат и работат во странски земји. Зачувувањето на културните традиции, изучување на јазикот од младите генерации, унапредувањето на економската соработка и создавањето на услови за враќање на иселените граѓани, треба да бидат во центарот на вниманието, а не дали дијаспората ќе има свои пратеници во Собранието на РМ!
Претседателот на ОМД треба дефинитивно да разбере дека пратениците од диајспората се претежок финансиски товар за сиромашните македонски граѓани и дека нивниот придонес во политичкиот живот во Македонија е не само минорен, туку е и контрапродуктивен и штетен за граѓаните кои живеат во Македонија! Доколку дијаспората е навистина заинтересирана за доброто на Македонија и за нејзините граѓани и искрено сака да им помогне нека самата организира и финансира избори на пратеници од дијаспората и нека обезбеди пари за учество и за работа на своите пратеници во Собранието на РМ! Само пратеници кои би биле избрани и финансирани на овој начин, можат да бидат автентични, автономни и суверени пертставници на дијаспората и само тие можат да придонесат за развој на демократијата, економијата, владеењето на правото, слободите и правата на граѓаните, слободата на медиумите и останатите цивилизациски вредности! На Македонија не и се потребни партиски војници и од дијаспората, бидејќи и инаку ги има премногу!
Имајќи ги предвид наведените факти би сакал да потенцирам дека категорички сум против изборот на пратеници од дијаспората! Впрочем причините за бришење на одредбите во Изборниот законик за избор на пратеници од дијаспората ги елаборирав и во мојот напис кој е објавен во Утрински Весник од 13 октомври 2013 година. Имајќи предвид дека во склопот на решавање на актуелната политичка криза во државата треба да се внесат измени во Изборниот законик уште еднаш апелирам да се престане со изборот на пратеници од дијаспората, како и да се намали бројот на пратениците во Собранието на РМ на 80 до максимум 100 пратеници. Во Србија сериозно се разгледува можноста за намалување на бројот на пратениците од 250 на 125-150 пратеници. Словенија и Косово кои имаат сличен број жители како и Македонија имаат значително помалку пратеници отколку Македонија!
Во Македонија доаѓаат гооолеми патриоти од дијаспората, кои декларираат дека сакаат да и помогнат на Македонија, но, откако ќе си ги наполнат чекмежињата со пари од сиромашните македонски граѓани, се враќаат таму од кај што дошле! Подетално за тоа во друга пригода.
На крајот неколку збора и за лобирањето, со кое се фали претседателот на ОМД. Ваквото лобирање е целосно пограшно и е исклучително во полза на владејачката партија и нејзиниот лидер, како и на оние кои работат на придобивање на лобисти, а не во полза на државата! Македонската јавност има можност често да го слушне токму претседателот на ОМД кој се фали дека „конгресменот тој и тој го подржаува зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.“ Се фали исто така и со некаква група од 15-20 конгресмени кои даваат слична подршка на Македонија. И каков е ефектот и користа за Македонија од ваквите фалби? Залудно трошење пари од сиромашните македонски граѓани, без каков било отчет за потрошените пари! Македонските власти мораат целосно да го променат однесувањето и политиката кон лобирањето и лобистите! Во тој поглед можат многу да научат од Албанците! Подетелно за тоа во друга прилика.
Коста Стоименовски
амбасадор во пензија
http://umdiaspora.org/index.php/mk/fronpage-news-mk/71-unity-mk/1088-2015-08-04-15-30-35
Stoimenovski vrska nema sto pisuva.