Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Пратениците од дијаспората да се избришат од изборниот законик!
http://libertas.mk/пратениците-од-дијаспората-да-се-избр/
Крајно сум иритиран поради упорното инсистирање на еден млад, преамбициозен и препотентен човек, кој се претставува како претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), за продолжување на практиката за избор на пратеници од дијаспората. Од реакцијата на нашинци од дијаспората произлегува дека никој не знае како, кога и каде е избран претседателот на ОМД!

Тоа упатува на заклучок дека тој, со аминување на ДПМНЕ, самиот си се прогласил за лидер на ОМД!? Крајно цинично е тврдењето на претседателот на ОМД за „континуираниот и огромен придонес на дијаспората за економскиот развој на Република Македонија, како и за давањето подршка за нејзиното пристапување во НАТО и ЕУ“. Благодарејќи на придонесот на ОМД македонската економија цвета, демократијата и слободите на граѓаните достигнуваат небески висини, правото во државата функционира беспрекорно, македонските граѓани си живеат среќно и весело, а РМ е членка на НАТО и ЕУ! За утеха, малку шега.

Претседателот на ОМД не наведува ниеден конкретен податок за придонесот на дијаспората за економскиот развој на РМ, освен дискутабилните дознаки! Ја користам оваа пригода да го прашам претседателот на ОМД дали, кога и колку пари тој дозначил на македонската држава или на свои блиски во Македонија или, пак, добива пари од сиромашните македонски граѓани да лобира за партијата што го плаќа? Иако не се објавуваат податоци за етничката припадност на оние иселеници кои праќаат дознаки, познавајќи го менталитетот на Македонците во дијапората („животот го давам за Македонија, а ако треба ќе дадам и 5 долари“), убеден сум дека Албанците кои живеат и работат во странски земји дозначуваат повеќе пари на своите блиски во Македонија, отколку Македонците?!

Во дијаспората живеат повеќе Грци отколку во Грција, а во грчкиот парламент нема пратеници од дијаспората? Во дијаспората живеат 15-20 милиони Полјаци, што безмалку е половина од Полјаците кои живеат во Полска, а во полскиот парламент нема пратеници од дијаспората? Голем број Албанци живеат во странство, но, ни во албанскиот парламент нема пратеници од дијаспората!

Согласно информациите што беа објавени, за тројцата пратеници од дијаспората се трошат толку пари од сиромашните македонски граѓани колку за 90 „домашни“ пратеници? На Македонија не и требаат скапо платени партеници од дијаспората кои функционираат како роботизирани гласачи на ДПМНЕ, односно како чипирани идиоти (Тричковски)! Би го замолил претседателот на ОМД да наведе макар еден позитивен придонес на пратениците од дијаспората за развојот на демократијата, слободата и правата на граѓаните, слободата на медиумите, владеењето на правото и останатите цивилизациски вредности.

Би сакал да потенцирам дека немам ништо против дијаспората. Напротив, како човек со долгодишно дипломатско искуство високо ги ценам и почитувам нашите граѓани кои живеат и работат во странските земји, меѓутоа, категорично сум против тие, како партиски војници, да учествуваат во (с)уредувањето на политичкиот систем во Македонија! Тоа е интерес, но и задача на луѓето кои постојано живеат и кои плаќаат даноци во Македонија, а не на иселениците кои живеат, работат и плаќаат даноци во странски држави! Иако живеат во демократски и правни држави, пратениците од дијаспората во Собранието на РМ настапуваат како партиски војници на ДПМНЕ и затоа сносат голема вина за воспоставувањето на авторитарниот режим, кој од Македонија направи фантомска држава која е голем резил и служи за потсмев во демократскиот свет! Впрочем тоа е и главна причина што меѓународната заедница е активно вклучена во напорите за враќање на Македонија во состојба на нормална држава!

Организацијата на полската дијаспора во САД, „Полонија“ треба да послужи како пример за уредување на односите и соработката меѓу Македонија и македонските граѓани кои живеат и работат во странски земји. Зачувувањето на културните традиции, изучување на јазикот од младите генерации, унапредувањето на економската соработка и создавањето на услови за враќање на иселените граѓани, треба да бидат во центарот на вниманието, а не дали дијаспората ќе има свои пратеници во Собранието на РМ!

Претседателот на ОМД треба дефинитивно да разбере дека пратениците од диајспората се претежок финансиски товар за сиромашните македонски граѓани и дека нивниот придонес во политичкиот живот во Македонија е не само минорен, туку е и контрапродуктивен и штетен за граѓаните кои живеат во Македонија! Доколку дијаспората е навистина заинтересирана за доброто на Македонија и за нејзините граѓани и искрено сака да им помогне нека самата организира и финансира избори на пратеници од дијаспората и нека обезбеди пари за учество и за работа на своите пратеници во Собранието на РМ! Само пратеници кои би биле избрани и финансирани на овој начин, можат да бидат автентични, автономни и суверени пертставници на дијаспората и само тие можат да придонесат за развој на демократијата, економијата, владеењето на правото, слободите и правата на граѓаните, слободата на медиумите и останатите цивилизациски вредности! На Македонија не и се потребни партиски војници и од дијаспората, бидејќи и инаку ги има премногу!

Имајќи ги предвид наведените факти би сакал да потенцирам дека категорички сум против изборот на пратеници од дијаспората! Впрочем причините за бришење на одредбите во Изборниот законик за избор на пратеници од дијаспората ги елаборирав и во мојот напис кој е објавен во Утрински Весник од 13 октомври 2013 година. Имајќи предвид дека во склопот на решавање на актуелната политичка криза во државата треба да се внесат измени во Изборниот законик уште еднаш апелирам да се престане со изборот на пратеници од дијаспората, како и да се намали бројот на пратениците во Собранието на РМ на 80 до максимум 100 пратеници. Во Србија сериозно се разгледува можноста за намалување на бројот на пратениците од 250 на 125-150 пратеници. Словенија и Косово кои имаат сличен број жители како и Македонија имаат значително помалку пратеници отколку Македонија!

Во Македонија доаѓаат гооолеми патриоти од дијаспората, кои декларираат дека сакаат да и помогнат на Македонија, но, откако ќе си ги наполнат чекмежињата со пари од сиромашните македонски граѓани, се враќаат таму од кај што дошле! Подетално за тоа во друга пригода.

На крајот неколку збора и за лобирањето, со кое се фали претседателот на ОМД. Ваквото лобирање е целосно пограшно и е исклучително во полза на владејачката партија и нејзиниот лидер, како и на оние кои работат на придобивање на лобисти, а не во полза на државата! Македонската јавност има можност често да го слушне токму претседателот на ОМД кој се фали дека „конгресменот тој и тој го подржаува зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.“ Се фали исто така и со некаква група од 15-20 конгресмени кои даваат слична подршка на Македонија. И каков е ефектот и користа за Македонија од ваквите фалби? Залудно трошење пари од сиромашните македонски граѓани, без каков било отчет за потрошените пари! Македонските власти мораат целосно да го променат однесувањето и политиката кон лобирањето и лобистите! Во тој поглед можат многу да научат од Албанците! Подетелно за тоа во друга прилика.

Коста Стоименовски
амбасадор во пензија

http://umdiaspora.org/index.php/mk/fronpage-news-mk/71-unity-mk/1088-2015-08-04-15-30-35

Stoimenovski vrska nema sto pisuva.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.305
More mamata otishle po ameriki, australii sea glas baraat, nemoze, predavnici ua.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.237
Има еден куп луѓе кои сакаат и се враќаат назад во Македонија. Студенти, докторанди, луѓе кои се отидени на година две три пет за да печалат и се враќаат. Да не заборавиме дека пуштаат пари што значи имаат право да знаат каде и да влијаат како се трошат тие пари. Зошто да им биде скратено правото да гласаат?
Те цитирам тебе ама се однесива на сите кои упорно верглаат со тоа ,,ускратено право на глас,,. Никој не го ускратува правото на глас. Секој кој има македонско државјанство има право на глас и тоа неможе никој да му го ускрати. Работава е во тоа што неможе за нив да има посебни изборни единици од каде со 500 гласа ке се добие пратеник. Ако пратениците овде се избираат со 15 000 гласа како може некој со 500 гласа да има ист статус? Секој со мк државјанство треба и има право на глас но во изборната единица каде има живеалиште во мк. На пример ако јас од Кавадарци се наоѓам на работа во Германија јас правото на глас ке си го остварам во нашата амбасада во Германија каде претходно ке се пријавам и мојот глас ке биде засметан во изборната единица 6. И што е тука проблемот? Зошто мојот глас да вреди помалку од гласот на некој кој не живее во мк односно зошто 500 гласа да вредат повеке од 15 000 гласа овде па некој да стане пратеник со 500 гласа а некој да не стане пратеник и со 15 000 гласа? Значи финтава не е во тоа да некому се ускратува право на глас туку секој да си гласа за изборната единица каде има адреса во мк.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

Да прочитам и нешто умно на темава,потполно се согласувам со ова што го имаш напишано,иначе преку 30 год живеам надвор од Македонија
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Секој државјанин на Македонија има право да гласа и тоа право не се скратува.

Е сега тој граѓанин од странство нека си дојде во Македонија на денот на изборите и нека си гласа во општината од каде што е. Тоа никој не го спори.

Нема потреба од дополнителни пратенички места специјално за дијаспората кои што се добиваат со 800 гласа, додека ние во Македонија пратеник избираме во просек со 7, 000 гласа.
Кој сака да гласа нека си дојде тука и нека си гласа во своето место.
 
Немора ди си доаѓа тука, нека се пријави во амбасадата дека ке гласа таму за да го средат избирачкиот список и нека си гласа таму а потоа неговиот глас ке биде ставен во кутијата од избирачкото место во кое требало да гласа во мк, нешто како гласањето на војската......
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.120
Поени од реакции
23.601
Немора ди си доаѓа тука, нека се пријави во амбасадата дека ке гласа таму за да го средат избирачкиот список и нека си гласа таму а потоа неговиот глас ке биде ставен во кутијата од избирачкото место во кое требало да гласа во мк, нешто како гласањето на војската......
Не не нека си дојди и нека си седи тука без прекин најмалце минимум 9 месеци без прекин не поголем од еден месец вкупно па после нека гласа ако му се гласа. Да види на свој грб како е, пошто 100 стапа на туѓ грб ич неболат. Тој нити ке ги доживее нити ке ги осети промените што ке ги донесат оние за кој гласал, туку ке си трга сеир некаде во друга држава. Батали тој муабет.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Не, во никој случај.
Нема потреба они да гласаат, кратко јасно и едноставно. Како што нашинците во Италија Америка и Австралија НЕ треба да гласаат, така и браќата од Швицарска и Германија не треба да гласаат. Не треба ни на попис да ги има.

А не на ден на избори, ајдееее пали чартер летот од Швицарска- дошле 50.000 души и гласаат. Утре дента аш, ги нема, назад у Швицарска. Не бива така.

Треба некој закон, ако 70% од годината поминуваш во државава- граѓанин си и можеш да гласаш. Треба да те има на попис и на избирачки список. Во спротивно, не. :) (ова не важи за возачите на меѓународни камиони, автобуси и слични работни места.)

Ама курац, не бива така нели. Пошто ако е така, ќе има 700.000 МК и 200.000 алб. :D[DOUBLEPOST=1438729962][/DOUBLEPOST]
Новинар: Зошто го сменивте името од Миле во Мајк?
Мајк: Па ко дојдовне во Остралија немавне работа, па моравне да го смениме во Мајк за полесно да бидит на босовите да не викат за на работа. Морав децата да ги наранам, барем за бред да има дома да се земи.
Новинар: А што мислите Македонија да го смени името?
Мајк: НЕ НЕ НЕ НИКАКО, ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ. Македонија да не го мења името па ако треба и сув леб нека јади...

Така е брат лесно е тие од надвор да дигаат галама, ама нема тој што да одлучува за мене кога не ги трпи срањата што јас ги трпам!
Јас да сум политичар, прв ќе го сменам името, доколку тоа придонесе за подобрување на животот на луѓето. А тие од Аустралиа нека даваат уште по 10 долари ако треба за името и знамето, ич не ги ебаам. :D Луѓено за леб немаат, пола држава се исели, они името па името. Ебем ви името.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
И Кока Кола поседува бизнис поголем од твојот во Македонија па не им даваме пратеник...

Самиот одговор на прашањето е во насловот, нема ништо повеќе што да се дискутира.
Што ќе им даваш они си ја имаат владата сеедно која партија ја составува ;)

Не ме вади од контекст прочитај што беше и зашто беше напишано така[DOUBLEPOST=1438750066][/DOUBLEPOST]Чисто ме интересира-

1. Да не ве цитирам индивидуално, оние што викате дека треба да се изедначат гласовите така да со минимум 5-7-10 000 гласа да има пратеник дали би се сложиле на повеќе пратеници ако одеднаш место 800 излезат 80 000 гласачи?

2. Ако е толкав трошок гласањето во дијаспората зошто не направите едноставен систем ви се нудеа решенија ама не си верувате па ниедно не е прифатливо за вас. Не гледам што ја обвинувате дијаспората кога вие одбивате едноставни решенија за некој да се шета низ светот на државен трошок.

3. Еве да се согласиме и со тоа дијаспората да ги покрие трошоците. Дали и тогаш би било проблем? Се си мислам дека тогаш приказната ќе биде овие се вмровци платени од Мијалков. :pos:

4. Јасно вие дека преку 120 држави имаат ваков систем дури и многу поотворен каде што цела дијаспора им гласа. Ова што се практикува во МКД не е ништо ново.

Незнам зошто ви е тешко да се помирите со фактот дека независно колку ќе излезе дијаспората на избори пак ќе си гласа за партијата со која се идентификува. 25 години поминаа ниту една друга партија не се заинтересирала да соработува со дијаспората така да не треба да ве чуди тоа.
 
Има право да гласа и тоа не е спорно ама ако тој во мк има адреса во Свирипичино неговиот глас ке биде забројан во Свирипичино а не да има плус пратеници! Толку ли е тешко да сватите дека не е проблемот во правото на глас.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982

Проблем е правото на глас...Тие во странство се македонци да, ама ниту живеат тука, ниту придонесуваат...Најголемо зло е да има плус пратеници, но исто така неможе тој да одлучува за мене кога не е тука и не живее во иста ситуација како јас! Тука е целата работа, неможе во куќен совет право на глас да има некој кој што го издава станот под кирија, а не живее во таа зграда!
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
и шо допринесоа тие нови тројца пратеници кои се изгласани на последните избори ако не е тајна ?
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
и шо допринесоа тие нови тројца пратеници кои се изгласани на последните избори ако не е тајна ?
Паааа како незнаеш???Срам да ти е... Тие се клучна алка во македонштината
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
и шо допринесоа тие нови тројца пратеници кои се изгласани на последните избори ако не е тајна ?
A sto pridonesoa domansite pratenici sive godini? 90% se anonimci ama sluzat na pariite kako sigurni glasaci vo sobranieto. Ako vekje pravime sporedbi togas da napravime i so domasnite pratenici. A i plus segasnite pratenici od dijasporata ne se dijasporski tuku partiski od aktuelnava vlast.

Moi predlozi kako da se reformira glasanjeto na dijasporata:
- da ostanat trite IE so po eden pratenik
- da se ovozmozi elektronsko glasanje na dijasporata
- partiite da nemaat pravo da ucestvuvaat na IE 7,8,9 so nivni kandidati. Tie treba da bidat nezavisni a ne kako dosega partiski.
- dijasporskite pratenici da imaat posebno pravo da gi branat interesite na dijasporata vo sobranieto. Dali toa ke se desi preku posebna komisija za dijaspora ili posebni prava na pratenicite (kako frakcija) moze da se diskutira.

Posledici:

- So 3 od 123 pratenici, dijasporata ima simbolicen udel vo Makedonskata Politika, no glasot na dijasporata ke bide prisuten. Dijasporskite pratenici poradi malata brojka nema da imaat golema mok "za da im go slosi zivotot na grangjaninte na RM" (ova e mnogu vazno za nekoi forumdzii).
- So elektronskoto glasanje ke ima mnogu poveke biraci i so toa argumentot za maliot broj glasaci ke stane istorija
- So nezavisni i nepartiski dijasporski pretenici dobivame lugje, koi se zalagaat za dijasporata i za Makedonija a ne za partiite.
- So jaknenjeto na statusot na dijasporskite pratenici ke gi zastitime i ke im dademe kolku tolku sansa da bidat slusnati.

citat: "Najgolemo zlo e da ima plus pratenici..." :facepalm:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
A sto pridonesoa domansite pratenici sive godini? 90% se anonimci ama sluzat na pariite kako sigurni glasaci vo sobranieto. Ako vekje pravime sporedbi togas da napravime i so domasnite pratenici. A i plus segasnite pratenici od dijasporata ne se dijasporski tuku partiski od aktuelnava vlast.
ете видиш,не видовме аир од 120,сега уште 3 ни притребало џоа засилување,ами нека ги направат 10 000 колку што имаат роднини и фамилија сите на државна цицка обесени

него кај се резултатите од пратениците од дијаспората ми беше прашањето,за домашниве знаеме кои се резултатите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom