Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Значи дискусијава се сведе на тоа дека дијаспората уствари го кочи напредокот на Македонија поради нивните ставови како на пример - неприфаќање на промена на името. Без врска. Тоа што вие сте спремни на промена на име не значи дека мнозинството луѓе се спремни на истото. Јас живеам и ќе живеам во Македонија и тоа прашање за мене е апсоливрано одамна - никаква промена на името. Сега продолжете со дискусија за правото на глас на иселениците.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982

Никој не рече дека дијаспората го кочи напредокот на Македонија затоа што не се за промена на името. И јас несакам да се смени името. Ама несакам ни некој си кој што отишол негде на страна, да ми одлучува кој ќе биде на власт во Македонија бидејќи тоа ме засега мене, а не нив!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Има еден куп луѓе кои сакаат и се враќаат назад во Македонија. Студенти, докторанди, луѓе кои се отидени на година две три пет за да печалат и се враќаат. Да не заборавиме дека пуштаат пари што значи имаат право да знаат каде и да влијаат како се трошат тие пари. Зошто да им биде скратено правото да гласаат?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Имаш ли точни податоци за девизните приливи? На темава прочитав дека испраќале две милијарди евра на годишно -- ова ми е нереално, мислам дека се работи за многу помалку...
За 2013 биле околу 1,5 милијарди евра, еве како оделе по години
2010 1.355
2011 1.487
2012 1.622
2013 1.530

Зошто да им биде скратено правото да гласаат?
Зошто ја извртуваш тезата дека некој на некого му ускратува некакво право? Секогаш може да гласаат во родното место.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Има еден куп луѓе кои сакаат и се враќаат назад во Македонија. Студенти, докторанди, луѓе кои се отидени на година две три пет за да печалат и се враќаат. Да не заборавиме дека пуштаат пари што значи имаат право да знаат каде и да влијаат како се трошат тие пари. Зошто да им биде скратено правото да гласаат?
Пуштаат пари на своите семејства, а нивните семејства имаат право на глас!
Во случај да пуштаат пари на државна сметка, тогаш тоа го прават доброволно, а јас плаќам данок задолжително!
Повторно негледам причина зошто некој од страна би одлучувал за мене!
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Има еден куп луѓе кои сакаат и се враќаат назад во Македонија. Студенти, докторанди, луѓе кои се отидени на година две три пет за да печалат и се враќаат. Да не заборавиме дека пуштаат пари што значи имаат право да знаат каде и да влијаат како се трошат тие пари. Зошто да им биде скратено правото да гласаат?
Од проста причина што не се овде разбираш?Не се овде,кога ќе се вратат слободно нека гласаат,нз попросто како да ви се објасни,неможи да носи одлуки некој кого не го засегаат последиците од тие одлуки.И аман со тоа пуштаат пари,држава е ова или бордел?Ај некој пакистанец нека прати 1000еур годинава и нека гласа,што има врска праќа пари човекот...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
WTF?
Ок, се повлекувам од дискусијата. Од фактот дека не сакате да излезете на гласање го извртевте во тоа дека сме ве нејќеле. :facepalm:

ПС. Имам брат во дијаспората и да кажам дека си го поштувам, а и он мене. Сигурно и ти имаш брат/сестра/братучед во Мкд, па кажи дали те нејќат
Ne bese licno protiv tebe Branchez ne sfakaj odma licno, globalno kazano e i samiot ke vidis, ako ja prolistas temava, deka sme omrazeni od mnogu lugje. ;)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Од проста причина што не се овде разбираш?Не се овде,кога ќе се вратат слободно нека гласаат,нз попросто како да ви се објасни,неможи да носи одлуки некој кого не го засегаат последиците од тие одлуки.И аман со тоа пуштаат пари,држава е ова или бордел?Ај некој пакистанец нека прати 1000еур годинава и нека гласа,што има врска праќа пари човекот...
каква врска има Пакистанецот со Македонија? Овие луѓе се наши сонародници.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Колку што знам никој не забранил на некој од дијаспората да си гласа во Македонија, седнува во авион и доаѓа и си гласа во изборното место каде е евидентиран (како што се правеше за локалните за Кичево на пример).
Зошто да има посебна изборна единица само за дијаспората? Зошто ако толку сте заитересирани да гласате на избори излегуваат само 5-600 луѓе. Зарем вашиот глас вреди 10 пати повеќе од мојот само заради тоа што носите девизи? Па и јас носам девизи од странски проекти. А што да кажат 300.000 невработени што не носат никакви пари, дали да им забраниме да гласаат, хм? Како тоа за 3 пратеници од дијаспората се трошат 25-30% од сите пари предвидени за изборниот процес, т.е. 10-15 пати повеќе од пратеник во Мкд. Зошто не излезе некој од дијаспората и да каже дека самите ќе си покриете тие трошоци, а не да чекате од жална Македонија да крати на здравство за случаи како Тамара за на вас да ви угоди?
Ај да збориме за ефектите од овие пратеници што се избрани од дијаспората, колку успеале во нивната задача, колку од дијаспората ги знаат и им се обратиле за извесни проблеми, колку лобирале за Македонија во соодветните држави/ изборни места? Што фајде од нив?

Значи не сум против да гласа дијаспората ама мора да ги исполни следниве услови:
Минимум 10.000 гласачи да излезат на едно изборно место
Трошоците за организирање на изборите да не смеат да бидат енормни како што се сега (или ако се тогаш дијаспората да си покрие)
Пратениците избрани од дијаспората секоја година да даваат отчет за сработеното, што придонеле тие за Македонија
Во европа и америка не се 500-600 него по неколку илјади гласачи. Најмала излезеност има во Австралија, меѓутоа таму сдсм неможе да освои повеќе од 20 гласачи, така да дали излегле 800 или 80 000 резултат ќе биде ист, ќе тепа вмро со 95% или 99.999% разлика. Стандардно сдсм ќе нема повеќе од 20 гласачи - фамилијата на кандидатот, така да не гледам каква разлика прави излезеноста. Зошто е тоа така - во канбера имаме мала заедница па во амбасадата гласаат не повеќе од 200 луге. Конзулатот во Мелбурн е на место кое е далеку од пределите каде живеат македонците каде е тешко да се најде паркинг и е мисија 2 пати (за разлика од МКД мора секое гласање да се пријавиме да гласаме) да се дојде до таму поготово кога унапред знаме кој ќе победи и дека нашиот глас не прави разлика и сме ОК со тоа. Македонците од Перт за да го остварат правото на глас треба да летат 6 часа до канбера. Сиднеј, аделаид, волонгонг, џилонг, бризбен итн исто така немаат конзулати.

Тоа дека гласот на дијаспората демек вредел повеќе од твојот, нема врска, еве ај кажи утре да се донесе НОРМАЛЕН начин на гласање на каков сме ние навикнати овде и излезат 80 000 во австралија дали мислиш дека треба да имаме 8 пратеника само од Австралија? Јас на цела работа гледам повеќе симболично и да се сложувам пратеникот треба да биде еден вид мост меѓу македонија и тој дел на светот, 1 пратеник е доволно за секоја изборна единица, излезеноста не треба да има никаква врска. Имај на ум дека прашање на време е да имаме електронско гласање така да ако не сега за 10-20 години сигурно ќе има не 80 000 него 120-130 000 гласачи од СЕКОЈА изборна единица што ако се иде по 10 000 гласа за пратеник би имале 30% од пратениците.

За тоа дека се трошеле многу пари, си се запрашал ли зошто е тоа така? Еве да ти објаснам, парите се трошат затоа што партиите во МКД не си веруваат меѓу себе па за да има „фер“ гласање праќаат секој по еден преставик преку дик за надзор. Тоа се цел куп партиски наградени шетања на грбот на државата. Од Австралија во неколку наврати имаше прелог гласањето да го организираат Мак организации или да се побара помош од австралиската избора комисија - значи австралци кој дијаспората би ги платила. Целокупниот трошок за тоа би бил помалку од два авионски билета, значи луѓе на денот на гласањето ПЛУС избирачки места (школи) во наслебите каде живеат македонците, така да излезеноста ќе биде поголема. Ова нормално е одбиено од опозицијата...

Она за отчет, би сакал да е така за секој пратеник. Овој моментално што е во МКД од АУС е ѓубре и се надевам дека нема пак да биде подржан од дпмне. Претходниот си беше ок. Од она јас што знам беше инволвиран при носење неколку поситни инвестиции во мкд. Треба да имаш на ум дека и буџетот што они го имаат а и задачите што им се доделени некако не се реални. Се очекува многу а не им се дава можност тоа да го одработат. Голем проблем овде е што никој асален не би се нафатил да биде пратеник во МКД за платата што се нуди. Овде да лежиш на социјално подобро ќе поминеш него со таа плата и услови што ги нуди МКД.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Инаку трендот да се овозможува право на гласање на иселеници продолжува и секоја година има повеќе земји кои прифаќаат гласање на дијаспората. Моментално има 120 земји кои дозволуваат гласање надвор од државата. Кај повеќето од нив има извесни лимити во смисла некој кој не живеаал 15, 10 или 5 години (различно во различни држави) без да живеел одреден период во државата кај што гласа го губи правото на глас (кое пак може да го добие откако ќе исполни услови).
Сите кои што трубите на другите теми како се иселиле еден куп луѓе, умни паметни убави од државава сега сте против истите тие паметни убави и супер луѓе да гласаат? Малку чудно.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
каква врска има Пакистанецот со Македонија? Овие луѓе се наши сонародници.
Е со ова наши сонароднице ме придоби,ми омекна срцето.
Ако се наши сонародници што не речеш оти се наши сонародници треба да гласаат туку секој втор овде повторува даваат пари даваат пари?Од една страна ,,наши сонародници,, биле,а од друга страна ја проституирате Македонија со тоа ,,ќе платат ќе платат,,.Да гласаат оти ни се сонародници или оти ќе си платат поштено? :icon_lol:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Тоа што и се прави на дијаспората од секогаш било стил на вмро,земаш име со што ги чепкаш во срце,а тие кутрите хендикеп имаат дома не дошле 10 години значи носталгија до максимум,плус не осеќаат на свој грб економски ,,реформи,, казни и слични срања туку гледаат само што се гради и како и се покажува заби на Грција,пошто нели не е важен животот важно е да пукнат душманите,особено твојот газ ако е на сигурно во Канада или Австралија,и тие немаат буквално никакво реално рассудување за состојбата овде исто како што јас безразлика на тв интернет и приказни неможам да имам реално рассудување за ситуацијата во Конго од проста причина што не сум таму.Или народски ,,по туѓ грб и сто стапа не болат,,.Ерго имаш маса на луѓе што ти се класични поддржувачи на вемерото :icon_lol: И нормално Груј 16ти дека сака да го триплира бројот,што е до него тој би сакал само тие да гласаат,или пример 100 пратеници од дијаспора и 20 од Македонија.А иначе се работи за класична дискриминација зошто ние треба цел град да гласаме за еден пратеник во собрание,а таму треба четворица Џим Спасевци и Џон Крокодиловци да гласаат и оп пратеник,што значи дека нивниот глас вреди повеќе од мојот што ЖИВЕАМ ВО МАКЕДОНИЈА,повторете си го ова на глас и размислете каде живееме,ескими ти креираат план за справување со жештините во Каиро.:tapp:
:facepalm: Dali pravime muabet za istata drzava? VMRO-DPMNE pobeduva 10 godini vo red, duri i apsolutno mnozinstvo dobiva, a ti ja obvinuvas dijasporata deka se pali na VMRO? Stvarno?

Inace fala uste Ednas na podcenuvanjeto ako mislis deka tolku lesno mozat da ne manipulirat. Toa e vecen Problem na mnogu Makedonci vo Makedonija, sto se pravat mnogu pametni ili mislat deka se, a drugite ne se. ;)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Е со ова наши сонароднице ме придоби,ми омекна срцето.
Ако се наши сонародници што не речеш оти се наши сонародници треба да гласаат туку секој втор овде повторува даваат пари даваат пари?Од една страна ,,наши сонародници,, биле,а од друга страна ја проституирате Македонија со тоа ,,ќе платат ќе платат,,.Да гласаат оти ни се сонародници или оти ќе си платат поштено? :icon_lol:
Наведов повеќе прични, парите беа една од нив. Немам намера да го омекнувам твоето срце знам дека е како камен.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Никој не рече дека дијаспората го кочи напредокот на Македонија затоа што не се за промена на името. И јас несакам да се смени името. Ама несакам ни некој си кој што отишол негде на страна, да ми одлучува кој ќе биде на власт во Македонија бидејќи тоа ме засега мене, а не нив!
A dali 3 od 123 pratenici odlucuvaat za toa koj e na vlast?
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
:facepalm: Dali pravime muabet za istata drzava? VMRO-DPMNE pobeduva 10 godini vo red, duri i apsolutno mnozinstvo dobiva, a ti ja obvinuvas dijasporata deka se pali na VMRO? Stvarno?

Inace fala uste Ednas na podcenuvanjeto ako mislis deka tolku lesno mozat da ne manipulirat. Toa e vecen Problem na mnogu Makedonci vo Makedonija, sto se pravat mnogu pametni ili mislat deka se, a drugite ne se. ;)
Па јас не реков дека ради дијаспората победуваат,а дека се пали дијаспората многу нормално,и не само на ова вмро туку и на предходното.
А после тоа перење на мозок што се случуваше последниве десет години брат,голем дел од луѓето овде немаат реална претстава и се манипулираат без проблем а не пак некој на 10.000км од овде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom