Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислев дека процентот на стапката на невработеност во СФРЈ е далеку понизок од 15%, бев на мислење дека е околу ~5%. Како и да е, имаш податоци за невработеноста во периодот од 1970 до 1980 за Италија, UK, Франција, Зaпадна/Источна Германија, Шпанија, Грција -- да споредиме?
Методологијата со која се мери невработеност во Југославија не соодвествува со останатите европски. Македонија ја напушта Југославија со стапка на невработеност околу 20%, ама во таа стапка има добар дел на луѓе кои се пријавуваат само за здравствени и социјални привилегии, а не бараат работа активно.
 
@Windfucker , баш вчера кога ги гледав сакав слично нешто да споредам. Даваа 2 македонски филмови од 50тите, србокомуњарскиот режим ни дозволувал да снимаме за Елен Стон, борбите на Пирин Планина и Волчја ноќ, нашите анархисти во Солун, убиствата и малтретирањето на луѓето од Егејот... Вакви филмови се снимени на десетици со големи имиња кои и ден денес сеуште никој не може да ги засени-Шишков, Прличко, Јоана...Не знам дали некој памти макар еден македонски револуционерен филм за славата и борбите на македонците во минатото, политички, културно, било како. Или периодов на самостојност ќе го паметиме по филмови секс на велешанка со унпрофорец, бабата со килимот, Трендафил во Бугарија или фудбал нешто изиграле...За Александар, Филип, Гоце, Темпо нема, а наводно патриоти сме до коска..
Колку наркомани имаше во СФРЈ или еве колку наркомани познававте во времето на СФРЈ? Колку има сега и колкумина познавате? Колку починати од дрога познававте во времето на СФРЈ а колку починати од дрога познавате сега?
Еве јас да кажам дека имам тројца пријатели кои во последниве неколку години починаа од дрога. А неможам ниту да пребројам колку наркомани познавам.
Споредба и информации со сфрј можеш да видиш од линковите
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2811840111&id=25&setIzdanie=22201
Младите го плаќаат данокот на транзицијата
ТИНЕЈЏЕРИ СТАНАА НАРКОДИЛЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Македонија: Наркомани помлади од десет години
Во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а експертите сметаат дека неофицијално тој број е до шест пати поголем.

напрема СФРЈ каде бројот беше неколкупати помал. И не само од дрога туку и од алкохол
Во Македонија има 636 нови регистрирани наркомани, педесет илјади граѓани пак имаат проблем со алкохолот, велат најновите податоци на МВР
Бројот на корисниците на дроги и на други видови психотропни супстанции се зголемил за 15 пати во однос на минатите десет години. Бројот на зависниците од хероин е меѓу 5.000 до 8.000, а меѓу 20.000 и 30.000 граѓани користат други видови дроги, велат податоците на МВР, на хоспиталната статистика и на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Точната бројка на лицата што злоупотребуваат дроги во земјава останува непозната поради отсуството на национален регистар што би го содржел бројот на лекуваните лица, на смртните случаи предизвикани од предозираност и на криминалните дејства поврзани со дрогата.
Половина од регистрираните корисници на дрога се од Скопје, потоа следуваат Куманово, Охрид, Струмица и Тетово. Половина од скопските зависници се на возраст од 18 до 25 години.
Во Македонија првите корисници на дрога биле регистрирани во евиденцијата на МВР во 1969 година. Во периодот меѓу 1990 и 2006 година бројот на регистрирани корисници се зголеми за околу 25 пати, односно од 314 на 7.709, додека во 2007 година, биле регистрирани 636 нови корисници на дрога. Од вкупниот број на регистрирани наркозависници околу 900 од нив се дилери на дрога, односно препродавачи на дрога на територијата на нашата држава.
Покрај растечката наркоманија, во земјава околу 50.000 жители имаат проблеми со алкохолот, велат последните истражувања на надлежните. Од нив, една третина се жители на Скопје. Последните истражувања покажале дека половина од младите за време на викендот пијат алкохол, а 40 отсто од нив барем еднаш се опиле. Надлежните во Психијатриската болница велат дека во изминативе девет месеци, во просек месечно биле лекувани по 70 лица што станале зависни од алкохол. Во земјава, секој четврти возач управува возило во алкохолизирана состојба.

Полицијата годинава пресекла 11 меѓународни канали за шверц на дрога
Полициските анализи утврдиле дека експанзијата на дрогите во Македонија почнала со распаѓањето на поранешната СФРЈ. Оттогаш досега бројот на зависниците е зголемен за неколку илјади. За жал, кај нас се уште не постои центар за лекување на зависности од дрога. Единствена здравствена установа што се обидува да ги санира последиците од употребата на дрога е дневната болница во населбата Кисела Вода. За подобра информираност, пак, од пред три месеци функционира телефонска СОС-линија. Станува збор за проект на ФАРЕ, Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Здружението на социјални работници.


Можеш како што напиша да се увериш и од лично искуство. Кај мене во улица еден ојде, на работа исто има 2-3 случаи. Вие помладите се движите низ тие друштва па сте повеќе запознаени. Ако ништо друго, доволно е да се прошеташ среде ден низ градски парк и спроти градска болница каде малолетни деца и под 10 години стално дуваат лепак.
 
Последно уредено:
slikaBon-benzin-SFRJ-1984-10-litara-14--83135689v800h600.jpg

Со тие бонови се полнеше бензин на службени возила во осумдесетите. Чисто информативно. И тоа, оние кои немаа бензински во сопствениот круг. :)
 
Хм, дури и србите кои беа најгласни пред војните против Тито, сега им било поарно во СФРЈ. И хрватите кои беа активни во собранието против останување во сфрј...Ами кога ќе изгубиш нешто, ќе сфатиш колку вреди. Или кога ќе ти е тешко ама кога ќе дојде уште потешко, ќе сфатиш дека она тешко било ништо према она потешко. Арно велат, каде е дното.
 
словенците :sneaky:, тие најмногу и изгубија, од први у град , станаа последни у село, уште и пот притисок да ги германизираат каков немало ни за време на Марија Терезија...
Со гласовали-ампак со зајебали ....што би рекол мој фантјек Игор...
На клошарите ко нас у ќуше и тогаш и сега исто им се фаќа....или скоро исто... :):):)
 
словенците :sneaky:, тие најмногу и изгубија, од први у град , станаа последни у село, уште и пот притисок да ги германизираат каков немало ни за време на Марија Терезија...
Со гласовали-ампак со зајебали ....што би рекол мој фантјек Игор...
На клошарите ко нас у ќуше и тогаш и сега исто им се фаќа....или скоро исто... :):):)
и нам не ни е сеедно, словенците единствено задржаа или поточно речено достигнаа сега плати од 1990, а друго шо им следуваше гарантиран пазар, едноставна и ефтина набавка на репроматеријали, своја сопственост над капацитети и имоти, привилегиите на социјализмот како солидарност помагање едноставен и поволен пристап до федерациски буџети, ниска невработеност итн итн итн.
Дури и на поглед на лични слободи беа далеку напред беа изворд на авангарда, поинакви идеи и мислења.
Сега се наемни работници кaj туѓи газди, во унијата СФРЈ имаа рамноправно преставници во федерацијата како и Србија или Хрватска, сега во европската унија имаат 8 преставници наспроти 11 Хрватски или 21 Унгарски или 17 бугарски.
 
Скоро исто, само наместо бонови за гориво, ни убиваат деца што отишле да рибарат. А тие деца во основно ги чистеле шприцевите од школските дворови од наркомани чиј број "случајно" со почеток на осамостојувањето до денес се зголемува за 25 пати, а нивните родители работат (ако се во среќните 70%) 24/7 за цркавица од просек 9-15 илјади кај странци кои ги влечат профитите надвор, а од даноците о нивните плати се помагаат тие странски фирми. Лудило. Ама на луѓе и тоа им е ок, ако уживаат во "независноста" на државава. Уште лавчето ко ќе си го вратимее...
 
Последно уредено:
Скоро исто, само наместо бонови за гориво, ни убиваат деца што отишле да рибарат. А тие деца во основно ги чистеле шприцевите од школските дворови од наркомани чиј број "случајно" со почеток на осамостојувањето до денес се зголемува за 25 пати, а нивните родители работат (ако се во среќните 70%) 24/7 за цркавица од просек 9-15 илјади кај странци кои ги влечат профитите надвор, а од даноците о нивните плати се помагаат тие странски фирми. Лудило. Ама на луѓе и тоа им е ок, ако уживаат во "независноста" на државава. Уште лавчето ко ќе си го вратимее...
...не заебаај, со осамостојувањето само се виде дека ни за красни к..ац не не бива. Да не беша СФРЈ да не шлепа, сам бог знае уште од кога ќе потоневме у грчки,спски,бугарски или албански мочуришта. Тоа ти е... за бродови не не бива , нашиов каков е без данце направен , нормално дека тоне ко секира у вода... :):):):) Единствено да пробаме со леташки од умот, па можеби полетаме....:sneaky:
 
...не заебаај, со осамостојувањето само се виде дека ни за красни к..ац не не бива. Да не беша СФРЈ да не шлепа, сам бог знае уште од кога ќе потоневме у грчки,спски,бугарски или албански мочуришта. Тоа ти е... за бродови не не бива , нашиов каков е без данце направен , нормално дека тоне ко секира у вода... :):):):) Единствено да пробаме со леташки од умот, па можеби полетаме....:sneaky:

Да не се екнеме у некоја бездна со тоа летањето. :D
 
Да не се екнеме у некоја бездна со тоа летањето. :D
е сеа, ова твоево спаѓа у класа: закерање. Работава е кој ќе преживее ќе раскажува, ти за треснување збориш.....:cool:
 
е сеа, ова твоево спаѓа у класа: закерање. Работава е кој ќе преживее ќе раскажува, ти за треснување збориш.....:cool:
Од толку новокомпонирани одмаздољубиви антички македонци кои донесоа изобилие и рај на земјата, ме фаќа “непотребна“ параноја.
Како што струмиџанецот пееше, Многу арно не е на арно.
 
Еј да не има некој бројка колку опозициски партии имаше во СФРЈ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom