Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ама сте го потцениле Манчини божем станува збор за Никола Илиевски-Џиџи ебаго.

Ај баш да го видиме и суперталентираниот најбољи млад тренер у Италија, Алегри што ќе напраи у втората сезона. Во неговата прва во Милан си освои титула арно ама во втората му ги шитнаа Ибра и Силва и се деси тоа што се деси.
Ако не истото тогаш сличното се дешава и сега во Јувентус, Пирло, Видал и Тевез аут а на нивно место сеуште ништо донесено. Немој да се лажете дека децата што ги земавте ќе го оправдаат отсуството на Тевез напред кој како прво ствараше психолошки страв над противничките одбрани, сепак е Тевез. Истото важи и за Пирло, друго е кога покрај тебе и против себе го имаш Пирло а друго е Асамоа или Стураро. Ни Дракслер нема значително да им ја олесни загубата на оваа тројка. Плус на клупа им е Алегри, кој е добар тренер ама во Милан покажа и дека не може баш да се снајде ако му ги нема столбовите во тимот. Одбраната е иста, да, ама колку таа одбрана би функционирала со 2 штопери од кои едниот е Бонучи без Барзаљи. Па и тој Ругани колку сака нека е талентиран и добар сепак ова е Јувентус а не Емполи. Nма разлика.
Иако и јас мислам дека Јувентус пак ќе биде шампион.

Рома, интересно тимче ќе имаат пак ама некако ми се изгуби Руди, го немаат некако тој директен пристап како првата сезона кога се бореа за титула ама очекувам сега со Салах и Итурбе позади Џеко сериозно да нападнат. И средината им е иста, Раџа е змија невидена, сакам и Стротман повеќе да игра исто и Пјаниќ да ја врати вансериската форма. Едино останува одбраната малце да ја средат, пред се нови бекови и евентуално некој нов штопер да улета, штета Ромањоли е левак па не би можеле да се спарат со Кастан. Ајде може гркот или Мапу ќе се повампират. Ќе притиска Рома горе, сигурно, едноставно тоа го налага фудбалот на Руди.

Лацио ми се крш некако, тој Лотито ги ебе у здрав памет, годинава ќе играат 50 утакмици тој останува со ист состав т.е не е ист туку им отидоа 2-3 играчи. Мора мора да поработат на трансфери иначе ќе се борат за ЛЕ или стандард средина на табела.
Тука би ја стаил и Виола, тешка грешка им е ногирањето на Монтела, тимот остана ист, плус минус Салах, Марио и Пизаро. А да, и Савиќ ќе им фали позади, не знам кој ќе биде другиот штопер до Гонзало. Бековите им се нуларица, средината сем Борха е исто боранија едино нападот им е онака ако и само ако Бепе Роси не е повреден и игра како што игра, а никогаш не игра лошо кога игра. ЧД Баш затоа и не сум ги стаил горе на анкетата, не ги гледам горе Виола сезонава.

Наполи со Сари поима неам што да очекувам, т.е едно знам а тоа е дека ќе имаат доста интересен среден ред, као што читав Хамшик ќе игра во триото во средина со Алан и сеа не знам што точно игра во оваа тројка Сари, дали друг копач како Алана или креативец како Хамшик.. На 10 ка би требало Валдифиори или Ел Кадури и во напад Игуаин и хм Каљехон? Мертенс? Што е со крилава? Не знам енигма ми се Наполи. А да, го земале и пијаницата Кирикеш од Тотенхем позади со Албиол хехе.

Милан, едно знам а тоа е дека Синиша ќе ги мрдне на почетокот, има да имаат пеколен старт, не им го забележав баш распоредот ама очекувам силно да тргнат е сеа после што ќе се изгубат ќе се изгубат пошто Барбика и не е некој тактичар т.е он е никаков тактичар игра еден ист фудбал и тоа и само тоа, ко и менторот негов, ама за него после. Уште не им е комплетиран тимот ама како што тргнале вака изгледа на 31 август ќе пазарат панично. Ајде оставам простор со нов везњак и нов штопер да праат притисок горе. Имаат добар напад, Бака ќе праи проблеми таму напред.

Интер, има потоп да им се задеси ако случајно извиси од пласман во ЛШ, толку пари се фрлија, такви играчи се прелажаа да потпишат и ако фејлнат сезонава има да им се ебе мила мајка. Гледам на сите најголем проблем ви е Манчини, ја сум онака што се однесува на него, ако не експериментира и ако ги напаѓа бескомпромисно малите екипи со овој ростер има да паѓаат како крушки. Јес да на пријателскиве бевме тапа ама од едно сум задоволен а тоа е играта во средината, Кова-Броз и Кондогбија па и Хернанес покажуваат дека знаат и можат да играат фудбал и да комбинираат во средината а тоа ќе резултира со сериозни шанси за напаѓачите, очекувам пеколна сезона за Икарди пред се и Јоветиќ , плус минус Шакири или Перишиќ сеедно.
И одбраната е доста појачана со Миранда кој сеуште не сме го виделе во игра ама очекувам да донесе една голема сигурност пред се, Муриљо уште на Копа покажа дека е куче гладно за успеси а и на двете пријателски против Баерн и Реал покажа дека има доста потенцијал во него, очекувам со Миранда да бидат партнери. Ранокија ќе извиси најверојатно исто и Хуан кој мора многу подобро да игра ако сака да остане и понатаму во тимот. Најверојатно ќе се пазари и уште еден лев бек по можност левак.

Тоа е тоа според мене, доле едно сум сигурен а тоа е дека еден од Карпи и Фросиноне ќе биде пријатно изненадување и ќе заврши високо горе а другиот ќе испадне сепак, типувам на Фросиноне дека ќе се врати назад во Б.
Болоња и Киево ни под разно не испаѓаат. Можда Емполи, Фросиноне и третиот патник не може да ми текне, Аталанта со Реја сигурно не испаѓа. Можда Киево конечно ќе летаат.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.674
Поени од реакции
88.588
^^^

Само да напоменам, таа сезона кога Макс беше тренер на Милан заминаа вкупно 11 или 12 играчи, цел тим да го ебам.
Во Јуве заминаа 3 клучни играчи, но костурот на екипата е сеуште тука.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.799
Поени од реакции
17.735
Ај да подгрејме малце атмосфера, ова е од денес :)

Muntari on Gol di Muntari "Even if it was given it wouldn't have changed anything that Juve was too strong."[DOUBLEPOST=1438169125][/DOUBLEPOST]Kondogbia: "Before deciding to move to Italy, I wanted to talk to Evra. He told me if you do well in Italy you’re ready to do well anywhere"

Интераши фала треба да ни речите :D[DOUBLEPOST=1438170107][/DOUBLEPOST]"The only club where her husband replaces me was at Inter Milan, where in six months he destroyed the best team in Europe at the time.

"And for her also to think about me and to speak about me, I think the lady needs to occupy her time and if she takes care of her husband's diet she will have less time to speak about me."
 
Последно уредено:

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Шо му фали на Манчини бе, јас мислам оти ќе биде најдобар човек кој седнал на клупата на Интер после Мурињо
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.636
Поени од реакции
59.486
Јувентус - Нема да ме чуди ако не ја освои титулата во новата година. Не е толку заради тоа што си заминаа Видал, Пирло и Тевез, туку заради премногу младите играчи кои ги купивме.... може една сезона да оди во неповрат додека да соберат децава искуство. Најмногу во играта ќе фали Тевез кој беше алфа и омега во нападот предходниве години, додека за Пирло и Видал нема толку да се осети нивното заминување. Првиов беше цело време повреден минатата сезона, и повеќето од натпреварите ги играа без него, додека за Видал формата си ја поврати негде крајот на Март (во вистинско време), али сепак скоро цела сезона ја играше ко курназ. Сезонава Алегри ќе менува повеќе формации, па ќе видиме како ќе ги издиригира новите играчи. Се разбира сакам да ме демантираат за тоа што го пишав погоре на почетокот :love:

Рома - Оваа година ми е најсериозен конкурент за титулата, ги земаа Салах, Шчезни и најверојатно Џеко... тоа што најмногу им требаше во екипата. Одбраната сметам дека сеуште им е за никаде, ама за Италијански услови е повеќе од солидна. Ако дојдат до скудетото тоа ќе биде заради нападот, кој им делува страшно.... а Тоти кој го паси и онака неможе човекот 30 минути да издржи на терен :kezec:

Интер - Најмногу се засилија овој трансфер период, ама сељакон на клупа никако да го сменат... тој е Ахиловата тетива во тимот, он ќе ги заеби до немајкаде. Искрено и Интер имаат тим за скудето, не играат нигде во Европа, ама Манчини ќе ги доутепа. Ќе го сменат на сред сезона, ќе назначат нов тренер и додека да се навикнат играчите на новите филозофии, ќе заврши сезоната :LOL:. Ќе се борат тие за влез во ЛШ, максимум 3 место за нив годинава.

Милан - Го подобрија ептен нападот, ама овој тим сеуште треба да се надоградува. Ако останат на овие играчи тешко дека ќе можат да се натпреваруваат со останатите екипи. За Милан нема ништо да коментирам, ќе чекам до почетокот на Септември да видам што друго ќе изнакупат со тие фамозни 100 милиони од Мистер Би.

Наполи - ми се енигма сезована. Не им го знам теренот и незнам со што квалитети располага. Инаку добро се засилија, го вратија Реина, го земаа Алан од Удинезе кој го бараше цела Италија, тука е Ел Кадури кој настапуваше во Торино и беше еден од главните играчи за Биковите, а по се изгледа ќе го земат и Шиме Вршаљко (Јуве беа заинтересирани за овој). Ако добро им тргне сезоната, ќе се борат за влез во ЛШ

Лацио - Овие ако не купат нешто до крајов на трансфер периодов, црно им се пишува. Не дека не земаа ништо, ама сметам дека оние играчи не се доволно квалитетни за да се носат на три фронта (ЛШ, Серија А, Купот) И за Лацио ќе почекам малце додека да заврши трансфер пазарот... доброто е што не продадоа нитуеден клучен играч, значи го задржаа костурот на тимот

Фиорентина - И овие ептен слабо, скоро и ништо да не купија освен Суарез од Атлетико Мадрид. За Соса незнам што тренер е, и што местенки правел таму во Базел. Нападот ќе им е ептен ослабен, планираат да ги шитнат Гомез и Џилардињо, додека вчера прочитав дека Роси пак се повредил :вонзем:. Видоа минатата година дека ептен тешко се игра на секои 3 дена, и пак не купија нешто асално... Изгледа ќе си останат само на ЛЕ




Еј, ај оди навивај за Реал, или сврти ја Вајс Сити уште еднаш:uzi: . Болоња нема шанси да испаднат сезонава, додека за Киево си е стандард 15, 16 место и потоа ќе се влечкаат до крај на сезона. Фросиноне, Аталанта и уште некој ќе испаднат од лига
Зaштo си тoлку сигурен ?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.636
Поени од реакции
59.486
Дека пратам Серија А повеќе од тебе... :backa::kezec:
Не негирaм тoa.
Нo, мене тимoт нa Бoлoњa сезoнaтa кoгa испaднa ми изгледa пoдoбaр oд oвoј штo гo имaaт сегa.
Диaмaнти, Кoне, Сoренсен, Чех...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.799
Поени од реакции
17.735
Ако сме го продаеле Погба ќе сме се бореле за ЛШ квалификации :pos::pos:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
@Boom Shaka Lakka ти што ќе кажеш за тимовите и кој за што ќе се бори ?

Остај ги овие погоре,боранија се со текстовите,дај ти пиши еден подолг текст за секоја екипа одделно и ќе го пратиме текстот во Моцарт да го објават на сајтот нивни.

Што поголем текст толку подобро пошо иам спремно ладен чај,бостан и диња да гнетам додека те читам :D
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.282
Поени од реакции
46.746
Ама сте го потцениле Манчини божем станува збор за Никола Илиевски-Џиџи ебаго.

Ај баш да го видиме и суперталентираниот најбољи млад тренер у Италија, Алегри што ќе напраи у втората сезона. Во неговата прва во Милан си освои титула арно ама во втората му ги шитнаа Ибра и Силва и се деси тоа што се деси.
tretata gi shitnaa, vtorata go imase Ibra vo tim ali ne osvoi titula, jedini trener na koj mu uspealo toa so Ibra u tim. :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
@Boom Shaka Lakka ти што ќе кажеш за тимовите и кој за што ќе се бори ?

Остај ги овие погоре,боранија се со текстовите,дај ти пиши еден подолг текст за секоја екипа одделно и ќе го пратиме текстот во Моцарт да го објават на сајтот нивни.

Што поголем текст толку подобро пошо иам спремно ладен чај,бостан и диња да гнетам додека те читам :D
и лупка сладолед иди купи си :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.937
Поени од реакции
8.837
@Boom Shaka Lakka ти што ќе кажеш за тимовите и кој за што ќе се бори ?

Остај ги овие погоре,боранија се со текстовите,дај ти пиши еден подолг текст за секоја екипа одделно и ќе го пратиме текстот во Моцарт да го објават на сајтот нивни.

Што поголем текст толку подобро пошо иам спремно ладен чај,бостан и диња да гнетам додека те читам :D
Чекам да видам Рома што ќе испазарат за да знам дали да ги ставам како фаворити пред Јуве во текстот(колумната):D
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.237
Поени од реакции
18.421
Има еден парадокс во темава. Од една страна вообичаено мислење на секој не-јувенташ е дека Јувентус оваа сезона нема лесно да дојде до титулата, некои типуваат дека и ќе се мачи многу за да ја одбрани, но од друга страна истите тие луѓе велат дека Јуве и натаму е главен фаворит за титулата и дека е за класа подобар од останатите тимови. Другиот парадокс е дури и евентуалното губење на титулата од страна на Јуве кое се споменува онака срамежливо, не е надополнето со еквивалент каков што нормално се појавува во ваков случај. Тоа се разбира е кој ако не Јуве ќе го освои Скудетото?

Интер имал добар тим на хартија, но не се знаело како ќе се уклопат + тука е Манчини како црна точка. Милан само нападот го засили, се друго им чкрипи. Рома немала ништо доведено, Лацио исто. Фиорентина им се предвидува катастрофална сезона, а Наполи е енигма. Токму поради ова и јас прашувам ако има некој маж онака да си каже, без разлика и колку да погреши или да наиде на потсмев од другите. Кој тим според вас ќе биде прв на крајот од сезоната, а тоа да не биде Јуве?

Клучно како и секоја година, како и секоја сезона, во секое првенствено натпреварување ќе бидат натпреварите против малите екипи. Кој ќе ги добие, тој ќе освои. Затоа за мене Јуве е во предност пред било кој друг (ако воопшто има тим кој ќе претендира да биде прв). Јуве се научи како да игра против малите тимови, им го најде скалпот. Одбраната е клучна во сите тие натпревари, каде што еден гол многупати се покажа сосема доволен. Најголема загуба за Јуве сезонава ќе биде тоа што таа одбрана нема да биде надополнета со индивидуални голови од Тевез, но да не заборавиме дека на Јуве во одреден период во Серија А му беа доволно Матри и Кваљарела за да постигнува голови.

Мое мислење и најголем страв за Јуве сезонава е загубата на Тевез и ризикот од Алегри ефектот. Човекот се загуби еднаш во Милан, се плашам истото да не му се деси во Јуве. Иако овде условите му се 100 пати подобри отколку што му беа во Милано. Дибала да одигра 50% од она што го играше Тевез, ќе бидеме на прав пат. Одбраната да си одигра стабилно како и секоја година, Скудетото ќе биде на дофат, само ќе треба да се испружи раката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom